Descargar Imprimir esta página

Bosch GTM 12 JL Professional Manual Original página 347

Ocultar thumbs Ver también para GTM 12 JL Professional:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 63
додека кракот на аголното мерило не се израмни по
целата должина со сечилото за пила.
– Повторно затегнете ја навртката.
Доколку агломерот (47) по подесувањето не е во линија
со 0° ознаката на скалата (48), мора соодветно да го
усогласите агломерот (види „Израмнување на агломерот
(вертикално) (види слика 
O)", Страница 346).
Поставување на стандарден агол на закосување 45°
(вертикално)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција
Столна тркалезна пила (види „Работна позиција (види
слика 
A)", Страница 347).
– Свртете ја масата за сечење (22) до жлебот (27) за 0°.
Лостот (26) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Олабавете ја затезната дршка (37) и навалете ја
рачката на алатот со дршката (18) до крај во лево
(45°).
Проверка: (види слика 
R1)
– Поставете го аголното мерило на 45° и ставете го на
масата за пила (22).
Кракот на аголното мерило мора да биде прецизен по
целата должина со сечилото за пила (7).
Подесување: (види слика 
R2)
– Олабавете ја навртката (10 mm) на завртката со
внатрешна шестаголна глава (58).
– Завртете ја или одвртете ја завртката со внатрешна
шестаголна глава (58) со соодветен клуч (3 mm),
додека кракот на аголното мерило не се израмни по
целата должина со сечилото за пила.
– Повторно затегнете ја навртката.
Доколку агломерот (47) по подесувањето не е во иста
линија со 45° ознаката на скалата (48) најпрво проверете
ја повторно 0° поставката за аголот на закосување и
агломерот. Потоа повторете го подесувањето за 45° агол
на закосување.
Поставување на стандарден агол на закосување 33,9°
(вертикално)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција
Столна тркалезна пила (види „Работна позиција (види
слика 
A)", Страница 347).
– Свртете ја масата за сечење (22) до жлебот (27) за 0°.
Лостот (26) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Олабавете ја затегнувачката рачка (37).
– Притиснете ја болцната-граничник (33) целосно
навнатре и навалете ја рачката на алатот додека
болцната не лежи на завртката-граничник (32).
Проверка: (види слика 
S1)
– Поставете го аголното мерило на 33,9° и ставете го на
масата за пила (22).
Кракот на аголното мерило мора да биде прецизен по
целата должина со сечилото за пила (7).
Подесување: (види слика 
S2)
Bosch Power Tools
– Олабавете ја навртката (10 mm) на завртката-
граничник (32).
– Завртете ја или одвртете ја завртката-граничник со
соодветен клуч (10 mm), додека кракот на аголното
мерило не се израмни по целата должина со сечилото
за пила.
– Повторно затегнете ја навртката.
Употреба како столна
тркалезна пила
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Работна позиција (види слика 
Ако електричниот алат се употребува како пила за
скратување и сечење под агол, мора да ги извршите
следните чекори пред да го користите:
– Подесете го електричниот алат во работна позиција
Пила за скратување и сечење под агол (види „Работна
позиција (види слика 
A)", Страница 342).
– Олабавете ја завртката за блокирање (44).
– Целосно извлечете ја граничната водилка (31)
нанадвор.
– Повторно затегнете ја завртката за блокирање (44).
– Извлечете го поклопецот на сечилото за пила (66) од
жлебот на паралелниот граничник (61).
– Вметнете го долниот поклопец на сечилото за
пила (66) во масата за пила (22).
Долниот поклопец на сечилото за пила (66) за време
на работењето на столната тркалезна пила мора да го
покрива долниот дел на сечилото на пилата.
– Поставете вертикален агол на закосување од 0° и
цврсто затегнете го затегнувачкиот лост (37).
– Притиснете го копчето (17) и водете ја полека рачката
на алатот со дршката (18) надолу додека
транспортниот осигурувач (38) може да се притисне
целосно навнатре.
Подготовка за работа
Поставување на висина на сечило за пила (види
слика 
B)
За да работите безбедно, мора да ја поставите
правилната работна позиција на сечилото за пила (7) на
делот што се обработува. Максималната висина на
делот што се обработува изнесува 51 mm.
– Олабавете го лостот за затегање (68) под масата за
пила (59).
– Навалете го заштитниот капак (63) до крај наназад и
поставете го делот што се обработува до сечилото за
пила.
Македонски | 347
A)
1 609 92A 7SS | (06.03.2023)

Publicidad

loading