Gorenje S3 Serie Instrucciones Detalladas página 71

Ora ito
Tabla de contenido

Publicidad

Забелешка: рачното бирање ја исклучува секоја друга поставена функција во врска со
всмукувањето.
T5. Вклучување/исклучување наинтензивна брзина (моќност) на всмукување „POWER BO-
OST"
(темпирана)
Забелешка: По 5 минути работа аспираторот се враќа на претходната состојба.
T6*. (Само кај некои модели) Вклучување/исклучување наинтензивна брзина (моќност) на
всмукување
„POWER BOOST x 2" (темпирана)
Забелешка: По 5 минути работа аспираторот се враќа на претходната состојба.
T7.
Вклучување/исклучување на начин на функционирање "Refresh".
Секои 50 минути на неактивност се вклучува 1-ва брзина (моќност) на функционирање за
10 минути.
T8. Вклучи/Исклучи Задоцнето исклучување на брзината (моќноста) на всмукување (околу
30 минути).
Забелешка: оваа функција стои на располагање за брзините што може да се бираат со
копчето T4.
T9. Индикатор и ресетирање на заситеноста на филтрите
Копчето се запалува автоматски со фиксно светло кога е потребно да се изврши
сервисирање на филтерот за масти.Копчето се запалува автоматски со трепкаво светло
кога е потребно е да се изврши сервисирање на филтерот на јаглен.По сервисирањето,
при исклучен аспиратор и активно копче, притиснете го копчето повеќе од 3 секунди
за да направите ресетирање на индикаторот на заситеност на филтрите, повторете ја
операцијата ако е потребно (на пример во случај ако се заситени двата филтри).
Активирање на индикаторот за заситеност на филтерот на јаглен
Индикаторот за заситеност на филтерот на јаглен вообичаено е деактивиран. За да го
активирате постапете на следниот начин:
При запален екран (ON) и исклучено всмукување (OFF) притиснете ги истовремено
копчињата T8 и T9 повеќе од 3 секунди, копчето T9 се запалува со фиксно светло околу
5 секунди за да го сигнализира активирањето. За да го деактивирате, повторете ја
операцијата, копчето T9 ќе трепка околу 5 секунди за да сигнализира дека едеактивирано.
Копчиња T8 и T9 не се видливи во оваа фаза (кај некои модели). Тие се видливи само како
што е опишано во работењето дел од Прирачникот.
Приближната оддалеченост на копчето T8 од T7 е 16 милиметри,
и растојанието на копчето T9 од T8 е 26 мм.
Регулирање на параметрите за автоматско функционирање
За правилно користење на автоматското функционирање направете „Калибрирање на
аспираторот".
Калибрирање на аспираторот
При запален екран (ON) и исклучено всмукување (OFF), притиснете го копчето T3 5 секунди.
1-ра брзина (моќност) на всмукување започнува да функционира а копчето T3 трепка за да
сигнализира дека е активирано калибрирањето на аспираторот коешто ќе трае околу 5 минути.
Забелешка: за да се прекине калибрирањето притиснете го копчето T3 5 секунди;
калибрирањето ќе се поништи и ќе треба да се повтори.
ОДРЖУВАЊЕ
Предупредување! Пред билокаква операција за чистење или одржување, исклучете го
аспираторот од електричната мрежа со вадење на струјниот приклучник или со исклучување
на домашниот мрежен прекинувач.
T7
T8
T9
16 mm
26 mm
MK 71

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Whi643orawWhi643orabWhi943orawWhi943orab

Tabla de contenido