Инсталација
П Р Е Д У П Р Е Д У ВА Њ Е
Опасност од струен удар или пожар.
Користете го само напојувањето за лабораториска употреба LZV844.
Само квалификувани експерти може да ги извршуваат задачите опишани
во овој дел од упатството, придржувајќи се до сите важечки локални
безбедносни прописи.
Отпакувајте го инструментот
Спектрофотометарот DR 3900 се испорачува со следната опрема:
•
Спектрофотометар DR 3900
•
Капак за прав
•
Стандарден USB капак за прав
•
Напојување за лабораториска употреба со кабел за напојување
за ЕУ
•
Коморен адаптер A
•
Стандардна заштита од светлина во DR 3900
•
Ознака за RFID на операторот (не се достапни на сите модели)
•
Основни упатства за ракување на DR 3900, упатства за
ракување LINK2SC
Дополнителни информации, детални упатства за користење
и документација може да се најдат на веб-страницата на
производителот.
Забелешка: Доколку некој од овие елементи недостасува или
е оштетен, веднаш обратете се на производителот или на
одговорниот претставник за продажба.
Работно опкружување
Придржувајте се до следните точки за правилно функционирање
и долг работен век на инструментот.
•
Ставете го инструментот на стабилна и рамна површина.
Не ставајте предмети под инструментот.
•
Амбиенталната температура мора да биде 10–40 °C
(50–104 °F).
•
Релативната влажност треба да изнесува помалку од 80 %;
влагата не треба да се кондензира на инструментот.
•
Оставете минимум 15 cm простор на врвот и од страните
за циркулација на воздух, за да се избегне прегревање на
електричните делови.
•
Немојте да го користите или складирате инструментот на
екстремно правливи, влажни или мокри места.
•
Површината на инструментот, преградата за комори и сите
додатоци секогаш мора да бидат чисти и суви. Веднаш
отстранете ги прснатите или истурените материи на или во
инструментот.
И З В Е С Т У В А Њ Е
Заштитете го инструментот од екстремните температури од греалките,
директната сончева светлина и другите извори на топлина.
Англиски 249