Пред да извршите каква било контрола, чистење или
интервенција за одржување/регулација на машината:
•
Запрете ја машината и исклучете го моторот.
•
Почекајте да застане синџирот.
•
Отстранете ги батериите (никогаш не оставајте
ги батериите вметнати или на дофат на деца или
неовластени лица).
•
Ставете ја заштитата за лостот.
•
Оставете моторот да се излади пред да се остави
машината во која било просторија.
•
Носете соодветна облека, работни чевли и
заштитни очила.
• Полнење на резервоарот со масло за синџирот (Сл. 31)
ВАЖНО Користете исклучиво масло наменето за
моторни пили или масло со адитиви за моторни пили.
Не користете масло што содржи нечистотии за да не
го запушите филтерот во резервоарот и трајно да ја
оштетите пумпата за масло.
ВАЖНО Никогаш не вклучувајте го синџирот без
доволно масло зашто така може да се оштети моторната
пила и да ја загрози безбедноста.
• Копче за блокирање на синџирот
Проверете го клинот за запирање на синџирот пред секоја
употреба (Сл. 1.G) и проверете ја работата ако има
• Отвори за подмачкување на машината и на лостот
Пред секојдневната работа, извадете го картерот, извадете
го лостот и проверете дали отворите за подмачкување на
машината (Сл. 32.A) и на лостот за наведување (Сл. 32.B)
се блокирани.
• Навртки и шрафови за фиксирање
Контролирајте ги и одржувајте ги шрафовите и навртките
затегнати за да бидете сигурни дека машината е секогаш
безбедна за работа.
6.1. ЧИСТЕЊЕ
• За намалување на ризикот од запалување, одржувајте
ја машината без остатоци од лисја и гранки.
• Секогаш чистете ја машината по употребата со чиста и
мокра крпа потопена во неутрален детергент.
• Отстранете ги сите траги на влага со мека и сува крпа.
Влагата остава простор за ризик од електричен удар.
• Не користете абразивни детергенти и растворувачи да
ги исчистите пластичните делови или рачките.
• Не полевајте вода и избегнувајте мокрење на моторот
и на електричните делови.
• За да избегнете прегревање или оштетување на
моторот и на батеријата, секогаш проверувајте дали
решетката за воздух за ладење е чиста и без остатоци.
6.2. ПОЛНЕЊЕ НА БАТЕРИИТЕ НА МАШИНАТА
ЗАБЕЛЕШКА Пред полнење, отстранете го капачето
(Сл.16.B).
Батериите може да се полнат директно на машината
преку основата за напојување (Сл. 1.I)
Машината може да биде обесена на ѕидот:
- директно на основа за напојување (Сл. 33.I).
- со шина (Сл. 33.II).
Поставете ја заштитата за лостот и активирајте
ја сопирачката за синџирот пред да ја обесите
машината на ѕидот.
ЗАБЕЛЕШКА Не отстранувајте ги батериите додека
машината се полни.
ЗАБЕЛЕШКА Батеријата се доставува со заштита
што го прекинува полнењето ако температурата во
средината не е меѓу 0°C и 40°C.
Батериите се полнат делумно
последователно, според дијаграмот:
Фаза
1
2
3
4
7.
ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ
• Клин за пренос на синџирот
Со помош на застапникот, редовно контролирајте ја
состојбата на запците и заменете ги кога ќе бидат изабени.
Не монтирајте нов синџир со стар забец или
обратно.
• Одржување на синџирот со запци
ВАЖНО Препорачуваме острењето на синџирот да
се одвива во специјализиран центар, може да се изведе
со соодветни апарати кои обезбедуваат минимално
распрскување на материи и острење константно за сите
видови сечења.
Од безбедносни причини и поради ефикасност
во работата, многу е важно уредот со сечивото да
биде добро наострен.
Секогаш носете масивни ракавици за работа
кога ракувате со лостот и со синџирот.
Ако синџирот не е доволно наострен, постои
ризик од противудар.
• Замена на синџирот со запци
Синџирот треба да се смени кога:
- должината на сечивата ќе се намали за најмалку 5 мм;
- движењето на запците е тешко;
- брзината на сечење е бавна и повторените острења не
ја подобруваат брзината на сечење. Синџирот е изабен.
ВАЖНО По замената на синџирот, треба често
да ја проверувате затегнатоста на синџирот за да го
проверите лежиштето на синџирот.
MK - 9
Батерија
Полнење
(Сл. 29)
A (Д)
40%
B (Л)
40%
A (Д)
100%
B (Л)
100%