All manuals and user guides at all-guides.com
OBJ_BUCH-1128-004.book Page 314 Wednesday, April 15, 2015 4:58 PM
314 | Македонски
– Поставете вертикален агол на закосување, повторно
цврсто затегнете го затегнувачкиот лост 14 и проверете
дали е постигната посакуваната сила на затегнување.
Поставка на силата на стегата 3 (види слика V)
Силата на стегата 3 на дршката може дополнително да се
поставува.
Проверете:
– Силата на стегата мора сигурно да ја држи дршката во
сите 4 можни позиции.
Поставување:
– Отворете ја стегата 3.
– Свртете ги двете завртки за прилагодување 67 со
испорачениот Внатрешен шестаголен клуч 44 (1,5 mm)
спротивно на стрелките на часовникот, за намалување
на силата на стегата или свртете ги во правец на
стрелките на часовникот, за зголемување на силата на
стегата.
Поставете ги двете завртки за прилагодување секогаш
на иста висина.
– Затворете ги стегите 3 и проверете дали е постигната
посакуваната сила на стегата.
Центрирање на показателот на агли (хоризонтално)
(види слика W)
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 16 до жлебот 15 за 0°. Лостот
13 мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверете:
Показателот на агли 68 мора да биде во линија со
0°-ознаката на скалата 38.
Поставување:
– Олабавете ја завртката за прицврстување на
показателот на агли со испорачаниот крстест одвртувач
33 и насочете го показателот на агли по должина на
0°-ознаката.
– Повторно зацврстете го шрафот.
Израмнување на граничната водилка
– Подесете го електричниот апарат во транспортна
позиција.
– Свртете ја масата за пила 16 до жлебот 15 за 0°. Лостот
13 мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверете: (види слика X1)
– Поставете го агломерот на 90° и ставете го прецизно со
листот на пилата 7 помеѓу шините на граничникот 18 и
листот на пилата на столот на пилата 16.
Кракот од агломерот мора да биде рамен со граничната
водилка по целата должина.
Поставување: (види слика X2)
– Олабавете ги завртките за прицврстување 20 на двете
страни на продолжувањето на шините на граничникот
19.
Олабавете ги завртките за поставка 69 со испорачениот
Внатрешен шестаголен клуч 33 (4 mm).
– Отстранете ги продолжувањата на шините на
граничникот.
1 609 92A 19J | (15.4.15)
– Олабавете ги сите Внатрешен шестаголен завртки 70
со испорачениот цевчест клуч 33 (14 mm).
– Свртете ја граничната водилка 18 додека агломерот не
лежи прецизно по целата должина.
– Затегнете ги Внатрешен шестаголен завртките 70
повторно цврсто.
– Повторно затегнете ги продолжувањата на шините на
граничникот. Затегнете ги завртките за поставка 69
само толку, за да може продолжувањата на шините на
граничникот лесно да се поместуваат.
Транспорт (види слика Y)
Пред транспортот на електричниот апарат мора да ги
извршите следните чекори:
– Олабавете ја завртката за фиксирање 29, доколку
истата е затегната. Извлечете го кракот на алатот
целосно нанапред и повторно затегнете ја завртката за
фиксирање.
– Подесете го електричниот апарат во транспортна
позиција.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот апарат.
Неискористените листови за пила, доколку сакате да ги
транспортирате ставете ги во затворена кутија.
– Носете го електричниот алат на рачките за транспорт
28 и 2 или фаќајте го во длабнатините на рачката 71
странично на столот на пилата.
Електричниот апарат секогаш треба да го носат две
лица, за да се избегнат болките во грбот.
За транспортирање на електричниот апарат,
користете ги секогаш уредите за транспорт, а не
заштитните уреди.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Чистење
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и безбедно
да работите.
Заштитната хауба со повратен механизам мора секогаш да
се движи слободно и самостојно да се затвора. Пределот
околу заштитната хауба со повратен механизам секогаш
треба да биде чист.
Отстранете ја правта и струготините со издувување со
компресиран воздух или со четка по секоја работна
постапка.
Редовно чистете го лизгачкиот валјак 9.
Bosch Power Tools