Descargar Imprimir esta página

Bosch GTS 10 XC Professional Manual Original página 317

Ocultar thumbs Ver también para GTS 10 XC Professional:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 55
Заштитете го листот за пилата од удари. Не го изложувајте
листот за пилата на страничен притисок.
Клинот за расцепување мора да биде во права линија со
листот за пилата, за да се избегне заглавување на делот
што се обработува.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се
обработува мора да има секогаш прав раб за поставување
на паралелниот граничник.
Секогаш чувајте ја подвижната водечка летва на
електричниот апарат.
Позиција на корисникот (види слика J)
 Не се поставувајте во една линија со листот за
пилата пред електричниот апарат, туку секогаш
странично од листот за пилата. На тој начин, вашето
тело е заштитено од можен повратен удар.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкиот лист за пилата.
Притоа внимавајте на следниве напомени:
– Предметот за обработка држете го безбедно со двете
раце и цврсто притиснете го на столот на пилата.
– За тесни парчиња и при сечење на вертикални агли на
закосување секогаш користете ја испорачаната
подвижна водечка летва 13 и дополнителниот
паралелен граничник 49.
Означување на линијата на сечење (види слика K)
– На тркалезната жолта налепница 33 исцртајте ја
дебелината на листот за пилата.
Притоа, делот што се обработува може точно да го
позиционирате за сечење, без да ја отворате
заштитната хауба.
Максимални димензии на делот што се обработува
вертикален агол на
закосување
45°
Сечење
Сечење на прави резови
– Поставете го паралелниот граничник 8 на саканата
ширина на резот. (види „Поставување на паралелниот
граничник", страна 315)
– Поставете го делот што се обработува на масата за
пилата пред заштитната хауба 5.x.
– Подигнете го или спуштете го листот за пилата со
курблата 20 нагоре или надолу, така што горните запци
на пилата ќе стојат околу 5 mm над горната површина
на делот што се обработува.
– Поставете ја заштитната хауба според висината на
предметот за обработка.
Заштитната хауба при сечење мора секогаш да стои
лабаво на предметот за обработка.
– Вклучете го електричниот апарат.
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
– Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека
листот за пилата не дојде целосно во состојба на
мирување.
Bosch Power Tools
макс. висина на делот што
се обработува [mm]
79
56
Сечење на вертикални агли на закосување
– Поставете го саканиот вертикален агол на закосување.
(види „Подесување на вертикалниот агол на
закосување", страна 315)
– Следете ги работните чекори во делот „Сечење на
прави резови".
Сечење на хоризонтални агли на закосување
(види слика L)
– Поставете го саканиот хоризонтален агол на
закосување. (види „Подесување на хоризонталниот
агол на закосување", страна 315)
– Поставете го делот за обработка на профилната шина
34.
Профилот не смее да се наоѓа во линијата на сечење.
Во ваков случај извадете ја назабената навртка 53 и
поместете го профилот.
– Подигнете го или спуштете го листот за пилата со
курблата 20 нагоре или надолу, така што горните запци
на пилата ќе стојат околу 5 mm над горната површина
на делот што се обработува.
– Поставете ја заштитната хауба според висината на
предметот за обработка.
Заштитната хауба при сечење мора секогаш да стои
лабаво на предметот за обработка.
– Вклучете го електричниот апарат.
– Притиснете го делот за обработка со едната рака на
профилната шина и со другата рака полека притиснете
го аголниот граничник на копчето за фиксирање 62 во
водечкиот жлеб 9 кон напред.
– Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека
листот за пилата не дојде целосно во состојба на
мирување.
Сечење на хоризонтални агли на закосување со
фиксирани подвижни лизгачи
– Поставете го саканиот хоризонтален агол на
закосување. (види „Подесување на хоризонталниот
агол на закосување", страна 315)
– Аголниот граничник мора слободно да се движи во
водечкиот жлеб 9 (лево или десно).
По потреба олабавете ја завртката со нарецката глава 51.
– Следете ги работните чекори во делот „Сечење на
прави резови".
Сечење на хоризонтални агли на закосување со помош
на подвижните лизгачи
– Поставете го саканиот хоризонтален агол на
закосување. (види „Подесување на хоризонталниот
агол на закосување", страна 315)
– Повлечете ја затегнувачката дршка 29 за подвижните
лизгачи сосема нагоре и повлечете ги подвижните
лизгачи 2 кон напред.
– Поставете го делот што се обработува на масата за
пилата пред заштитната хауба 5.x.
– Позиционирајте го аголниот граничник 3 пред делот за
обработка во левиот водечки жлеб 9. Фиксирајте ја
оваа позиција, така што цврсто ќе ја затегнете завртката
со нарецкана глава 51.
– Следете ги работните чекори во делот „Сечење на
прави резови".
Македонски | 317
1 609 92A 15S | (29.1.15)

Publicidad

loading