За време на нивелирањето, приказот за статус трепка (5)
зелено, ласерот не ротира и трепка.
Мерниот уред е изнивелиран, штом приказот за
статус (5) свети непрекинато зелено и ласерот свети
непрекинато. По завршување на нивелирањето мерниот
уред автоматски стартува во ротационен погон.
Доколку по вклучувањето или по промена на положбата,
мерниот уред стои повеќе од 8 % косо, нивелирањето не
е повеќе можно. Во овој случај, роторот ќе запре,
ласерот трепка и приказот за статус (5) свети
непрекинато црвено.
Одново позиционирајте го мерниот уред и почекајте за
нивелирање. Без одново позиционирање, по 2 min
автоматски се исклучува ласерот и по 2 h мерниот уред.
Доколку мерниот уред е изнивелиран, тој постојано ја
контролира хоризонталната положба. При промени во
положбата, автоматски се врши нивелирање. За
избегнување на погрешни мерења, за време на процесот
на нивелирање, роторот стопира, ласерот трепка и
приказот за статус (5) трепка црвено.
Функција за предупредување за удар
Мерниот уред има функција за предупредување за удар.
При промени на положбата одн. потреси на мерниот уред
или при вибрации на подлогата го спречува
нивелирањето во променета позиција и со тоа и грешките
поради поместување на уредот.
Активирање на предупредувањето за удар: по
вклучување на мерниот уред, функцијата за
предупредување за удар при фабричката поставка
останува вклучена (приказот за предупредување за
удар (3) свети зелено). Предупредувањето за удар ќе се
активира околу 30 s по вклучувањето на мерниот уред
одн. по вклучување на функцијата за предупредување за
удар.
Активирање на предупредување за удар: Доколку при
промена на положбата на мерниот уред се пречекори
полето на точност на нивелирање или се регистрира јак
потрес, се активира предупредувањето за удар:
Ротацијата на ласерот запира, ласерскиот зрак трепка,
приказот за статус се гаси (5) и приказот за
предупредување за удар (3) трепка црвено.
При активирано предупредување за удар, притиснете
кратко на копчето за вклучување-исклучување (4).
Функцијата за предупредување за удар одново ќе се
стартува и мерниот уред започнува со нивелирање.
Штом ќе се изнивелира мерниот уред (приказот за
статус (5) свети непрекинато зелено), тој автоматски
стартува во ротационен режим.
Сега проверете ја положбата на ласерскиот зрак на
референтна точка и соодветно коригирајте ја висината на
мерниот уред.
Доколку при активирано предупредување за удар,
функцијата не стартува одново со притискање на копчето
за вклучување-исклучување (4) по 2 min автоматски се
исклучува ласерот и по 2 h мерниот уред.
Bosch Power Tools
Исклучување на функцијата за предупредување за
удар: за исклучување одн. вклучување на функцијата за
предупредување за удар, притискајте на копчето за
вклучување-исклучување (4) 3 s. При активирано
предупредување за удар (приказ за предупредување за
удар (3) трепка црвено) притиснете еднаш кратко на
копчето за вклучување-исклучување и потоа одново
притискајте 3 s. Доколку е исклучено предупредувањето
за удар, приказот за предупредување за удар се гаси (3).
Ако е вклучена функцијата за предупредување за удар,
ќе се активира по околу 30 s.
Поставката на функцијата за предупредување за удар се
зачувува при исклучување на мерниот уред.
Контрола на точноста на мерниот уред
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура.
Особено температурните разлики кои се движат од подот
нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Се препорачува мерниот уред да го користите на статив
за да ги минимизирате термичките влијанија од топлината
што се крева од подот. Доколку е возможно, поставувате
го мерниот уред во средината на работната површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр.
падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на
работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Доколку при некоја од проверките мерниот уред го
надмине максималното отстапување, тогаш треба да се
поправи од страна на сервисната служба на Bosch.
Проверка на точноста на нивелирање
За веродостоен и точен резултат се препорачува
проверката на точноста на нивелирање да се изведе на
слободна мерна линија од 30 m на цврста подлога пред
ѕид. Спроведете целосна мерна постапка за двете оски.
– Монтирајте го мерниот уред 30 m на растојание од
ѕидот на статив или поставете го на цврста, рамна
подлога. Вклучете го мерниот уред.
30 m
– По завршување на нивелирањето означете ја
средината на ласерскиот зрак на ѕидот (точка I).
Македонски | 127
1 609 92A 8LK | (20.04.2023)