Descargar Imprimir esta página

Skil 0581 Manual Original página 200

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 67
ПРИЧИНИ ЗА ПОВРАТЕН УДАР И ЗАШТИТА НА
ОПЕРАТОРОТ
Повратниот удар може да се појави кога носот или
врвот на водилката ќе допре до предмет или кога ќе
се заглави дрво и ќе го зафати синџирот на пилата при
сечењето.
Контактот на врвот во некои случаи може да предизвика
неочекувана повратна реакција со што водилката ќе се
отфрли нагоре и наназад кон операторот.
Заглавувањето на синџирот на пилата вдолж врвот на
водилката може да ја потисне водилката неочекувано
наназад кон операторот.
Секоја од овие реакции може да предизвика да загубите
контрола над пилата со синџир и може да доведе до
сериозна лична повреда. Не се потпирајте исклучиво
на безбедносните уреди вградени во вашата пила. Како
корисник на пила со синџир треба да преземете неколку
чекори за да спречите несреќа или повреда при вашите
активности за сечење.
Повратниот удар произлегува како резултат од
неправилно ракување и/или неправилни процедури
или услови при работата со пилата со синџир, и може
да се избегне со преземање на соодветни мерки на
претпазливост кои се наведени во понатамошниот текст:
a) Одржувајте цврст зафат со палците и прстите
кои ја опфаќаат дршката на пилата со синџир,
со двете раце на пилата и поставете ги телото и
раката на тој начин со којшто ќе си овозможите
да ја издржите силата на повратниот удар.
Операторот може да ги контролира реакциите
од силата на повратниот удар ако ги преземе
неопходните безбедносни мерки; не ја испуштајте
пилата со синџир.
b) Немојте посегнувајте преку одредената граница
и не сечете над висината на рамото. Ова помага
да се спречи несаканиот контакт со врвот и
овозможува подобра контрола на пилата со синџир
во неочекувани ситуации.
c) Користете само резервни водилки и синџири
определени од производителот. Неправилната
замена на водилките и синџирите за пила може
да предизвикаат кршење и/или повратен удар на
пилата.
d) Следете ги упатствата на производителот за
острење и одржување на синџирот на пилата.
Намалувањето на висината на мерачот на длабочина
може да доведе до посилен повратен удар.
ДОПОЛНИТЕЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
ЛИЧНА ЗАШТИТА
Децата и малолетниците, со исклучок на
чираците постари од 16 години кои се под
надзор, не смеат да управуваат со пилата со
синџир. Истото важи и за лицата кои не знаат
или не знаат доволно како да ракуваат со пилата
со синџир. Упатството за употреба секогаш треба
да биде подготвено за употреба. Лицата кои се
неспособни или уморни не смеат да управуваат со
пилата со синџир.
Се препорачува корисникот кој прв пат ја користи
пилата со синџир да добие практични упатства за
употреба на пилата со синџир и заштитната опрема
од искусен оператор и почетната пракса да биде
сечење трупци на коњ или колевка
Не го допирајте ротирачкиот синџир
Секогаш користете одобрена лична заштитна
опрема, со тоа се намалува опасноста од повреда
од фрлање наоколу на сечен материјал и случајно
допирање на синџирот на пилата:
- Безбедносна кацига, кога постои опасност од
паѓање на гранки или слично
- Заштита на слухот
- Заштитни очила или маска за лице
- Ракавици со заштита од пила
- Панталони со заштита од пила
- Безбедносни чизми со заштита од пила, челични
прсти и ѓон што не се лизга
Не ракувајте со пила со синџир во близина на
други луѓе, деца или животни
Не ракувајте со пила со синџир по пиење
алкохол или под дејство на опојни дроги или
лекови
Осигурете се дека децата не си играат со алатот
ПО УПОТРЕБА
Секогаш исклучете го алатот и отстранете ја
батеријата
- кога го оставате без надзор
- пред чистење на заглавен материјал
- пред проверка, чистење или работа на алатот
- по удирање во стран предмет
- секогаш кога алатот ќе вибрира невообичаено
Чувајте го алатот во затворен простор на суво и
затворено место и подалеку од дофат на деца
- комплетот на батерии и алатот треба да се чуваат
одделно
БАТЕРИИ
Обезбедената батерија е делумно наполнета (за
да се обезбеди целосен капацитет на батеријата,
целосно наполнете ја батеријата во полначот на
батеријата пред да го употребите вашиот електричен
алат за првпат)
Користете ги исклучиво следниве батерии и
полначи со овој алат
- Батерија SKIL: BR1*41****
- Полнач SKIL: CR1*41****
Оштетената батерија не треба и понатаму да се
користи; треба да се замени
Не расклопувајте ја батеријата
Никогаш не изложувајте ги на дожд алатот/
батеријата
Дозволена температура на околината (алат/полнач/
батерија):
- при полнење 4...40°C
- при работа -20...+50°C
- при складирање –20...+50°C
ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ/
БАТЕРИЈАТА
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Батериите може да експлодираат ако се изложат на
оган, па затоа никако не палете ја батеријата
5 Алатот никогаш немојте да го изложувате на дожд
6 Носете заштитни очила и штитници за уши
7 Секогаш чувајте ги алатот/полначот/батеријата на
места со температура пониска од 50°C
8 Не фрлајте ги електричните алати и батериите
200

Publicidad

loading