Descargar Imprimir esta página

Skil 0581 Manual Original página 202

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 67
овозможи проширување.
- никогаш не користете рециклирано/старо масло
! употребувајте само биоразградливо масло за
пила со синџир
Вклучено/Исклучено y
- вклучете го алатот прво со притискање на
безбедносниот прекинувач B, а потоа повлечете го
прекинувачот за активирање L
- исклучете го алатот со ослободување на
прекинувачот L
! не запирајте ја пилата со синџир по сечењето
со активирање на предниот рачен штитник D 2
(= повратна кочница)
Повратна кочница u
Повратната кочница е безбедносен механизам
активиран преку рачниот штитник D, кога ќе се случи
повратен удар ->синџирот запира веднаш Следнава
проверка на функцијата треба да се врши во редовни
интервали:
- бутнете го рачниот штитник D напред и стартувајте
ја пилата со синџир -> синџирот не смее да се
придвижи
- за да ја деактивирате повратната кочница,
ослободете го прекинувачот за активирање L и
повлечете го штитникот за рака D наназад
Работа со алатот
- секогаш држете ја пилата со синџир цврсто со
двете раце (предната рачка C со левата рака и
задната рачка А со десната рака); никогаш не
ракувајте со пила со синџир користејќи само една
рака ia
! синџирот мора да се движи со полна брзина
пред да го допре дрвото
- користете ги зафаќачките заби X за да ја
прицврстите пилата врз дрвото пред да започнете
да сечете ia
- користете ги зафаќачките заби како точка на
потпора (Þ) додека сечете ia
- ресетирајте ги зафаќачките заби на пониска точка
кога сечете подебели трупци со повлекување на
пилата со синџир малку наназад додека забите за
зафаќање не се ослободат и преместат на пониско
ниво за да продолжите со сечење; не отстранувајте
ја пилата целосно од дрвото
- не применувајте сила врз синџирот додека сечете;
оставете го синџирот да работи, употребувајќи
ги зафаќачките заби X за да вршите минимален
притисок на полугата
- користете ја пилата со синџир само ако стоите
безбедно
- држете ја пилата со синџир на десната страна на
вашето тело ib
- никогаш не користете ја пилата со синџир над
висината на рамото ic
- не ракувајте со пилата со синџир со целосно
испружени раце, ниту пак обидувајте се да сечете
подрачја што се тешко достапни, или на скала id
- сечењето е оптимизирано кога брзината на
синџирот останува стабилна за време на сечењето
! внимавајте кога ќе стигнете до крајот
на сечењето; тежината на пилата може
неочекувано да се промени бидејќи се
ослободува од дрвото (може да се случат
несреќи на нозете и стапалата)
! секогаш вадете ја пилата од дрвото кое го
сечете додека таа работи
Сечење трупци
- потпрете ги трупците, така што од челната страна
на засекот да не се затвораат едни кон други,
поради што може да дојде до заглавување или
зафаќање на синџирот
- позиционирајте ги и поставете ги кратките трупци
безбедно пред сечењето
- кога сечете, секогаш внимавајте да избегнете
удирање камења, клинци итн., бидејќи тие би
можеле да бидат фрлени или да предизвикаат
оштетување на синџирот или сериозна повреда на
операторот или случајните минувачи
! држете го синџирот подалеку од жичаната
ограда или земјата
- засеците по должината мора да се вршат
внимателно, бидејќи не може да се употребат
зафаќачките заби X 2; сечете под рамен агол за да
се избегне повратен удар
- постои висок ризик од несреќи при сечење дрво,
гранка или дрвја под тензија; бидете исклучително
внимателни (оставете ги активностите за сечење
како овие на професионалци)
Сечење трупец на парчиња (сечење трупец на
помали парчиња)
- кога е можно, трупецот треба да се подигне и да
се поддржи со употреба на гранки, трупови или
клинови
- важно е да бидете сигурни дека цврсто стоите
на земја и дека вашата тежина е рамномерно
распоредена на двете стапала
- кога трупецот е поддржан по целата должина
како што е прикажано на сликата, се сече од горе
(сечење од горе) oa
- кога трупецот е потпрен на едниот крај како што е
наведено на сликата, исечете 1/3 од пречникот од
долната страна (сечење од доле); потоа направете
го завршниот засек со сечење од горе за да го
споите со првиот засек ob
- кога трупецот е поддржан на двата краја како што
е прикажано на сликата, исечете1/3 од пречникот
од горе (сечење од горе); потоа направете го
завршниот пресек со сечење од доле на долните
2/3 за да го споите со првиот засек oc
- кога сечете на падина секогаш стојте од високата
страна на трупецот
- кога "отсекувате", за да се одржи целосна контрола
ослободете го притисокот за сечење при крајот на
сечењето без да го олбавувате вашиот зафат на
рачките на пилата со синџир
! не дозволувајте контакт на синџирот со земјата
- по направениот засек, почекајте синџирот на
пилата да застане пред да ја преместите пилата со
синџир
- секогаш запирајте го моторот пред да преминете
од дрво на дрво
Соборување на дрвја p
! пилата со синџир може да се користи само за
соборување на дрвја помали во дијаметар од
должината на водилката на синџирот
! безбедна работна површина; осигурете се дека
202

Publicidad

loading