Descargar Imprimir esta página

Bosch 06019C3300 Manual Original página 213

Ocultar thumbs Ver también para 06019C3300:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 36
Одржувајте ја чистотата на всисувачот и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
При сервис и чистење на всисувачот користете
u
маска за заштита од прав.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
За одржување од страна на корисникот, всисувачот мора
да се демонтира, да се исчисти и одржува, доколку е
изводливо, без да предизвика опасност за персоналот кој
го одржува и другите лица. Пред демонтажата,
всисувачот треба да се исчисти за да се избегнат
евентуалните опасности. Просторијата во која ќе се
демонтира всисувачот, мора добро да биде проветрена.
За време на одржувањето носете лична заштитна
опрема. По одржувањето, исчистете го просторот каде
сте работеле.
Најмалку еднаш годишно потребно е да се изврши
техничка проверка од страна на производителот или
овластен сервисер, на пр. да се проверат оштетувања на
филтерот, дали всисувачот добро дихтува и функцијата
на уредот за контрола.
Кај всисувачи од класа M, што се користеле во нечиста
околина, треба да се исчисти надворешноста како и сите
машински делови или да се третира со средство за
дихтување. Пред да извршите какви било поправки, сите
извалкани делови што не може доволно да се исчистат,
мора да се отстранат. Ваквите делови мора да се
отстранат во непропустливи ќеси во согласност со
важечките одредби за отстранување на ваков отпад.
Вадење/замена на набраниот филтер (види слики
J1−J2)
Капацитетот на всисување зависи од состојбата на
филтерот. Затоа редовно чистете го филтерот.
Веднаш заменете го оштетениот набран филтер (30).
– Извлечете го од окцето за затворање (20) и отворете
го поклопецот за филтерот (39).
– Фатете го набраниот филтер (30) за држачите и
извадете го нагоре.
– Отстранете ја правта и нечистотијата, што испаѓа при
вадење на набраниот филтер (30), со влажна крпа од
рабовите на поклопецот за филтерот (39).
PES и PTFE-набраните филтри може да се исплакнат
под проточна вода.
– Поставете го новиот исчистен набран филтер (30) и
внимавајте добро да легне.
Проблем
Турбината за всисување не работи. – Проверете го струјниот кабел, приклучокот за струја, осигурувачот,
Bosch Power Tools
– Повторно затворете го поклопецот за филтер (39)
(додека не слушнете да се вклопи).
Чистење на садот
– Избришете го садот(1) одвреме-навреме со
вообичаено неабразивно средство за чистење и
оставете го да се исуши.
Чистење на сензорите за нивото на наполнетост (види
слика K)
Повремено исчистете ги сензорите за ниво на
наполнетост (40).
– Отворете ги затворачите (15) и извадете го горниот
дел на всисувачот (13).
– Исчистете ги сензорите за ниво на наполнетост (40) со
мека крпа.
– Вметнете го горниот дел на всисувачот (13) и
затворете ги затворачите (15).
Складирање и транспорт
Чување (види слика L)
– Завиткајте го струјниот кабел околу држачот за кабел
(14).
– Прикачете ја опремата на соодветните држачи:
цевката за всисување (35) во држачите (22),
млазницата за фуги (31) во држачот (21), подната
млазница (34) во држачот (24).
– Отворете ги еластичните ленти на држачите на цревото
за всисување (4) и поставете го цревото за всисување
(27) на горниот дел на всисување во држачот (4).
Повторно закачете ги еластичните ленти.
– Прикачете ја L-Boxx на држачите (11).
– Складирајте го всисувачот во сува просторија и
заштитете го од неовластено користење.
– За да ги фиксирате тркалцата (18) притиснете ја
кочницата на тркалцата (17).
Транспорт (види слика M)
– При транспорт на всисувачот, завртете ги чеповите (2)
на прифатот на цревото (3).
– Носете го всисувачот само за рачката за носење (10).
– Држачот-водилка (12) користете го за туркање или за
влечење на всисувачот низ скалила.
Отстранување на пречки
Ако се појави дефект (на пр. скршен филтер),
u
всисувачот за прав мора веднаш да се исклучи.
Пред ново стартување мора да се отстрани
дефектот.
Помош
приклучницата и сензорите за наполнетост (40).
Прекинувачот за избор на режим на работа (7) стои на „Старт/Стоп автоматика".
Македонски | 213
1 609 92A 6R5 | (02.09.2021)

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Gas 55 m afc professional