диференцијален струен уред (RCD).
Користењето на диференцијален струен уред ја
смалува опасноста од струен удар.
3) Лична безбедност
а) Бидете внимателни, внимавајте што
правите и користете здрав разум кога
ракувате со електричен алат. Не користете
електричен алат кога сте уморни или под
влијание на наркотици, алкохол или
лекови.
Момент на невнимание во текот на ракувањето со
електричниот уред може да предизвика сериозни
повреди.
Користете заштитна опрема. Секогаш носете
заштита за очи.
b) Заштитната опрема како што е
маска за прашина, заштитни обувки,
шлем или антифони, во одредени
услови ќе ги намалат повредите.
c) Спречете го несаканото активирање.
Осигурете се дека прекинувачот е во
положба OFF (исклучено) пред да го
приклучите електричниот извор и/
или батеријата, пред подигнување или
пренесување на алатката.
Пренесувањето на електричниот алат со прстот на
прекинувачот или вклучување на електричниот алат
додека прекинувачот е во позиција вклучено просто
мами повреди.
d) Склонете го секој алат за дотерување или
клучеви пред да го вклучите електричниот
алат.
Клуч или инбус кој останал прикачен на
ротирачкиот дел на електричниот алат може да
резултира со повреда.
e) Не пресигајте се. Одржувајте правилно
стоење и рамнотежа цело време.
Ова овозможува подобра контрола на
електричниот алат во неочекувани ситуации.
f) Облечете се пригодно. Не носете накит,
ниту премногу широка облека. Чувајте ја
косата, облеката и ракавиците подалеку
од подвижните делови.
Прешироката облека, накитот и долгата коса може
да бидат фатени во подвижните делови.
g) Доколку имате на располагање уред
за собирање и смукање на прашината,
задолжително поврзете го и користете го.
Со собирање на прашината може да се намали
опасноста од несреќи предизвикани од прашина.
4) Користење и одржување на електричните
алатки
а) Не користете електричен алат на сила.
42
Употребете соодветна електрична алатка
за вашата работа.
Соодветната електрична алатка ќе ја изврши
работата за која е предвидена подобро,
побезбедно и побрзо.
b) Не користете електричен алат ако неговиот
прекинувач за вклучување/исклучување
не работи.
Алатка која не може да се контролира со
прекинувачот е опасна и мора да биде поправена.
c) Исклучете го приклучокот од струјниот
извор /или откачете ја батеријата од
електричната алатка пред да правите
какви било дотерувања, замена на
додатоците или нивно складирање.
Ваквите превентивни безбедносни мерки го
намалуваат ризикот од случајно активирање на
елечтирчниот алат.
d) Алатките кои нема да ги користете чувајте
ги вон дофат на деца и не дозволувајте
им на лица кои не се запознаени со
електричната алатка или овие инструкции
да работат со неа.
Електричниот алат е опасен во рацете на необучени
лица.
e) Одржувајте го електричниот алат.
Проверете дали има искривени или
блокирани подвижни делови, скршени или
на кој било начин оштетени делови кои
на каков било начин може да влијаат на
работата на електричната алатка. Доколку
е оштетена, пред употреба, однесете ја
електричната алатка на поправка.
Многу несреќи се случиле заради лошото
одржување на електричниот алат.
f) Одржувајте го алатот за сечење остар и
чист.
Исправно одржуваните алатки за сечење со
остри рабови за сечење помалку се заглавуваат и
полесно се контролираат.
g) Користете ги електричните алатки,
приборот и деловите на алатките согласно
овие инструкции, земајќи ги предвид
работните услови и видот на работата.
Користењето на електричните алатки за работа за
која не се предвидени може да предизвика опасни
ситуации.
5) Сервисирање
α) Вашиот електричен алат треба да го
поправа само квалификувано лице со
користење на оригинални резервни
делови.
Со ова се обезбедува натамошно безбедно
користење на електричните алатки.