212 | Македонски
за да ја всиса останатата прав од цревото за
всисување.
– За да го исклучите всисувачот,
поставете го прекинувачот за
избирање на режим на работа (7) на
ознаката „Исклучување".
Доколку слушнете звучен сигнал за предупредување,
мора да го проверите всисувачот како што е опишано во
делот „Отстранување на пречки".
Всисување на влажни материи (види слика H)
Со всисувачот не всисувајте запаливи или
u
експлозивни течности, на пр. бензин, масло,
алкохол, средства за растворање. Не всисувајте
жежок или запалива прав. Не го користете
всисувачот во простории каде постои опасност од
експлозија. Правта, пареата или течностите може да
се запалат или да експлодираат.
Всисувачот не смее да се користи како водена
u
пумпа. Всисувачот е наменет за всисување на
мешавини од воздух и вода.
Напомена: Барањето за степен на пропустливост (класа
на прав M) е утврдено само за всисување на суви
материјали.
Работни чекори пред всисување на влажни материи
– По потреба отстранете ја вреќичката за отпад (29) или
ќесата за прав.
Напомена: За полесно отстранување, при всисување на
мешавина од вода и цврсти материјали, користете водена
филтер вреќичка (опрема), која ќе ја одвои водата од
цврстите материјали.
– Поставете ја гумената лента (32) во подната млазница
(34) (види „Вметнување на гумената лента (всисување
влажни материи) (види слика E)", Страница 210).
– Исклучете го автоматско чистење на филтерот (AFC)
(види „Автоматско чистење на филтерот (види слика
I)", Страница 212).
Всисување на течности
– За да го вклучите всисувачот, поставете го
прекинувачот за избирање на режим на работа (7) на
ознаката „Всисување".
Всисувачот е опремен со сензори за ниво на наполнетост
(40). Доколку се достигне максималното ниво на
наполнетост, всисувачот се исклучува. Прекинувачот за
избор на начинот на работа (7) поставете го на ознаката
„Исклучување".
Напомена: При всисување на неспроводливи материјали
(на пр. емулзија настаната при дупчење, масла и
маснотии) всисувачот нема да се исклучи и при полн
контејнер. Состојбата на наполнетост мора постојано да
се проверува и контејнерот навреме да се празни.
Доколку при всисувањето на влажни материи се слушне
акустичен сигнал за предупредување, безбедноста на
функцијата на всисувачот не е нарушена. Нема потреба
од мерки за отстранување на пречките.
1 609 92A 6R5 | (02.09.2021)
– За да го исклучите всисувачот, поставете го
прекинувачот за избирање на режим на работа (7) на
ознаката „Исклучување".
– Извлечете го испусното црево (23) од неговиот држач
и испуштете ја валканата вода преку испусното црево.
– При транспорт на всисувачот, завртете ги чеповите (2)
на прифатот на цревото (3).
– Испразнете го садот (1).
За да се избегне создавање на мувла по всисување на
влажни материи:
– Извадете го набраниот филтер (30) и оставете го
добро да се исуши.
– Извадете го горниот дел на всисувачот (13), отворете
го капакот на филтерот (39) и оставете ги добро да се
исушат.
Автоматско чистење на филтерот (види слика
I)
Доколку е вклучено автоматското вклучување на
филтерот (AFC = Automatic Filter Cleaning) набраниот
филтер (30) ќе се чисти на секои 15 секунди со
воздушен млаз (пулсирачки звук).
Подоцна, откако јачината на всисување ќе се намали,
мора да се активира чистењето на филтерот.
Со редовно чистење на филтерот се зголемува рокот на
траење на филтерот.
За да се постигне идеален рок на употреба на филтерот,
деактивирајте го чистењето на филтерот само во
исклучителни случаи: на пр. при всисување на чисти
течности или при користење на хартиена филтер
вреќичка.
Доколку набраниот филтер е извалкан на површината, тој
сепак е целосно функционален. Рачно чистење на
набраниот филтер со тропање или издувување не е
потребно и може да го исчисти филтерот.
Напомена: Автоматското чистење на филтерот е
фабрички вклучено.
Вклучувањето/исклучувањето на автоматското чистење
на филтерот е возможно само доколку уредот е вклучен.
– AFC деактивиран
Притиснете го AFC-копчето (9).
Контролната LED светилка (38) се гаси.
– AFC активиран
Притиснете го AFC-копчето (9).
Контролната LED светилка (38) свети зелено.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Извлечете го приклучокот од конекторот, пред
u
одржувањето или чистењето на всисувачот, пред
регулирање на поставките на уредот, замена на
деловите или тргање настрана. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на всисувачот.
Bosch Power Tools