Descargar Imprimir esta página

Milwaukee M18 FBCU Manual Original página 83

Ocultar thumbs Ver también para M18 FBCU:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 29
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните,
националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на
шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на
опасни материии. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да
ги вршат исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес
треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната
амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски
батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско
претпријатие.
РАБОТА
Рачна косилка за трева
За да го прилагодите конецот, лесно допрете ја макарата на главата
на тримерот на земја со нормална брзина.
СОВЕТ: кога се користи на абразивни или густо обраснати површини,
конецот за сечење се троши побрзо и затоа ќе треба почесто да се
прилагодува.
Поткаструвач за грмушки
Водете го уредот под агол подалеку од телото и одржувајте
растојание од најмалку 30 cm помеѓу главата за сечење и телото.
Водете ја алатката блиску до подлогата и замавнувајте со главата за
сечење напред-назад.
СОВЕТ: Косата дава најдобри резултати кога се поместува по земја
во спротивна насока од стрелките на заштитниот капак.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не користете го уредот како уред за сечење
на рабовите на тревникот. Не навалувајте го уредот под прав агол
на земјата. Водете ја главата на косата паралелно со земјата.
Во спротивно, капакот нема да ве заштити од исечоците што се
исфрлаат.
Материјал за сечење
Густа трева, грмушки, плевел, дрвја со мал дијаметар и фиданки.
СОВЕТИ ЗА ДОБРИ РЕЗУЛТАТИ ВО СЕЧЕЊЕТО
Рачна косилка за трева
Внимавајте процесот на сечење да тече од краевите на конецот за
сечење.
Контактот помеѓу конецот за сечење и цврстите предмети
предизвикува зголемено абење и оштетување на конецот за сечење.
Не влечете го капакот на макарата преку подот и не удирајте го
цврсто. Само допрете ја макарата на земјата. Не удирајте во камења,
патеки и сл.
Косете долга трева со неколку премини.
Избегнувајте украсни дрва, грмушки и насади. Одржувајте безбедно
растојание од гранични површини, столбови на оградата и сл. бидејќи
може да се оштетат од тримерот.
Поткаструвач за грмушки
Косете висока трева во неколку премини за да не се блокира уредот.
Избегнувајте украсни дрва, грмушки и насади. Одржувајте безбедно
растојание од гранични површини, столбови на оградата и сл. бидејќи
може да се оштетат од уредот.
164
МАКЕДОНСКИ
МЕНУВАЊЕ НА КОНЕЦОТ ЗА СЕЧЕЊЕ
Користете само конци за сечење MILWAUKEE (видете во делот
„Технички податоци"). Користете или конец за сечење долг 6 m
и дебел 2,4 mm или конец со должина 7,6 m и дебелина 2 mm.
Упатство: Кога се користи на абразивни или густо обраснати
површини, конецот за сечење се троши побрзо.
За замена на конецот за сечење, видете го делот со илустрации.
При нормални услови на работа, преостанатиот конец ќе биде
исфрлен од главата за сечење за време на работата. За да го
отстраните остатокот од конецот или да поставите нов конец
за сечење, свртете го тримерот за трева за 180 °, притиснете ги
јазичињата за да го отклучите и извадете го капакот.
2
1
1
Отстранете го краткиот конец. Потоа, вратете го капакот на главата за
сечење и прицврстете го со јазичињата.
ТРАНСПОРТ И ЧУВАЊЕ
Секогаш исклучувајте го уредот кога менувате локација. Кога го
носите уредот, држете го прстот подалеку од чкрапалото. Случајното
вклучување може да доведе до сериозни повреди.
Пред складирање или транспортирање, извадете ја батеријата и
оставете ја да се олади.
Носете го уредот за предната рачка за да спречите случајно
вклучување. Правилното ракување со уредот го намалува ризикот
од повреда.
Осигурајте го производот при транспорт од движење или пад, со цел
да се спречат повреди или оштетувања на производот.
Отстранете ги сите страни тела од производот. Складирајте го
производот на суво и добро проветрено место, до кое децата немаат
пристап. Производот да се чува подалеку од кородирачки материи,
како што се градинарсктеи хемикалии и солите за одмрзнување. Да
не се складира на отворено.
Не потопувајте го уредот во вода и не прскајте го со црево. Не
