Milwaukee M18 ONESX Manual Original página 49

Ocultar thumbs Ver también para M18 ONESX:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 17
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека
е машината работи.
Кога работите на ѕидови, таван или под внимавајте да ги
избегнете електричните, гасните и водоводни инсталации.
Обезбедете го предметот кој што го обработувате со направа за
напон. Необезбедени парчиња кои што се обработуваат можат
да предизвикаат тешки повреди и оштетувања.
Не користете скршени или изобличени сечила.
Убодни резови без претходно дупчење се возможни кај меки
материјали (дрво, лесни градежни материјали за ѕидови). Кај
поцврсти материјали (метали) мора првин да се направи дупка
која ќе одговара на димензијата на пилата.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да
е зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за полнење на
батерија (ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем 18 V за полнење на батерии од 18
V систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт
со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на
контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и во
батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат
избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Овој уред содржи литиумска ќелиска
батерија.
Новата или употребената батерија може да предизвика
сериозни внатрешни изгореници и да доведе до смрт во што
малку како два часа, ако се проголта или влегува во телото.
Секогаш прицврстете го капакот на батеријата.
Ако тоа не се затвора безбедно, престанете да го користите
уредот, отстранете ги батериите и чувајте го подалеку од деца.
Ако мислите дека батериите се проголтани или се влезени во
телото, веднаш побарајте медицинска помош.
ЕK-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Како производител, изјавуваме под целосна одговорност дека
„Техничките податоци" подолу го опишуваат производот со сите
релевантни одредби од регулативите 2011/65/ЕУ (RoHS),
2014/53/ЕЗ, 2006/42/ЕЗ и се усогласени со следниве
хармонизирани регулаторни документи:
EN 62841-1:2015
EN 62841-2-11:2016+A1:2020
EN 55014-1:2017 + A11:2020
EN 55014-2:2015
EN 62479:2010
EN 300 328 V2.2.2
EN 301 489-1 V2.2.3
EN 301 489-17 V3.1.1
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2022-03-21
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
96
МАКЕДОНСКИ
ИЗБОР НА НАЧИН НА РАБОТА
При промената на начинот на работа да се почека уредот
комплетно да престане со работа. За да се променат
подесувањата, да се притисне копчето
. Да се притисне
WLAN-копчето
, за да се променат претходно зачуваваните
вредности преку ONE-KEY апликацијата на Вашиот смартфон.
ONE-KEY™
За да дознаете повеќе за функционирањето на ONE-KEY на
оваа алатка, Ве молиме прочитајте го упатството за брзо
стартување или посетете на интернет на: www.milwaukeetool.
com/one-key. Апликацијата ONE-KEY може да ја симнете на
Вашиот смартфон преку App Store или Google Play.
Кога уредот е нарушен од електростатско празнење, тогаш
LED индикаторот за промена на брзината се гасне и брзината
не може повеќе да се регулира. Во тој случај извадете ја
батеријата или копчестата батерија и повторно ставете ја
(види страна 6 и страна 19).
Дефектите предизвикани како последица електростатски
празнења водат кон прекин на bluetooth комуникацијата. Во тој
случај, контактот со bluetooth мора повторно да биде
воспоставен мануелно.
Индикатор ONE-KEY™
Сино постојано
Безжичниот режим е активен и
светло
подготвен за конфигурирање преку
апликацијата ONE-KEY™.
Сино трепкачко
Алатката активно комуницира со
светло
апликацијата ONE-KEY™.
Црвено трепкачко
Алатката е заклучена поради
светло
безбедност и може да ја отклучи
операторот преку апликацијата
ONE-KEY™.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Оваа сабјаста пила сече дрво пластика и метал. Може да сече
прави линии, кривини и внатречни отсечоци. Сече цевки и
може да сече паралелно со површината.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ЕЛЕКТРИЧНА КОЧНИЦА
При ослободување на притискачот од прекинувачот дискот за
сечење се запира во рок од 2 секунди преку електричната
кочница. Но, електричната кочница може да дејствува и
одложено. Понекогаш електричната кочница не е делотворна.
Доколку електричната кочница не дејствува почесто, во тој
случај пилата мора да биде донесена до овластен
сервис-центар на Milwaukee.
Дури по постигнување на состојба на мирување на дискот за
сечење извлечете ја пилата од обработуваниот материјал.
БАТЕРИИ
Подолг период неупотребувани комплети батерии да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго изложување на
батериите на високи температури или сонце (ризик од
прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век, по употреба батериите мора да
бидат целосно наполнети.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и
на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
При преоптоварување на батеријата со многу висока
потрошувачка на струја, на пример екстремно високи вртежни
моменти, заглавување, ненадејно запирање или краток спој,
електро-уредот бучи 2 секунди, а потоа самостојно се гаси.
За повторно вклучување ослободете го прекинувачот и вклучете
повторно.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата може да
загрее многу. Во таков случај батеријата исклучува.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од
страна на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите
за транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени
лица. Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а
сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-
јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот
број на табличката со учинокот или во Вашата корисничка
служба или директно кај Techtronic Industries GmbH,
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Не проголтајте ја ќелиската батерија!
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Не отстранувајте ги отпадните батерии,
отпадната електрична и електронска опрема
како несортиран комунален отпад. Отпадните
батерии и отпадната електрична и електронска
опрема мора да се собираат посебно.
Отпадните батерии, отпадните акумулатори и
отпадните извори на светлина треба да се
отстранат од опремата.
Проверете кај вашиот локален орган или
продавач за совети за рециклирање и место за
собирање.
Во зависност од локалните регулативи,
трговците на мало може да се обврзани
бесплатно да ги преземаат искористените
батерии, како и отпадната електрична и
електронска опрема.
Вашиот придонес за повторна употреба и
рециклирање на отпадните батерии и отпадната
електрична и електронска опрема помага да се
намали побарувачката на суровини.
Отпадните батерии, посебно оние што содржат
литиум, и отпадната електрична и електронска
опрема содржат вредни материјали за
рециклирање, кои може негативно да влијаат на
животната средина и на здравјето на луѓето
доколку не се отстранат на еколошки
компатибилен начин.
Избришете ги личните податоци од отпадната
опрема, доколку ги има.
n
Ударен момент при не оптовареност (на
0
слободно)
V
Волти
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
97

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido