•
Избегнувајте да го користите уредот на место каде има прашина, влага или
нечистотија или во близина на магнетно поле.
•
Држете ја батеријата подалеку од оган, прекумерна топлина и директна
сончева светлина. Не ставајте ја врз или во уреди за греење. Не
расклопувајте ја, не изменувајте ја, не фрлајте ја и не стискајте ја. Не
вметнувајте туѓи тела во неа, не потопувате ја во течности и не изложувајте ја
на надворешна сила или притисок, бидејќи тоа може да предизвика
протекување, прегревање, да се запали, па дури и да експлодира.
•
Избегнувајте да ги расклопувате или да ги изменувате уредот и неговите
додатоци. Неовластеното расклопување и изменување може да предизвика
поништување на фабричката гаранција. Ако уредот е неисправен, посетете
овластен Сервисен центар за корисници на Honor за помош.
•
Не обидувајте се сами да ја замените батеријата – може да ја оштетите
батеријата, што може да предизвика прегревање, пожар и повреда.
Вградената батерија во уредот треба да се сервисира од страна на Honor или
овластен давател на услуги.
•
Ако забележите проблеми со кожата додека го носите уредот, извадете го и
одете на лекар.
•
Одржувајте ги чисти металните контакти на слушалките и на кутијата за
полнење. Во спротивно, слушалките може да не работат исправно.
Информации за фрлање и рециклирање
Овој симбол на производот, батеријата, литературата или амбалажата
значи дека производите и батериите треба да се однесат во посебни места за
собирање отпад одредени од локалните власти на крајот на нивниот работен
век. На тој начин ќе се обезбеди дека отпадот од електричната и електронската
опрема ќе се рециклира и ќе се третира на начин што ги зачувува вредните
материјали и го заштитува здравјето на луѓето и околината. За повеќе
127