c) Користете ги водилките на лостот и синџирот
само за работи што ги посочил производителот.
Резервните делови за лостот и за синџирот што не
се соодветни може да предизвикаат расипување на
синџирот и / или контраудар.
d) Придржувајте се до упатствата на производителот
во однос на острењето и одржувањето на пилата со
синџирот. Намалување на нивото на темелноста може
да доведе до зголемување на контраударот.
• Техники за употреба на пила со синџир на струја
(со напојување на батерија)
Секогаш следете ги предочувањата за ваша безбедност
и применувајте ги техниките за сечење што најдобро
одговараат на работата во согласност со индикациите и
со прикажаните примери и упатства.
• Безбедно движење на пилата со синџир на струја
(со напојување на батерија)
Секогаш кога е потребен пренос или транспорт на
машината, треба:
– да се исклучи моторот, да се смири синџирот и да се
исклучи машината од довод на ел. енергија;
– да се стави заштитата за лостот.
– да се држи машината само за држачите и да се
насочи лостот во правец спротивен од правецот на
движење.
Кога машината се транспортира со возило, треба да се
постави на начин да не претставува опасност за никој и
да се блокира цврсто.
• Препораки за почетници
Пред да започнете со сечење и кастрење за првпат,
неопходно е:
– да имате соодветна обука за користење на овој вид
апарати;
– да сте ги прочитале безбедносните предочувања и
упатството за користење што се составен дел на
овој прирачник;
– да сте вежбале на мали грмушки на земја или
фиксирани на соодветни потпори на начин што ќе
доведе до неопходната запознаеност со машината
и со најчестите техники за сечење.
• Правилна работа и употреба на електричните
апарати и батеријата
a) Проверете дали апаратот е исклучен пред да
ја ставите батеријата. Ставање батерија во
вклучен електричен апарат може да предизвика
инциденти.
b) Користете само полначи за полнење на батериите
што ги препорачува производителот. Полначите
на батериите генерално се специфични за типот
на батеријата, ако се користат со други типови,
постои ризик од пламен.
c) Користете само батерии со спецификации што се
предвидени за вашиот апарат. Употреба на други
батерии може да предизвика повреди и ризик од
пламен.
d) Чувајте ја батеријата што не ја користите
подалеку од канцелариски прибор, пари, клучеви,
игли, навртки и други мали метални предмети што
може да предизвикаат краток спој на контактите.
Краток спој на контактите на батеријата може да
доведе до експлозија и пламен.
e) Батерија
да
предизвика
Избегнувајте контакт со течноста. Во случај на
случаен контакт, исплакнете со вода. Во случај на
контакт на течноста со очите, консултирајте се со
доктор. Истечената течност од батеријата може
да предизвика иритација на кожата и изгореници.
f) Проверете дали батеријата е во добра состојба и
дали има знаци од оштетување. Не користете ја
машината со оштетена или користена батерија.
1.4. ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛАГАЊЕ И ТРАНСПОРТ
Редовно одржувајте и правилно одложете ја машината за
да ја одржите безбедноста на машината и нивото на работа.
• Никогаш не користете ја машината со користени или
оштетени делови. Оштетените или дефектните делови
треба да се заменат, никогаш да не се поправаат.
Користете само оригинални резервни делови
• При запирање на машината за одржување, инспекција,
складирање или менување на додаток, исклучете го
моторот, исклучете ја машината од електричната
мрежа и осигурајте се дека сите подвижни делови се
целосно запрени.
• За намалување на ризикот од оган, не оставајте полни
контејнери во затворен простор.
Дадените нивоа за бучава и вибрации во
ова упатство се максимални вредности при
употреба на машината. Употребата на елемент
за косење којшто не е стабилен, движењето
со преголема брзина, неодржувањето на
машината значително влијаат врз емисијата
на бучава или вибрации. Затоа, неопходно
е да применувате заштитни мерки за
да елиминирате можни оштетувања
заради зголемена бучава или значителни
вибрации. Редовно одржувајте ја машината,
носете слушалки против бучава и правете
паузи во работата.
1.5. БАТЕРИЈА / ПОЛНАЧ ЗА БАТЕРИЈАТА
ВАЖНО Следните безбедносни мерки ги опфаќаат
безбедносните одредби коишто се претставени во
даденото упатство за батеријата и за полначот на
батеријата кое што се доставува со машината.
• Користете само полначи за полнење на батериите што
ги препорачува производителот. Несоодветен полнач
за батеријата може да предизвика електричен удар,
прегревање или протекување на корозивната течност
од батеријата.
• Користете само батерии со спецификации што се
предвидени за вашиот апарат. Употреба на други
батерии може да предизвика повреди и ризик од
пламен.
• Проверете дали апаратот е исклучен пред да ја ставите
батеријата. Ставање батерија во вклучен електричен
апарат може да предизвика пожар.
• Чувајте ја батеријата што не ја користите подалеку
од канцелариски прибор, пари, клучеви, игли,
навртки и други мали метални предмети што може
MK - 4
во
неисправна
состојба
истекување
на
може
течноста.