да биде штетна за здравјето (контактот со прашината
или нејзиното вдишување може да шредизвика
алергии и/или болести на дишните органи за оној
кој работи со алатот или луѓето во близина); носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
•
Некои видови на прашина се канцерогени (како
на пример прашината од даб или бука), особено
заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
•
Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
•
Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
•
При промена на приборот, пренесување или
прибирање на алатот, задолжително поставете го
прекинувачот B 2 во средна позиција (заклучено)
ПРИБОР
•
SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен оригинален прибор
•
Користете само прибор чија дозволена брзина е во
најмала рака еднаква на најголемата брзина при
празен од на електричниот алат
ПРЕД УПОТРЕБА
•
Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете ги
пред да почнете со работа
•
Зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во
менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
•
Користете соодветни детектори за наоѓање на
скриени инсталации или повикајте соодветна
компанија за помош (контактот со електричните
линии може да доведе до струен удар; оштетувањата
во гасоводна цевка може да резултира со експлозија;
пенетрирање во водоводна инсталација може да
доведе до оштета на предмети или електричен удар)
АКУМУЛАТОРСКА БАТЕРИЈА
•
Испорачаната батерија е делумно наполнета (за
да се обезбеди целосен капацитет на батеријата,
целосно наполнете ја батеријата во полначот на
батеријата пред да го употребите вашиот електричен
алат за првпат)
•
Користете ги исклучиво следниве батерии и
полначи со овој алат
- Батерија SKIL: BR1*31****
- Полнач SKIL: CR1*31****
•
Оштетената батерија не треба понатаму да се
користи туку веднаш да се замени
•
Не ја расклопувајте батеријата
•
Никогаш не ги изложувајте на дожд алатот/
батеријата
•
Дозволена температура на околината (алатка/
полнач/батерија):
- при полнење 4...40°C
- при работа –20...+50°C
- при складирање –20...+50°C
ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ/
БАТЕРИЈАТА
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Во допир со оган батериите ќе експлодираат, затоа
не ги палете батериите од која било причина
5 Секогаш чувајте ги апаратот/полначот/батеријата во
просторија на температура пониска од 50°C
6 Не се ослободувајте од електични алати и батерии во
домашниот отпад
УПОТРЕБА
•
Комбиниран прекинувач за вклучување/исклучување
и за контрола на брзината A 2
- брзината се контролира на степени од нула до
максимум со применување помалку или повеќе
сила врз активаторот A t
•
Полнење на акумулаторска батерија
! прочитајте ги безбедносните предупредувања
и упатствата дадени со полначот
•
Вадење/инсталирање на батеријата 2
•
Прицврстување на клипот за ремен 7
- прицврстете го клипот за ремен G на дупчалката со
испорачаната завртка.
•
Индикатор за нивото на батеријата 8
- притиснете го копчето за индикаторот за нивото
на батеријата H за да се прикаже нивото на
батеријата.
•
Промена на насоката на ротација 9
- ако левата/десната позиција не легнат како што
треба, прекинувачот A 2 нема да може да стартува
! менувајте ја насоката на ротацијата само кога
алатот се наоѓа во целосно мирување
•
Промена на бургиите q
- за да се отстрани бургија, повлечете го
затворачкиот дел C нанапред 2
- Повлечете го затворачкиот дел C нанапред,
вметнете ја бургијата до граничникот во држачот на
бургијата и ослободете го затворачкиот дел C за да
ја заклучите бургијата. q a q b q c
! користете само бургии со топчести делови,
други бургии може да се користат со
универзален држач за бургии со топчести
делови q b
! не употребувајте бургии со оштетена дршка
•
Заштита на батеријата
Исклучува машината или спречува машината да се
вклучи, кога
- оптоварувањето е преголемо висока
- температурата на батеријата не е во дозволениот
опсег за температура од -20 до +50° C
- литиум-јонската батерија е скоро празна (за да ја
заштити од целосно празнење)
! не продолжувајте да притискате на
прекинувачот за вклучување/исклучување
откако алатот ќе се исклучи автоматски;
батеријата ќе се оштети
•
ЛЕД-светилки F w
- Сијаличката LED F автоматски светнува кога ќе се
активира прекинувачот A w
•
Држење и насочување на алатот e
! додека работите, секогаш држете го алатот
за местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
- отворите за ладење E 2 држете ги отворени
- не притискајте премногу со алатот; дозволете тој
сам да работи
101