c) Заштитната капа мора да биде сигурно поставена
на електро-алатот и да биде така нагодена, што ќе се
постигне максимално ниво на безбедност, тоа значи
најмал дел од алатот за брусење да е насочен кон
операторот. Заштитникот помага да се заштити операторот
од скршени парчиња од дискот, случаен контакт со дискот и
искри кои би можеле да ја запалат облеката.
d) Дисковите мора да се користат само за специфичните
примени. На пример: не брусете со страната од диск
за отсекување. Дисковите за делење се наменети за
отстранување на материјал со работ на дискот. Дејството на
странична сила врз овие тела за брусење може да ги скрши
истите.
e) Секогаш употребувајте за дисковите за брусење што сте
ги одбрале неоштетени фланши за стегање, со исправна
големина и форма. Соодветните фланши го заштитуваат
дискот за брусење и на тој начин ја намалуваат опасноста
од кршење на дискот за брусење. Фланшите за дискови за
делење можат да се разликуваат од фланшите за други
дискови за брусење.
f) Не употребувајте искористени дискови за брусење од
поголеми електро-алати. Диск за поголем електричен алат
не е погоден за поголемата брзина на помал алат и може да
пукне.
g) Кога користите дискови со двојна намена, секогаш
користете го точниот заштитник за примената што се
врши. Ако не го користите точниот заштитник, може да не се
постигне посакуваното ниво на заштита, кое може да доведе
до сериозна повреда.
Дополнителни безбедносни предупредувања за
абразивни отсекувања:
a) Избегнувајте заглавување на дискот за делење или
премногу висок контактен притисок. Не изведувајте
претерано длабоки засеци. Преоптоварувањето на дискот
за делење го зголемува неговиот напор и чувствителноста
за извртување или блокирање, а со тоа и на можноста за
повратен удар или за кршење на телото за брусење.
b) Избегнувајте го доменот пред и зад ротирачки диск за
делење. Доколку дискот за делење го движите во материјалот
за обработка во насока подалеку од себе, во случај на
повратен удар електро-алатот со дискот што се врти, може да
се насочи директно кон вас.
c) Доколку дискот за делење се заглави или доколку
прекинете со работа, исклучете го електро-алатот и
држете го мирно сè додека дискот не постигне состојба
на мирување. Никогаш не обидувајте се, да го извлечете
дискот од засекот додека се врти, во спротивно може
да дојде до повратен удар. Констатирајте и отстранете ја
причината за заглавувањето.
d) Не вклучувајте го електро-алатот повторно, сè додека
истиот се наоѓа во материјалот за обработка. Дозволете
дискот да го достигне целиот број на вртежи, пред
внимателно да го продолжите сечењето. Во спротивно
дискот може да заглави, да отскокне од материјалот за
обработка или да предизвика повратен удар.
e) Потпрете ги плочите или големите материјали за
обработка, за да го намалите ризикот од повратен
удар како резултат на заглавен диск за делење. Големи
материјали за обработка може да свијат како последица
на својата тежина. Материјалот за обработка мора да биде
потпран на двете страни и тоа како во близина на засекот за
делење така и на работ.
f) Бидете посебно внимателни при „Џебни засеци„ во
постоечки ѕидови или други подрачја каде што се нема
увид. Дискот што навлегува може да предизвика повратен
удар при сечење во гасоводи или водоводи, понатаму во
електрични водови или други објекти.
g) Не обидувајте се да правите заоблен сечење.
Преоптоварувањето на дискот го зголемува оптоварувањето
и чувствителноста на виткање или заглавување на дискот во
засекот и можноста од повратен удар или кршење на дискот,
коешто може да доведе до сериозна повреда.
146
425049_M18BLSAG125X_125XPD_115XPD_1-0.indd 146
425049_M18BLSAG125X_125XPD_115XPD_1-0.indd 146
Безбедносни предупредувања специфични за
шмирглање:
a) Користете диск хартија за шмирглање со соодветна
големина. Почитувајте ги препораките на производителот
кога ја избирате хартијата за шмирглање. Големата хартија
за шмирглање која премногу излегува надвор од подлогата
за шмирглање претставува опасност од повреда и може да
предизвика кинење, парчосување на дискот или повратен
удар.
Безбедносни предупредувања специфични за четкањето
со жица:
a) Обратете внимание на тоа, дека челичната четка и за
време на вообичаената употреба губи парчиња жица. Не
ги преоптоварувајте жиците со премногу висок притисок
на притиснување. Парчиња жица кои што се разлетуваат,
би можеле многу лесно да продрат низ лесна облека и/или
кожата.
b) Ако е предвидено користење на заштитник за четкање
со жица, не дозволувајте да има пречки на тркалото со
жица или на четката со штитникот. Кај четките со подножје
и за четкање може да дојде до зголемување на нивниот
дијаметар како резултат на притисокот при допир и на
центрифугалните сили.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Секогаш проверувајте дали копчето за вретенасто заклучување
е целосно откочено пред да го вклучите алатот! По користење
на вретенастото заклучување за зацврстување / олабавување
на абразивниот диск, можно е копчето да се заглави во
позицијата за заклучување.
При глодање на метал, се создаваат летечки искри. Погрижете
се луѓето да не бидат загрозени. Поради ризик од пожар,
запалливи матери не смеат да бидат лоцирани во близина (зона
на искрење). Не користете издув за прав.
Избегнувајте искри и прашина од брусењето да го погодат
телото.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна
површина при вклучена машина.
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека
е машината работи.
Во случај на значителни вибрации или појава на други
неправилности веднаш исклучете ја машината со цел да ја
најдете причината за нив.
Во екстремни услови, (на пр. фино брусење на метал со дискот
за пилевина и вулканизирани влакна), во внатрешната страна
на брусилката може да се напластат остатоци.
Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат до
отворите за вентилација-ризик од куршлус!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од изгореници! Дискот и
работниот дел ќе се вжештат при употребата. Носете ракавици
кога ги менувате дисковите или го допирате работниот дел.
Дланките нека ви бидат постојано настрана од делот што го
брусите.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат
избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од
M18 систем. Не користете батерии од друг систем.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Аголната брусилка е наменета за брусење и сечење метални,
камени, бетонски и керамички материјали, како и пескарење и
чистење арматура со челична четка.
МАКЕДОНСКИ
19.12.22 15:16
19.12.22 15:16