Внимателно користете го струјниот кабел и цревото
u
за всисување. Внимавајте притоа да не ги доведете
другите лица во опасност.
Не го чистете всисувачот со директно насочен млаз
u
вода. Навлегувањето на вода во горниот дел од
всисувачот го зголемува ризикот од електричен удар.
Ознаки и нивно значење
Bosch Power Tools
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето
на Вашиот всисувач. Запаметете ги ознаките и нивното
значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви
помага подобро и побезбедно да го користите
всисувачот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства.
Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните
напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Всисувач од класата на прав M според IEC/EN 60335-2-69 за всисување на суви
материи за честички прав опасни по здравјето со гранична вредност на
3
изложеност ≥ 0,1 mg/m
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Всисувачот содржи прав што е опасна по здравјето.
Празнењето и одржувањето, како и вадењето на контејнерот за собирање
прав смее да се врши само од страна на стручен персонал. Потребна е
соодветна заштитна опрема. Не го користете всисувачот без комплетниот
филтерски систем. Инаку го загрозувате Вашето здравје.
За транспорт на всисувачот и за заштеда на простор при
складирање на опремата на всисувачот и/или електричниот алат,
може да прикачите L-Boxx на горниот дел од всисувачот.
Не всисувајте со расклопена L-Boxx. Тежиштето на всисувачот се
поместува нагоре. Всисувачот може да се преврти. Постои
опасност од повреда и оштетување.
Прикачување на максимум една L-Boxx.
Тежината на L-Boxx заедно со содржината не смее да изнесува над
15 kg.
Не го закачувајте всисувачот, на пр. при транспорт, на кука од
кран. Всисувачот не е погоден за транспорт со кран. Постои
опасност од повреда и оштетување.
Не го користете всисувачот како предмет за седење,
спроводник и не стапнувајте на него. Инаку всисувачот може да
се преврти и оштети. Постои опасност од повреда.
Старт/Стоп-автоматика
Всисување на наталожена прав од електрични алати кои работат
Всисувачот автоматски се вклучува и одложено се исклучува
Исклучување
Всисување
Всисување на наталожена прав
Македонски | 207
1 609 92A 6R5 | (02.09.2021)