MK
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасности од
нецелосно монтирање! Тракторската
косилка не смее да се користи пред да биде
целосно монтирана! Направете ги сите
монтажни работи коишто се опишани во
упатството за монтажа. Во случај на
сомневање пред пуштањето во употреба
прашајте стручно лице дали монтажата е
правилно направена! Проверете дали се
присутни сите безбедносни и заштитни уреди
и дали се функционални!
5 КОМАНДИ
Во продолжение се опишани контролните
елементи на тракторските косилки со задно
исфрлање. Погрижете се да го прочитате
соодветниот опис за вашата тракторска
косилка.
5.1
Стандардна табла со инструменти
(02)
Во продолжение се објаснети елементите на
стандардната табла со инструменти.
Регулирање на бројот на вртежи на
моторот
НАПОМЕНА Имајте во предвид дека
активирањето на регулаторот во возен погон
влијае врз брзината!
Кај регулатор со интегрирана дизна:
Преку поместување на регулаторот (02/2) се
зголемува или намалува бројот на вртежи на
моторот. Дизната се вклучува во најгорната
позиција.
540
Вклучување на дизната: Поместете го
регулаторот сосема на нагоре кон
знакот за дизна. Оваа позиција
користете ја исклучиво за стартување
на моторот.
Напомена: Некои варијанти на трактор
располагаат со посебно копче за
дизната (02/1) на таблата со
инструменти. Тоа мора тогаш
дополнително да се повлече за
стартување на тракторот. Штом ќе
почне да работи моторот, полека
турнете го копчето назад!
Косење: Во оваа позиција моторот
работи со максималниот број на
вртежи.
Работа на празно: Во оваа позиција
моторот работи со најмалиот број на
вртежи.
Брава за палење (02/4)
Позициј
Функција
а
0
Моторот се исклучува.
Контактниот клуч може да се
извлече.
I
Вклучување на фаровите.
По стартувањето на моторот во
оваа позиција се вклучуваат
фаровите.
II
Работна позиција, кога работи
моторот.
III
Почетна позиција за стартување
на моторот.
Отпуштете го клучот штом
моторот ќе почне да работи. Тој
потоа скокнува назад во
работната позиција II.
5.2
Табла со инструменти со екран (03)
Прочитајте го ова поглавје ако вашата
тракторска косилка располага со екран над
стандардната табла со инструменти.
Команди
493723_a