Descargar Imprimir esta página

ST CS 20 Li B Manual De Instrucciones página 178

Motosierra de cadena para poda alimentada a batería

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 98
да предизвикаат краток спој на контактите. Краток
спој на контактите на батеријата може да доведе до
експлозија и пламен.
• Не користете го полначот за батеријата на места каде
има гасови, запаливи супстанци или лесно запаливи
површини, како што се хартија, ткаенина и слично. За
време на полнењето, батеријата се загрева и може да
предизвика оган.
• За време на транспорт на акумулаторите, обрнете
внимание контактите да не дојдат во спој меѓу себе и
не користете метални кутии за транспорт.
1.6. ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
• Доследно следете ги локалните закони за фрлање
на амбалажата, делови во распаѓање или какви било
елементи со штетно влијание врз животната средина.
Овие отпадоци не смеат да се фрлаат во ѓубре, туку
треба да се селектираат и да се однесат во соодветни
собирни центри за рециклирање материјали.
• Следете ги во целост локалните закони за фрлање на
материјалите што се резултат на сечењето.
• При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината
каде било во природата, туку предајте ја во собирен
центар во согласност со важечките локални закони.
Не фрлајте ги електричните апарати
заедно со домашен отпад. Во согласност
со директивата на ЕУ 2012/19/UE, отпадот
што се состои од електрични и електронски
апарати е ваша одговорност и, во согласност
со националните одредби, електричните
апарати за фрлање треба да се фрлат
засебно за да може подоцна повторно да
се употребат на екокомпатибилен начин.
Ако електричните апарати се одложат на
ѓубриште или на земја, штетните состојки
може да стапат во контакт со елементите
во почвата и да навлезат во синџирот на
исхрана, со што ќе се нарушат вашето
здравје и благосостојбата. За подетални
информации околу фрлањето на овој
производ, контактирајте со компетентни
институции за фрлање домашен отпад или
со застапникот
Откако ќе ѝ помине рокот на употреба,
извадете ја батеријата обрнувајќи внимание
на животната средина. Батеријата содржи
материјал што е опасен за вас и за
средината. Треба да се извади и расклопи
во засебен сад што може да содржи
литиумски јони.
Засебното собирање на производите и
искористените пакувања овозможува
рециклирање на материјалите и повторна
употреба. повторната употреба на
рециклираните материјали спречува
штета на животната средина и ја намалува
потребата за примарни материјали.
2.
ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
Оваа машина претставува градинарска опрема и
конкретно преносна моторна пила за градини на батерии.
Машината се состои од мотор што се напојува на батерии
и лост за наведување којшто служи да го пренесува
движењето на моторот врз синџирот со запци за
правилно и точно сечење.
ВНИМАНИЕ
Оваа алатка може да предизвика синдром на
вибрации на рака доколку со неа не се управува
соодветно.
Предвидена и неправилна употреба
Оваа машина е проектирана и конструирана за:
- сечење и расчистување на зеленилото на високите
дрвја;
- сечење грмушки, трупци или дрвени греди чијшто
дијаметар зависи од должината на лостот за наведување;
- само за сечење на дрво.
Која и да е друга употреба,поинаква од горенаведените,
може да претставува опасност и да предизвика повреди
и штети за лица и/или предмети. Се отфрлаат при
неправилна употреба (како пример, но не се ограничува
на следното):
- регулација на жива ограда;
- обликување;
- сечкање гранки, сандаци и дрвени амбалажи од
секаков вид;
- сечење мебел или што било друго што содржи клинци,
шрафови и секој друг вид на метални компоненти;
- месарски работи;
- употреба на машината за сечење материјали коишто не
се од дрво (пластика, градежен материјал);
- употреба на машината како рачка за подигнување,
спуштање или кршење предмети;
- употреба на машината од страна на повеќе луѓе.
ВАЖНО Несоодветната употреба на машината
доведува до отфрлање на гаранцијата и ја отфрла секоја
одговорност на производителот, префрлувајќи ги на
корисникот произлезените обврски предизвикани од
повреди или оштетувањата лично или на трети лица.
ВАЖНО Оваа машина е наменета за користење само
од страна на обучени оператори за одржување на дрвја.
ВАЖНО Машината работи само кога се ставени двете
батерии.
ЗАБЕЛЕШКА Батериите може да се полнат директно
на машината преку основата за напојување.
2.1. КОМПОНЕНТИ НА МАШИНАТА
(Сл. 1)
A. Мотор
B. Предна рачка
C. Задна рачка
D. Предна заштита за рацете
E. Лост за наведување
F. Синџир со запци
G. Копче за блокирање на синџирот
H. Харпун
I. Прстен за брзо затегнување на синџирот
J. Заштита за лостот
MK - 5

Publicidad

loading