Milwaukee M18 ONERSAL Manual Original página 35

Ocultar thumbs Ver también para M18 ONERSAL:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 14
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ СВЕТИЛКА ЗА АКУМУЛАТОРОТ
Волтажа на батеријата ........................................................
Номинална влезна моќност .................................................
Време на осветлување со две целосно наполнети батерии (9,0 Ah)
Модусодус 3 високо ниво ..................................................
Модусодус 2 средно ниво ..................................................
Модусодус 1 ниско ниво ....................................................
Светлосен ток
високо ниво ........................................................................
средно ниво ........................................................................
ниско ниво ..........................................................................
Индекс на репродукција на боја ..........................................
Температура на бојата .........................................................
Фреквентна лента (фреквентни ленти) за блутут ..............
високофреквентна моќност ..................................................
Верзија блутут .......................................................................
Тежина без батерија .............................................................
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (2,0 Ah) ..........
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (5,0 Ah) ..........
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (9,0 Ah) ..........
Заштитна класа .....................................................................
ВНИМАНИЕ! Прочитајте ги безбедносните
напомени и упатства. Заборавање на почитувањето на
безбедносните упатства и инструкции можат да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и
инструкции за во иднина.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот
отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги
собираат старите батерии, со што ја штитат нашата
околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети
(ризик од краток спој).
Полнете батерии на полнење само со полначи од истиот
системки асортиман на Milwaukee со таква намена. Не
полнете батерии од други системи.
Киселината од оштетените батериите може да истече
при екстремен напон или температури. Доколку дојдете
во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и
вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво
најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување: никогаш не го насочувајте
светлинскиот зрак директно на лица ниту животни. Не
гледајте во светлинскиот зрак (не правете го тоа ниту од
поголема оддалеченост). Гледањето во светлинскиот
зрак може да предизвика сериозни повреди или губење
на силата за гледање.
Изворот на светлина на оваа лампа не може да се
замени. Кога истиот ќе достигне својот работен век,
мора да се замени целата лампа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Овој уред содржи
литиумска ќелиска батерија.
Новата или употребената батерија може да
предизвика сериозни внатрешни изгореници и да доведе
до смрт во што малку како два часа, ако се проголта или
влегува во телото. Секогаш прицврстете го капакот на
батеријата.
Ако тоа не се затвора безбедно, престанете да го
користите уредот, отстранете ги батериите и чувајте го
подалеку од деца.
Ако мислите дека батериите се проголтани или се
влезени во телото, веднаш побарајте медицинска
помош.
Внимание - овој производ има разладни отвори кои се
наоѓаат на долниот дел од куќиштето. Инсталирајте ја
68
МАКЕДОНСКИ
M18 ONERSAL
............................................................... 18 V
............................................................... 46 W
................................................................. 7 h
............................................................ 12,5 h
............................................................... 26 h
........................................................... 5400 lm
........................................................... 3100 lm
........................................................... 1600 lm
............................................................... 70
........................................................... 4000 K
.................................................. 2402-2480 MHz
.............................................................. 1,8 dBm
..................................... 4.0BT signal mode
.............................................................. 8,7 kg
.............................................................. 9,3 kg
............................................................ 10,1 kg
............................................................ 10,9 kg
............................................................ IP67
светилката само на површина, која што нема да дозволи
продирање на вода во куќиштето. Чувајте го производот
подалеку од бари и сл.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот,
коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во
течност алатката, заменливата батерија или полначот и
пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат
течности. Корозивни или електроспроводливи течности,
како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки
препарати или производи кои содржат избелувачки
супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Сијалицата на батерии може да се употребува и како
посебно расветно тело, без притоа да се користи
продолжен кабел.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
ЕK-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Techtronic Industries GmbH изјавува, дека радиото
тип M18 ONESLDP соодветствува со
директивата 2014/53 на ЕУ. Целосниот текст на изјавата
за конформитет на ЕУ може да го најдете на следената
интернет адреса: http://services.milwaukeetool.eu
ONE-KEY™
За да дознаете повеќе за функционирањето на
ONE-KEY на оваа алатка, Ве молиме прочитајте го
упатството за брзо стартување или посетете на интернет
на: www.milwaukeetool.com/one-key. Апликацијата
ONE-KEY може да ја симнете на Вашиот смартфон
преку App Store или Google Play.
Ако дојде до електростатско празнење, Bluetooth
поврзувањето ќе биде прекинато. Во таков случај,
повторно воспоставете ја врската рачно.
Индикатор ONE-KEY™
Сино постојано
Безжичниот режим е активен и
светло
подготвен за конфигурирање
преку апликацијата ONE-KEY™.
Сино трепкачко
Алатката активно комуницира со
светло
апликацијата ONE-KEY™.
Црвено трепкачко
Алатката е заклучена поради
светло
безбедност и може да ја отклучи
операторот преку апликацијата
ONE-KEY™.
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да
се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго
изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се
наполнат целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после
нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот
за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30
дена: Акумулаторот да се чува на температура од
приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6
месеци.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските
одредби за транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат
непречен патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии
од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии.
Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги
вршат исклучиво соодветно обучени лица.
Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на
следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и
изолирани, а сето тоа со цел да се избегнат кратки
споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите
во нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени
литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Изворот на светлина на оваа лампа смее да биде
заменет само од производителот или од сервисната
служба на производителот или пак од некое друго
квалификувано лице.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја
листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Да не се гледа во вклучен извор на светлина.
Не проголтајте ја ќелиската батерија!
Електрична заштита од класа III.
Не отстранувајте ги отпадните батерии,
отпадната електрична и електронска опрема
како несортиран комунален отпад. Отпадните
батерии и отпадната електрична и
електронска опрема мора да се собираат
посебно.
Отпадните батерии, отпадните акумулатори и
отпадните извори на светлина треба да се
отстранат од опремата.
Проверете кај вашиот локален орган или
продавач за совети за рециклирање и место
за собирање.
Во зависност од локалните регулативи,
трговците на мало може да се обврзани
бесплатно да ги преземаат искористените
батерии, како и отпадната електрична и
електронска опрема.
Вашиот придонес за повторна употреба и
рециклирање на отпадните батерии и
отпадната електрична и електронска опрема
помага да се намали побарувачката на
суровини.
Отпадните батерии, посебно оние што
содржат литиум, и отпадната електрична и
електронска опрема содржат вредни
материјали за рециклирање, кои може
негативно да влијаат на животната средина и
на здравјето на луѓето доколку не се
отстранат на еколошки компатибилен начин.
Избришете ги личните податоци од отпадната
опрема, доколку ги има.
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
69

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido