Descargar Imprimir esta página

Bosch GDR Professional 18V-220 C Manual Original página 195

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 30
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Промена на алат
Ставање на алатот за вметнување (види слика A)
Ставете го алатот за вметнување до крај во прифатот за
алат (1).
Битовите за одвртувачот (13) може да ги ставите со
помош на универзален држач за битови со топчест
затворач (14).
НАПОМЕНА: Ако е тешко вметнувањето на алатот за
вметнување, повлечете ја нанапред чаурата за
заклучување и вметнете го алатот за вметнување во
прифатот за алат до крај.
НАПОМЕНА: проверете дали алатот за вметнување е
вклопен и фиксиран.
Вадење на алатот за вметнување
Извлечете ја чаурата за заклучување (2) нанапред и
извадете го алатот за вметнување.
Активирање на Bluetooth® Low Energy модул
GCY 42 (опрема)
За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY 42
прочитајте го соодветното упатство за употреба.
Употреба
Функционалност
Прифатот за алат (1) и алатот што се вметнува се ставаат
во погон со електромотор со помош на погон и ударен
механизам.
Прикази за состојба
Прикажување на
Значење/Причина
состојбата на електричниот
алат (15)
Зелено
Статус OK
Жолто
Достигната е критичната температура или
батеријата е речиси празна
Bosch Power Tools
Работната постапка се дели во две фази:
Завртување и Затегнување (ударен механизам во
акција).
Ударниот механизам се активира, штом се затегне спојот
на шрафовите и така се оптоварува моторот. Притоа
ударниот механизам ја претвора силата на моторот во
еднакви удари со вртење. При олабавување на шрафови
и мутери, оваа постапка тече по обратен редослед.
Ставање во употреба
Подесување на правецот на вртење (види слика B)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (3)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (9) е притиснат ова не е
возможно.
Вртење во десно: За навртување на завртки и
прицврстување на навртки притиснете го прекинувачот
за менување на правец на вртење (3) на лево до крај.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на
завртки и навртки притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење (3) на десно до крај.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување (9).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (9) се постигнуваат мал број на вртежи/
удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи/удари.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(9) и држете го притиснат.
Работните светла (10) и (18) светат при малку или
целосно притиснат прекинувач за вклучување/
исклучување (9) и овозможуваат осветлување на
работната зона при неповолни светлосни услови.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (9).
Кориснички интерфејс (види слика C)
Корисничкиот интерфејс  служи за претходно избирање
на бројот на вртежи и на режимот на работење, како и за
прикажување на состојбата на електричниот алат.
Решение
Оставете го електричниот алат да работи во
празен од и да се олади или наскоро
заменете ја одн. наполнете ја батеријата
Македонски | 195
1 609 92A 8HZ | (14.12.2023)

Publicidad

loading