Bosch Professional GBH 220 Manual Original página 154

Ocultar thumbs Ver también para Professional GBH 220:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 25
154 | Македонски
Дополнителна рачка
Користете го Вашиот електричен алат само со
u
дополнителна рачка (12).
Навалување на дополнителната рачка (види слика A)
Дополнителната рачка (12) може да ја вртите по желба,
за да може безбедно и неуморно да работите.
– Вртете го долниот дел на дополнителната рачка (12)
во правец спротивно на стрелките од часовникот и
навалете ја (12) во саканата позиција. Потоа повторно
зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка
(12) во правец на стрелките од часовникот.
Внимавајте, затезната лента на дополнителната дршка
да легне во предвидениот жлеб на куќиштето.
Подесување на длабочината на дупчење (види
слика B)
Со граничникот за длабочина (13) може да се утврди
длабочината на дупчење X.
– Притиснете го копчето за подесување на граничникот
за длабочина (11) и поставете го граничникот за
длабочина во дополнителната рачка (12).
Избраздениот дел на граничникот за длабочина (13)
мора да покажува надолу.
– Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во
прифатот за алат SDS-plus (3). Инаку, доколку SDS-
plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до
погрешно подесување на длабочината на дупчење.
– Извлечете го граничникот за длабочина до степен што
растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на
граничникот за длабочина ќе одговара на саканата
длабочина на дупчење X.
Бирање на глава за дупчење и алат
За ударно дупчење и длетување потребен Ви е SDS-plus-
алат, што ќе се вметне во SDS-plus-главата за дупчење.
За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и
пластика како и за завртување се користат алати без SDS-
plus (на пр. дупчалка со цилиндрично вратило). За овие
алати потребна Ви е брзозатезната глава за дупчење одн.
запчеста глава за дупчење.
Вметнување/вадење на брзозатегнувачка
глава за дупчење/запчестата глава
Монтирање брзозатегнувачка глава за дупчење/
запчеста глава за дупчење (види слика C)
– Завртете го SDS-plus-вратилото за прифат (17) во
брзозатегнувачка глава за дупчење (1) /запчеста
глава за дупчење (16). Зацврстете ја
брзозатегнувачка глава за дупчење (1) /запчестата
глава за дупчење (16) со безбедносната завртка (15).
Внимавајте сигурносната завртка да има лев навој.
Вметнување на брзозатегнувачката глава за
дупчење/запчеста глава за дупчење (види слика C)
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за
прифат и малку намастете го.
1 609 92A 5PD | (20.08.2020)
– Брзозатегнувачката глава за дупчење/запчестата
глава за дупчење со вратилото за прифат ставете ја со
вртење во прифатот за алат, додека самата не се
заклучи.
– Проверете дали е заклучена со влечење на
брзозатегнувачката глава за дупчење/запчестата глава
за дупчење.
Вадење на брзозатегнувачка глава за дупчење/
запчеста глава за дупчење
– Вметнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и
извадете ја брзозатегнувачката глава за дупчење (1) /
запчестата глава за дупчење (16).
Промена на алат
Капакот за заштита од прав (4) го спречува
навлегувањето на правта која се создава при дупчењето
во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот
проверете дали капакот за заштита од прав (4) е оштетен.
Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
u
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Замена на алат (SDS-plus)
Ставање на SDS-plus-алатот за вметнување (види
слика D)
Со SDS-plus-главата за дупчење можете едноставно и
лесно да го замените алатот што се вметнува без
користење на дополнителни алати.
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
– Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Со SDS-plus-алатот за вметнување може слободно да се
маневрира поради системот. Така, при празен од
настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема
влијание на прецизноста на дупчењето на дупката,
бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето.
Вадење на SDS-plus-алатот за вметнување (види слика
E)
– Турнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење.
Замена на алат (без SDS-plus)
Ставање на алатот за вметнување (види слика F)
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата
за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
– Вметнете ја брзозатегнувачката глава за дупчење (1).
– Држете ја цврсто задната чаура (19) на
брзозатегнувачката глава за дупчење (1) и свртете ја
предната чаура (18) во правец спротивен на
стрелките на часовникот, додека не се вметне алатот.
Вметнете го алатот.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido