Descargar Imprimir esta página

Bosch GSB Professional 19-2 RE Manual Original página 145

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 23
2
Завртување: a
 < 2,5 m/s
, K = 1,5 m/s
h
2
Сечење навои: a
 < 2,5 m/s
, K = 1,5 m/s
h
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Дополнителна рачка (види слика A)
Користете го вашиот електричен алат само со
u
дополнителна рачка (8).
Дополнителната рачка (8) може да ја подесите во 12
позиции, за да може безбедно и неуморно да работите.
Свртете го долниот дел на дополнителната рачка (8) во
правец на вртење ➊ и притиснете ја дополнителната
рачка (8) нанапред, додека не се навали во соодветната
позиција. Потоа повторно повлечете ја дополнителната
рачка (8) наназад и свртете го долниот дел на рачката во
правец на вртење ➋ и затегнете го.
Подесување на длабочината на дупчење (види
слика A)
Со граничникот за длабочина (9) може да се утврди
длабочината на дупчење X.
Свртете го долниот дел на дополнителната рачка (8) во
правец спротивен на стрелките на часовникот и
поставете го граничникот за длабочина (9).
Извлечете го граничникот за длабочина (9) до степен што
растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на
граничникот за длабочина (9) ќе одговара на саканата
длабочина на дупчење X.
Bosch Power Tools
2
Потоа повторно зацврстете го долниот дел на
дополнителната рачка (8) во правец на стрелките од
2
часовникот.
Избраздениот дел на граничникот за длабочина (9) мора
да покажува нагоре.
Промена на алат
При менување на алатот носете заштитни ракавици.
u
За време на долготрајни работни процеси, главата за
дупчење може да се вжешти.
Брзозатегнувачка глава за дупчење (GSB 19-2 RE)
(види слика B)
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (6)
не е притиснат, вретеното за дупчење ќе се фиксира. Ова
овозможува брзо, лесно и едноставно менување на
алатот што се вметнува во главата за дупчење.
Отворете ја брзозатегнувачката глава за дупчење (1) со
вртење во правец ➊, додека не се стави алатот. Вметнете
го алатот.
Чаурата на брзозатегнувачката глава за дупчење (1)
свртете ја цврсто со рака во правец ➋, додека целосно не
се заклучи. Со тоа, главата автоматски се заклучува.
Блокадата се отклучува, откако ќе ја свртите чаурата во
спротивен правец за да го извадите алатот.
Брзозатегнувачка глава за дупчење (GSB 780) (види
слика C)
Држете ја цврсто задната чаура (12) на
брзозатегнувачката глава за дупчење (1) и свртете ја
предната чаура (11) во правец на вртење ➊, додека не се
вметне алатот. Вметнете го алатот.
Држете ја цврсто задната чаура (12) на брзозатезната
глава за дупчење (1), а предната чаура (11) свртете ја
цврсто со рака во правец на вртење ➋ додека целосно не
се вклопи. Со тоа, главата автоматски се заклучува.
Заклучувањето повторно се ослободува, откако ќе ја
свртите преданата чаура (11) во спротивен правец за да
го извадите алатот.
Запчеста глава за дупчење (види слика D)
Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење (14),
додека не се отвори за да може да вметне алатот.
Вметнете го алатот.
Клучот за затегнување на главата за дупчење (13)
ставете го во соодветните отвори на запчестата глава за
дупчење (14) и рамномерно затегнете го алатот.
Алати за навртување (види слика E)
При користење на битови за одвртувачот (15) секогаш
треба да користите универзален држач за битови (16).
Користете само битови што се соодветни на главата за
навртување.
За навртување секогаш поставувајте го прекинувачот
„Дупчење/ударно дупчење" (2) на ознаката „Дупчење".
Македонски | 145
1 609 92A 6RA | (16.09.2021)

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Gsb professional 780