Bosch Professional GBH 220 Manual Original página 155

Ocultar thumbs Ver también para Professional GBH 220:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 25
– Држете ја цврсто задната чаура на брзозатегнувачката
глава за дупчење (1), а предната чаура свртете ја
цврсто со рака во правец на стрелките на часовникот
додека целосно не се вклопи. Со тоа, главата за
дупчење автоматски се заклучува.
– Проверете дали е зацврстена со влечење на алатот.
Напомена: Доколку прифатот за алат е отворен до крај,
при вртење на истиот може да се слушне како се
вклопува, а сепак да не се затвора.
Во овој случај, свртете ја еднаш предната чаура во
правец спротивен на стрелката. Потоа може да се
затвори алатот за прифат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (10) во позиција „Дупчење".
Вадење на алатот за вметнување (види слика G)
– Држете ја цврсто задната чаура (19) на
брзозатегнувачката глава за дупчење. Отворете го
прифатот за алат со вртење на предната чаура  во
правец на стрелката, додека не дојде во позиција каде
може да се извади алатот.
Всисување на прав со Saugfix (опрема)
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Монтирање на уред за всисување (види слика H)
За вшмукување на правта потребен ви е Saugfix
(опрема). При дупчењето Saugfix амортизира наназад,
така што главата на Saugfix секогаш стои припиена на
подлогата.
– Притиснете го копчето за подесување на граничникот
за длабочина (11) и извадете го граничникот за
длабочина (13). Одново притиснете го копчето (11) и
вметнете го Saugfix однапред во дополнителната
рачка (12).
Bosch Power Tools
– Приклучете едно црево за всисување (дијаметар
19 mm, опрема) на отворот за всисување (20) на
Saugfix.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Подесување на длабочината на дупчење на Saugfix
(види слика I)
Саканата длабочина на дупчење X може да се утврди и
при монтиран Saugfix.
– Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во
прифатот за алат SDS-plus (3). Инаку, доколку SDS-
plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до
погрешно подесување на длабочината на дупчење.
– Олабавете ја пеперутка-завртката (24) на Saugfix.
– Поставете го електричниот апарат без да го вклучувате
на местото каде треба да дупчите. SDS-plus-алатот за
вметнување притоа мора да легне на површината.
– Водечката цевка (25) на Saugfix поставете ја во
држачот, така што главата на Saugfix ќе легне на
површината за дупчење. Не ја туркајте водечката
цевка (25) над телескопската цевка (23) повеќе
одошто е потребно, доволно е да се гледа што е можно
поголем дел од скалата од телескопската цевка (23).
– Повторно затегнете ја пеперутка-завртката (24).
Олабавете ја завртката за затегнување (21) на
граничникот за длабочина на Saugfix.
– Поместете го граничникот за длабочина (22) на
телескопската цевка (23), така што растојанието
прикажано на сликата X ќе одговара на длабочината на
дупчење што сакате да ја постигнете.
– Прицврстете ја завртката за зацврстување (21) во
оваа позиција.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Подесување на режимот на работа
Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи (10)
изберете го начинот на работа на електричниот алат.
– За да го промените начинот на работа, притиснете го
копчето за отклучување (9) и свртете го прекинувачот
за запирање на удари/вртежи (10) во саканата
позиција додека не слушнете дека се вклопил.
Напомена: Променете го режимот на работа само
доколку електричниот алат е исклучен! Инаку
електричниот алат може да се оштети.
Македонски | 155
1 609 92A 5PD | (20.08.2020)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido