Descargar Imprimir esta página

Skil 0581 Manual Original página 199

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 67
посебно назначени батерии. Користењето на било
кои други батерии може да доведе до опасност од
повреда и пожар.
c) Кога батериите не се користат, држете ги
настрана од метални предмети како што се
спајалици за хартија, парички, клучеви, клинци,
навртки или други, мали метални предмети кои
можат да спојат еден пол со друг.
d) Краткиот спој на половите на батериите може да
предизвика изгореници или пожар.
e) Во услови на злоупотреба може да дојде до
исфрлање на течност од батеријата; избегнувајте
контакт. Ако дојде до случаен контакт, измијте го
местото со вода. Ако течноста дојде во контакт
со очите, дополнително побарајте и лекарска
помош. Течноста која истекува од батеријата може
да предизвика иритација или изгореници.
f) Не употребувајте комплет со батерии или алат
којшто е оштетен или изменет. Оштетените
или изменетите батерии можат да реагираат
непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија
или опасност од повреда.
g) Не изложувајте го комплетот со батерии
или алатот на оган или висока температура.
Изложувањето на оган или температура над 130°C
може да предизвика експлозија.
h) Следете ги сите упатства за полнење и не
полнете го комплетот со батерии или алатот
надвор од температурниот опсег наведен
во инструкциите. Неправилното полнење или
полнењето на температура што е надвор од
наведениот опсег, може да ја оштети батеријата и да
ја зголеми опасноста од пожар.
6) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
b) Никогаш не поправајте ги оштетените комплети
со батерии. Поправката на комплетите со батерии
треба да ја врши само производителот или некој
овластен сервис.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ПИЛА СО
СИНЏИР
ОПШТИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
ПИЛА СО СИНЏИР
a) Делови од телото не смеат да дојдат близу
синџирот на пилата додека синџирот на пилата
работи. Пред да ја стартувате пилата со синџир,
уверете се дека синџирот на пилата не допира
ништо. Момент на невнимание додека работите со
пилите со синџир може да предизвика заплеткување
на вашата облека или тело со синџирот на пилата.
b) Секогаш држете ја пилата со синџир со десната
рака на задната дршка и со левата рака на
предната дршка. Држењето на пилата со синџир
со обратна конфигурација на рацете го зголемува
ризикот од лична повреда и никогаш не треба да се
направи.
c) Држете ја пилата со синџир само на изолираните
површини за држење затоа што синџирот на
пилата може да дојде во контакт со скриени
жици. Ако синџирите на пилата дојдат во контакт
со жица под напон, може да ги електрифицираат
металните делови на пилата со синџир и да
предизвикаат струен удар кај операторот.
d) Носете заштитни очила. Се препорачува
дополнителна заштитна опрема за уши, глава,
раце, нозе и стапала. Соодветната заштитна
опрема ќе ја намали личната повреда од летечки
остатоци или од случаен контакт со синџирот на
пилата.
e) Не ја користете пилата со синџир на дрво, на
скала, од покрив, или било каква нестабилна
поддршка. Користењето на пила со синџир на овој
начин може да доведе до сериозна лична повреда.
f) Секогаш одржувајте соодветен став и
работете со пилата со синџир само на фиксна,
безбедна и рамна површина. Лизгавите или
нестабилни површини како што се скалила може
да предизвикаат да ја загубите рамнотежата или
контролата врз пилата со синџир.
g) Кога сечете гранка што е под тензија, внимавајте
да не отскокне. Кога ќе се ослободи тензијата во
влакната на дрвото, гранката како пружина може
да го удри операторот и/или да ја исфрли пилата со
синџир надвор од контрола.
h) Бидете крајно претпазливи при сечење грмушки
и фиданки. Синџирот на пилата може да го зафати
тенкиот материјал и да го фрли кон вас или да ве
исфрли од рамнотежата.
i) Пилата со синџир носете ја исклучена за
предната рачка и подалеку од своето тело. При
транспорт или складирање на пилата со синџир,
секогаш ставајте ја навлаката за водилката.
Правилното ракување со пилата со синџир ќе ја
намали можноста од случаен контакт со синџирот на
пилата кога тој се движи.
j) Следете ги упатствата за подмачкување,
затегнување на синџирот или за менување на
шипката и синџирот. Неправилно затегнат или
подмачкан ланец може да пукне или да ја зголеми
шансата за повратен удар.
k) Сечете само дрво. Не користете го синџирот
на пилата за цели за коишто не е наменет. На
пример: не ја користете пилата со синџир за
сечење метал, пластика, ѕидани конструкции
или градежни материјали што не се од дрво.
Употребата на пилата со синџир за работи коишто
се поинакви од нејзината намена може да доведе до
опасна ситуација.
l) Не обидувајте се да соборите дрво додека не
ги разберете ризиците и како да ги избегнете.
На операторот или на минувачите може да им бидат
нанесени сериозни повреди при соборувањето на
дрво.
m) Следете ги сите упатства при расчистување
на заглавениот материјал, складирање или
сервисирање на пилата со синџир. Осигурајте
се дека прекинувачот е исклучен и батериите се
отстранети. Неочекуваното вклучување на пилата
со синџир при чистење заглавен материјал или при
сервисирање може да предизвика сериозна лична
повреда.
199

Publicidad

loading