чистете со средство за чистење под висок притисок. Ако во
електричната алатка навлезе вода, се зголемува опасноста од струен
удар. Чувајте го уредот во затворен простор.
Не чувајте го електричниот уред во близина на ѓубрива или
хемикалии.
ОДРЖУВАЊЕ
Исчистете ја и одржувајте ја косата пред да ја складирате.
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Инспекцијата на производот изискува екстремнa грижливост и
стручно знаење. Оваа работа по секоја цена препуштете му ја
на квалификуван сервисер техничар. Производот, со цел негова
инспекција или поправка, испратете го до овластениот сервисер. За
негово сервисирање користете идентични резервни делови.
Пред да се изврши сервисирање или чистење на уредот, потребно е
истиот да се исклучи и да се извади батеријата.
Извршете ги само оние подесувања и поправки што се опишани
тука. За ситр други видови поправки обратете се до овластен
специјализиран дилер.
Како резервен калап со конец користете само најлонски конец на
калап со дијаметар наведен во упатството.
По вметнувањето на новиот конец за сечење, пред да се стартува
производот потребно е да се доведе во нормалната позиција за
работа.
Чистете го производот пред секоја употреба со сува, мека крпа.
Оштетените делови да се поправат или да се заменат од страна на
овластениот сервис.
Проверете на пропишани растојанија, дали сите навртки, завртки и
штрафови се навлечени уредно, со цел да се овозможи безбедна
користење на производот.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети,
Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee
(консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот
со наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот број на
табличката со учинокот или во Вашата корисничка служба или
директно кај Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10,
71364 Winnenden, Германија.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете
внимание на упатствата за употреба.
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Носете ракавици!
Носте штитник за уши.
Секогаш при користење на машината носете ракавици.
Да се носи заштитен шлем.
Да се носат заштитни очила.
Носте штитник за уши.
Носете заштитни чевли!
Носете долги панталони
Секогаш уредот да се води со двете раце.
Присутни лица мораат да бидат
оддалечени најмалку 15 m од машината.
Внимание – врели површини!
Погрижете се случајните минувачи да не бидат
погодени од материјали што се исфрлаат или паѓаат.
Бидете подготвени за повратен удар.
Држете ги дланките и стапалата подалеку од сечилото.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: пред сервисирање да се извади
акумулаторот.
Не користете го уредот со сечила за пили, сечила за
рабови или сечила за сецкање.
Не ја изложувајте машината на дожд.
Гарантираното ниво на звучна моќност изнесува 96 dB.
96
Одржувајте безбедно растојание.
повисока максимална брзина
пониска максимална брзина
Резервни делови и прибор не влегуваат во рамките на
испораката на производот.
Не отстранувајте ги отпадните батерии, отпадната
електрична и електронска опрема како несортиран
комунален отпад. Отпадните батерии и отпадната
електрична и електронска опрема мора да се собираат
посебно.
Отпадните батерии, отпадните акумулатори и
отпадните извори на светлина треба да се отстранат
од опремата.
Проверете кај вашиот локален орган или продавач за
совети за рециклирање и место за собирање.
Во зависност од локалните регулативи, трговците на
мало може да се обврзани бесплатно да ги преземаат
искористените батерии, како и отпадната електрична и
електронска опрема.
Вашиот придонес за повторна употреба и рециклирање
на отпадните батерии и отпадната електрична
и електронска опрема помага да се намали
побарувачката на суровини.
Отпадните батерии, посебно оние што содржат
литиум, и отпадната електрична и електронска опрема
содржат вредни материјали за рециклирање, кои
може негативно да влијаат на животната средина и
на здравјето на луѓето доколку не се отстранат на
еколошки компатибилен начин.
Избришете ги личните податоци од отпадната опрема,
доколку ги има.
n
Брзина без оптоварување
0
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Ознака за сообразност на ОК
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
165

Publicidad

loading