126 | Македонски
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на
алкално-мангански батерии.
За вадење на преградата за батерии (7) свртете го
механизмот за фиксирање (8) во позиција
ја преградата за батерии од мерниот уред и ставете ги
батериите.
Притоа внимавајте на половите според приказот на
внатрешната страна од преградата за батерии.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Вметнете ја преградата за батерии (7) во мерниот уред и
свртете го копчето за заклучување (8) во позиција .
Ако не го користите мерниот уред подолго време,
u
извадете ги батериите. При подолго складирање во
мерниот уред, батериите може да кородираат и да се
испразнат.
Приказ на состојба на наполнетост
Доколку предупредувањето за батеријата (6) трепка прво
црвено, мерниот уред може да работи уште 2 h.
Доколку предупредувањето за батеријата (6) свети
непрекинато црвено, не е возможно да се вршат мерења.
Мерниот уред автоматски се исклучува по 1 min работа.
Употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно
u
изложување на сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
u
температури или температурни осцилации. На пр.
не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи температурни осцилации, оставете го мерниот
уред прво да се аклиматизира и направете проверка
за точноста секогаш пред да продолжите со работа
(види „Контрола на точноста на мерниот уред",
Страница 127).
При екстремни температури или температурни
осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се
наруши.
Избегнувајте удари и превртувања на мерниот
u
уред. По силни надворешни влијанија на мерниот
уред, пред да го употребите за работа, секогаш
извршете контрола на точноста (види „Контрола на
точноста на мерниот уред", Страница 127).
Одржувајте го работниот простор без пречки кои
u
може да го рефлектираат или попречат ласерскиот
зрак. На пр., покријте ги рефлектирачките или
сјајните површини. Не мерете преку стаклени
панели или слични материјали. Може да се добијат
погрешни резултати од мерењето преку
рефлектирачки или попречен ласерски зрак.
1 609 92A 8LK | (20.04.2023)
Ставање во употреба на ротациониот ласер
Поставување на мерниот уред
Поставете го мерниот уред на стабилна
површина во хоризонтална положба или
монтирајте го на статив (14).
. Извлечете
Поради големата точност на нивелирање, мерниот уред
реагира многу осетливо на потреси и промени на
положбата. Осигурајте стабилна позиција на мерниот
уред, за да се избегнат прекини на работата поради
дополнително нивелирање.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете на копчето
за вклучување/исклучување (4). Сите прикази кратко
светнуваат. Мерниот уред пушта варијабилен ласерски
зрак (2) од излезниот отвор (1).
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или
u
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
Мерниот уред започнува веднаш со автоматско
нивелирање. За време на нивелирањето, приказот за
статус трепка (5) зелено, ласерот не ротира и трепка.
Мерниот уред е изнивелиран, штом приказот за
статус (5) свети непрекинато зелено и ласерот свети
непрекинато. По завршување на нивелирањето мерниот
уред автоматски стартува во ротационен погон.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор
u
и исклучете го по употребата. Другите лица може да
се заслепат од ласерскиот зрак.
Мерниот уред работи исклучиво во ротационен режим и
со фиксна ротациона брзина, којашто исто така е
прилагодена за примена со ласерскиот приемник.
При поставена фабричка поставка, функцијата за
предупредување за удар автоматски се вклучува,
приказот за функцијата за предупредување за удар (3)
свети зелено.
За исклучување на мерниот уред притиснете кратко на
копчето за вклучување/исклучување (4). При
активирано предупредување за удар (приказот на
функцијата за предупредување за удар (3) трепка
црвено) притиснете еднаш кратко на копчето за
вклучување-исклучување за одново стартување на
функцијата за предупредување за удар, а со повторното
кратко притискање го исклучувате мерниот уред.
За заштита на батериите, мерниот уред автоматски се
исклучува ако е надвор од опсегот на самонивелирање
подолго од 2 h или ако предупредувањето за удар се
активира подолго од 2 h. Позиционирајте го мерниот
уред одново и повторно вклучете го.
Автоматика за нивелирање
Преглед
По вклучувањето, мерниот уред автоматски ја проверува
хоризонталната положба и ги израмнува нерамнините во
полето на самонивелирање од околу ± 8 % (± 4,6°).
Bosch Power Tools