182 | Македонски
Долниот штитник може рачно да се повлече за
u
одредени засеци, како што се „убодни засеци" и
„аголни засеци". Подигнете го долниот штитник со
повлекување на рачката, и кога сечилото ќе го
пробие материјалот, долниот штитник мора да се
отпушти.За сите останати засеци, долниот штитник
автоматски ќе работи.
Секогаш внимавајте долниот штитник да го
u
покрива сечилото пред да ја спуштите пилата на
работна маса или на под.Незаштитено, разлабавено
сечило ќе предизвика враќање на пилата наназад, и
сечење на сѐ со што ќе дојде во допир. Внимавајте на
времето што му е потребно на сечилото откако
прекинувачот ќе се ослободи.
Дополнителни безбедносни напомени
Не ги фаќајте исфрлените струготини со раце. Може
u
да се повредите од ротирачките делови.
Не работете со пилата над глава. Тогаш немате
u
доволна контрола врз електричниот алат.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
u
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување и може да предизвика
електричен удар.
При работата, држете го електричниот алат цврсто
u
со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со
електричниот алат посигурно ќе управувате ако го
држите со двете дланки.
Не го фиксирајте електричниот алат. Тој не е
u
предвиден за работа на маса за сечење.
При „длабински рез" и неаголни резови треба да се
u
постави водилката на пилата за да го спречи
страничното поместување. Страничното
поместување може да доведе до заглавување на
листот на пилата и до повратен удар.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку
u
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
Почекајте додека електричниот алат сосема не
u
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
Не користете листови за пила од HSS-челик. Таквите
u
листови на пила може лесно да се скршат.
Не сечете железни метали. Струготините би можеле
u
да го запалат вшмукувачот за прав.
Носете маска за заштита од прав.
u
1 609 92A 4PZ | (28.01.2021)
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за правење на должински и
напречни резови на дрво со рамни и коси резови. Со
соодветни сечила за пила може да се сечат и тенки
обоени метали, на пр. профили.
Обработката на железни метали не е дозволена.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Вртливо копче за претходно бирање на бројот на
вртежи (GKS 55+ GCE)
(2) Прекинувач за вклучување/исклучување
(3) Блокада при вклучување на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(4) Клуч со внатрешна шестаголна глава
(5) Копче за блокирање на вретеното
(6) Скала за аголот на закосување
(7) Пеперутка-завртка за паралелниот граничник
(8) Пеперутка-завртка за претходно избирање на
аголот на косо сечење
(9) Ознака за сечење 45°
(10) Ознака за сечење 0°
a)
(11) Паралелен граничник
(12) Осцилаторен заштитен капак
(13) Лост за подесување на осцилаторен заштитен
капак
(14) Основна плоча
(15) Пеперутка-завртка за претходно избирање на
аголот на косо сечење (GKS 55+ G/GKS 55+ GCE)
(16) Исфрлувач на струготини
(17) Заштитен капак
(18) Рачка (изолирана површина на рачката)
(19) Дополнителна рачка (изолирана површина на
рачката)
(20) Затезна завртка со подлошка
(21) Стезна прирабница
a)
(22) Сечило за кружна пила
(23) Приклучна прирабница
Bosch Power Tools