Вовед
Пред пуштањето во употреба, прочитајте ја оваа
документација. Ова е предуслов за успешна работа
и непречено ракување.
Земете ги во предвид напомените за безбедност и
предупредување во оваа документација, како и на
самиот уред.
Оваа документација е постојан составен дел од
опишаниот производ, и при отуѓувањето треба да
му се предаде на купувачот.
Објаснување на симболите
Внимание!
Со прецизно следење на овие предупредувања мо-
жат да се избегнат повреди на лица или штети на
имот.
Специјални напомени за подобро разбирање и
ракување.
Содржина
Вовед ..................................................................... 164
Опис на производот .............................................. 164
Безбедносни напомени ........................................ 166
Монтирање ............................................................ 166
Пуштање во употреба .......................................... 166
Безбедносен кабел ............................................... 166
Одржување и нега ................................................ 167
Помош во случај на дефекти ............................... 168
Отстранување ....................................................... 168
Изјава за усогласеност за ЕУ ............................. 169
Гаранција ............................................................... 169
164
Опис на производот
Прописна примена
Овој уред е наменет за растресување и вентилирање
на тревници (скарификација) во приватниот сектор и
е дозволено да се користи само на сува и кратко ис-
косена трева.
Секаква друга употреба надвор од горенаведената е
несоодветна.
Внимание!
Уредот не смее да се употребува за комерцијални
цели.
Безбедносни и заштитни уреди
Заштитна склопка на моторот
При оптоварување на скарификаторот/вентилаторот,
заштитната склопка го исклучува моторот. Функцијата
на заштитната склопка на моторот не смее да биде ис-
клучена.
Доколку заштитната склопка го исклучи моторот, поста-
пете на следниов начин:
1. Исклучете го уредот од струјната мрежа.
2. Отстранете ги причините за оптоварувањето.
3. Откако ќе се излади 2 до 3 минути, повторно вклу-
чете го уредот во струјната мрежа и продолжете
со работа.
Безбедносен прекинувач
Уредот е опремен со безбедносен прекинувач, па ќе
престане да работи ако се испушти од раце.
Опасност!
Функцијата на безбедносниот прекинувач не смее да
биде исклучена.
Заден капак
Уредот е опремен со заден капак.
Визуелен показател за безбедност (03, 08)
Визуелниот показател за безбедност го прикажува
фиксирањето на работното вратило.
Зелениот молив е видлив приб. 5 mm (1):
Вратилото со сечилата е правилно фиксирано.
Зелениот молив не е веќе видлив, видлива е црве-
на линија (2):
фиксирањето на вратилото со сечилата се раз-
лабавило. Фиксирањето на вратилото со сечилата
мора да се провери и да се прицврсти (08/1, 08/3)
Превод на оригиналното упатство за работа