346 | Македонски
– Вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот (36).
Ласерскиот зрак мора да биде рамен по целата должина
на линијата на сечење на делот што се обработува, дури и
кога рачката на алатот ќе се води надолу.
Подесување на паралелноста: (види слика
– Отворете го гуменото капаче (50).
– Свртете ја завртката за подесување (51) со соодветен
одвртувач, додека ласерскиот зрак не се постави
паралелно по целата должина на линијата на сечење
на делот што се обработува.
Подесување на прецизноста: (види слика
За поставување на прецизноста се користи завртка за
подесување (52), која се наоѓа под отворот со ознака „R/
L".
– Свртете ја завртката за подесување (52) со
испорачаниот плоснат одвртувач, додека паралелниот
ласерски зрак не се постави рамно по целата должина
на линијата на сечење на делот што се обработува.
Едно вртење во правец спротивен на стрелките на
часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а
вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи
ласерскиот зрак од десно на лево.
Поставување на страничното отстапување при
движење на рачката на алатот: (види слика
– Отворете го страничното гумено капаче (53).
– Свртете ја завртката за подесување (54) во правецот
на стрелките на часовникот со соодветен одвртувач,
ако ласерскиот зрак при движење надолу на рачката
на алатот се движи налево.
Свртете ја завртката за подесување (54) спротивно од
правецот на стрелките на часовникот, ако ласерскиот
зрак се движи надесно.
– По поставувањето, одново проверете ја прецизноста
на линијата на сечење. Доколку е потребно, израмнете
ги уште еднаш ласерските зраци со завртката за
подесување (52).
Израмнување на скалата за фино подесување (види
слика
N)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција
Пила за скратување и сечење под агол (види „Работна
позиција (види слика
A)", Страница 342).
– Свртете ја масата за сечење (22) до жлебот (27) за 0°.
Лостот (26) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка:
Ознаката 0° на скалата за фино подесување (46) мора да
е усогласена со ознаката 0° на скалата (23).
Подесување:
– Отстранете ја плочата за вметнување (24).
– Олабавете ја завртката (55) со испорачаниот плоснат
одвртувач и израмнете ја скалата за фино подесување
по должина на ознаката 0°.
– Повторно зацврстете ја завртката.
1 609 92A 7SS | (06.03.2023)
Израмнување на агломерот (вертикално) (види
слика
O)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција
Пила за скратување и сечење под агол (види „Работна
M2)
позиција (види слика
– Свртете ја масата за сечење (22) до жлебот (27) за 0°.
Лостот (26) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка:
Агломерот (47) мора да биде во една линија со 0°-
ознаката на скалата (48).
M3)
Подесување:
– Олабавете ја завртката (56) со испорачаниот плоснат
одвртувач и израмнете го агломерот по должина на
ознаката 0°.
– Потоа проверете дали поставката што сте ја направиле
е точна и за ознаката 45°.
– Повторно зацврстете ја завртката.
Израмнување на граничната водилка
– Подесете го електричниот алат во работна позиција
Столна тркалезна пила (види „Работна позиција (види
слика
A)", Страница 347).
– Свртете ја масата за сечење (22) до жлебот (27) за 0°.
Лостот (26) мора осетно да се вклопи во жлебот.
M4)
Проверка: (види слика
– Поставете агломер на 90° помеѓу граничната
водилка (30) и сечилото за пила (7) на масата за
пила (22).
Кракот од аголното мерило мора да биде рамен со
граничната водилка по целата должина.
Подесување: (види слика
– Олабавете ги сите завртки со внатрешна шестаголна
глава (39) со испорачаниот внатрешен шестаголен
клуч (5).
– Свртете ја граничната водилка (30) додека аголното
мерило не лежи прецизно по целата должина.
– Повторно затегнете ги завртките.
Поставување на стандарден агол на закосување 0°
(вертикално)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција
Столна тркалезна пила (види „Работна позиција (види
слика
A)", Страница 347).
– Свртете ја масата за сечење (22) до жлебот (27) за 0°.
Лостот (26) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка: (види слика
– Поставете го аголното мерило на 90° и ставете го на
масата за пила (22).
Кракот на аголното мерило мора да биде прецизен по
целата должина со сечилото за пила (7).
Подесување: (види слика
– Олабавете ја навртката (10 mm) на завртката со
внатрешна шестаголна глава (57).
– Завртете ја или одвртете ја завртката со внатрешна
шестаголна глава (57) со соодветен клуч (3 mm),
A)", Страница 342).
P1)
P2)
Q1)
Q2)
Bosch Power Tools