Descargar Imprimir esta página

Bosch 0 601 B22 503 Manual Original página 311

Ocultar thumbs Ver también para 0 601 B22 503:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 51
All manuals and user guides at all-guides.com
OBJ_BUCH-1128-004.book Page 311 Wednesday, April 15, 2015 4:58 PM
Минимални делови за обработка(= сите предмети за
обработка, кои со испорачените брзи стеги 21 може да се
затегнат лево или десно од листот на пилата):
145 x 40 мм (должина x ширина)
макс. длабочина на резот: (0°/0°): 85 мм
Менување на плочата за вметнување (види слика O)
Црвените плочи за вметнување 10 може да го истрошат
електричниот уред по подолга употреба.
Заменете ја дефектната плоча за вметнување.
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Одвртете ги завртките 56 со испорачаниот крстест
одвртувач и извадете ги старите плочи за вметнување.
– Ставете ја новата лева плоча за вметнување.
– Поставете го вертикалниот агол на закосување на 47°
(од левата страна).
– Притиснете на лостот за блокада 41 и навалете го
кракот на алатот сосема надолу.
– Притиснете ја плочата за вметнување до околу 2 mm на
листот за пилата. Осигурете се дека по целата должина
на можното движење со влечење, листот за пилата
нема да ја допира плочата за вметнување.
– Повторно прицврстете ја плочата за вметнување.
– Повторете ги работните чекори аналогно за новата
десната плоча за вметнување.
Сечење
Сечење без влечење (отсекување) (види слика P)
– За сечење без повлекување (мали делови за
обработка) олабавете ја завртката за фиксирање 29,
доколку истата е затегната. Поместете го кракот на
алатот до крај во правец на граничните водилки 18 и
повторно затегнете ја завртката за фиксирање 29.
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Поставете го саканиот агол на косо сечење.
– Вклучете го електричниот апарат.
– Притиснете на копчето 6 и со дршката водете ја рачката
на алатот 5 бавно надолу.
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
– Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека
листот за пилата не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Сечење со влечење
– За сечење со помош на механизмот за влечење 23
(широки делови за обработка) олабавете ја завртката
за фиксирање 29, доколку истата е затегната.
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Поставете го саканиот агол на косо сечење.
– Поместете го кракот на алатот од граничните водилки
18, додека листот за пилата не дојде пред делот што се
обработува.
– Вклучете го електричниот апарат.
– Притиснете на копчето 6 и со дршката водете ја рачката
на алатот 5 бавно надолу.
Bosch Power Tools
– Сега притиснете го кракот на алатот во правец на
граничните водилки 18 и сечете го делот што се
обработува со рамномерен притисок.
– Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека
листот за пилата не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Сечете делови со еднаква должина (види слика Q)
За едноставно сечење на делови со еднаква должина
може да го употребите должинскиот граничник 35.
Граничникот за должина може да го монтирате на двете
страни на продолжетокот на масата за пила 36.
– Олабавете ја завртката за блокада 34 и преклопете го
граничникот за должина 35 над завртката за затворање
57.
– Повторно затегнете ја завртката за фиксирање 34.
– Поставете го продолжетокот на масата за пила 36 на
саканата должина (види „Продолжување на масата за
пилата", страна 309).
Подесување на граничникот за длабочина
(сечење на жлеб) (види слика R)
Граничникот за длабочина мора да го поместите, доколку
сакате да исечете жлеб.
– Притиснете на рачката за блокирање 41 и рачката на
алатот навалете ја посакуваната позиција.
– Притиснете на копчето 58.
– Поместете ја регулаторната завртка 27 се додека крајот
на завртката не го допира граничникот за длабочина
59.
– Ослободете го копчето 58 повторно.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Специјални делови за обработка
При сечење на свиткани или тркалезни делови за
обработка, мора добро да ги обезбедите од склизнување.
На линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу
делот што се обработува, граничната водилка и масата за
пила.
Доколку е неопходно. мора да припремите специјални
држачи.
Обработка на профилни лајсни
(подни и плафонски лајсни)
Профилните лајсни може да се обработуваат на два
различни начини:
– поставени кон граничната водилка,
– плоснато лежејќи на масата за пила.
Понатаму, независно од ширината на профилната лајсна,
може да сечете со или без повлекување.
Секогаш проверете го поставениот агол на закосување
најпрво на отпадно дрво.
Македонски | 311
1 609 92A 19J | (15.4.15)

Publicidad

loading