Descargar Imprimir esta página

Echo DCS-310 Manual Del Operario página 165

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 177
Кога ракувате со електрична алатка на отворено,
користете продолжен кабел погоден за надворешна
употреба. Употребата на кабел погоден за
надворешна употреба го намалува ризикот од
електричен удар.
Ако мора да работите со некоја електрична алатка
на влажно место, користете напојување заштитено
со УРЕД ЗА ЗАШТИТА ОД ДИФЕРЕНЦИЈАЛНИ
СТРУИ (RCD). Користењето на RCD го намалува
ризикот од струен удар.
2.3
ЛИЧНА БЕЗБЕДНОСТ
Бидете внимателни, гледајте што правите и
користете здрав разум кога работите со
електричната алатка. Не користете ја
електричната алатка кога сте уморни или под
дејство на дрога, алкохол или лекови. Само еден
момент на невнимание при ракување со електрична
алатка може да доведе до сериозна лична повреда.
Користете лична заштитна опрема. Секогаш
носете заштита за очи. Ако заштитната опрема
(маска против прав, заштитни обувки кои не се
лизгаат, тврда капа или заштита за ушите) се
користи за соодветните услови, ќе се намалат
личните повреди.
Спречете ненамерно вклучување. Погрижете се
прекинувачот да биде во исклучена положба пред
поврзување на извор на напојување и/или
пакување на батерии и кога ја земате или ја
носите алатката. Носењето електрични алатки со
прстот на прекинувачот или напојување на
електрични алатки со прекинувач во вклучена
положба се причина за незгоди.
Отстранете ги сите клучеви за приспособување
пред да ја вклучите електричната алатка. Ако го
оставите клучот прикачен на ротирачкиот дел од
електричната алатка, може да дојде до лична
повреда.
Не посегнувајте предалеку. Држете се цврсто и
урамнотежено цело време. Така ќе имате подобра
контрола над електричната алатка во неочекувани
ситуации.
Облекувајте се соодветно. Не носете лабава облека
или накит. Чувајте ги косата, облеката и
MK
ракавиците подалеку од подвижните делови.
Лабавата облека, накитот или долгата коса може
да се заплеткаат во подвижните делови.
Доколку се обезбедени уреди за поврзување на
објектите за екстракција и собирање на прашина,
погрижете се дека се поврзани и правилно се
користат. Собирањето прав може да ги намали
незгодите предизвикани од прав.
Не дозволувајте да станете индиферентни и да ги
игнорирате начелата за безбедност при ракување
со алатката само затоа што ја користите често.
Едно невнимателно дејство може да предизвика
сериозна повреда во дел од секунда.
Македонски
2.4
КОРИСТЕЊЕ И ГРИЖА ЗА
ЕЛЕКТРИЧНАТА АЛАТКА
Не применувајте прекумерна сила на алатката.
Користете ја соодветната електрична алатка за
потребната примена. Со правилната електрична
алатка подобро и побезбедно ќе ја завршите
работата со брзина за којашто е наменета.
Не користете ја електричната алатка ако
прекинувачот не се вклучува и не се исклучува.
Сите електрични алатки коишто не може да се
контролираат со прекинувач се опасни и мора да се
поправат.
Исклучете го приклучокот од изворот на
напојување и/или извадете ја батеријата ако може
да се одвои од електричната алатка, пред да
вршите какви било приспособувања, менување на
додатоци или складирање на електрични алатки.
Ваквите превентивни мерки за безбедност го
намалуваат ризикот од случајно вклучување на
електричната алатка.
Електричните алатки што не се во употреба
чувајте ги подалеку од дофат на деца и не
дозволувајте со електричната алатка да ракуваат
лица на коишто не им се познати алатката или
овие упатства. Електричните алатки се опасни во
рацете на необучени корисници.
Одржувајте ги електричните алатки и додатоците
за нив. Проверете дали подвижните делови се
соодветно порамнети и да не случајно има некакво
спојување меѓу нив, дали има скршени делови и
проверете ги сите други состојби што може да
влијаат врз работењето на електричната алатка.
Доколку е оштетена, поправете ја електричната
алатка пред употреба. Многу незгоди се
предизвикани од слабо одржувани електрични
алатки.
Одржувајте ги алатките за сечење остри и чисти.
За соодветно одржуваните алатки за сечење со
остри рабови за сечење постои помала веројатност
да се сврзат и полесно се контролираат.
Користете ги електричната алатка, додатоците,
деловите на алатката итн. во согласност со овие
упатства, имајќи ги предвид условите за работа и
работата што треба да ја извршите. Со употребата
на електричната алатка за различни работи од оние
за коишто се наменети, може да дојде до опасна
ситуација.
Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и без масло или масти на нив.
Лизгавите рачки и површини за држење не
дозволуваат да се ракува со алатката и истата да
се контролира во неочекувани ситуации.
2.5
УПОТРЕБА И ГРИЖА ЗА
БАТЕРИЈАТА НА АЛАТКАТА
Полнете само со полнач наведен од
производителот. Полнач којшто е соодветен за еден
166

Publicidad

loading