Descargar Imprimir esta página

Bosch GWS 24-230 Professional Manual Original página 274

Ocultar thumbs Ver también para GWS 24-230 Professional:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 43
274 | Македонски
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување и може да предизвика
електричен удар.
Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
u
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Деблокирајте го прекинувачот за вклучување/
u
исклучување и ставете го во позиција Исклучено,
доколку се прекине напојувањето со струја, на пр.
по снемување струја или влечење на струјниот
приклучок. Со тоа ќе спречите неконтролирано
рестартирање на уредот.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку
u
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
Складирајте ги алатите за вметнување во објекти
u
односно во простории кои се суви, со соодветна
температура и без опасност од замрзнување.
Пред транспорт на уредот отстранете ги алатите за
u
вметнување. На овој начин ќе избегнете оштетување.
Поврзаните дискови за брусење и сечење имаат
u
датум на истекување, по кој дисковите не смеат да
се користат.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за сечење и четкање на
метал, камен, пластика како и грубо брусење во камени
материјали со дијамантска крунеста бургија без употреба
на вода. Притоа, осигурајте се дека користите правилна
заштитна хауба (види „Употреба", Страница 279).
При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
Технички податоци
Аголна брусилка
Број на дел
Номинална јачина
1 609 92A 9HP | (25.03.2024)
Со дозволените алати за брусење електричниот алат
може да се користи за брусење со брусна хартија.
Електричниот алат не смее да се користи за брусење
камени материјали со дијамантски дискови за брусење,
за брусење метал и камен со лончеста плоча или за
обработка на композитни материјали.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се
однесува на приказот на електричниот алат на
графичката страница.
(1) Копче за блокирање на вретеното
(2) Прекинувач за вклучување/исклучување
(3) Кутија за прав (GWS 24-180 JZ / GWS 24-230 JZ /
GWS 24-230 PZ)
(4) Дополнителната рачка за придушување на
вибрациите (изолирана површина на рачката)
(5) Стандардна-дополнителна рачка (изолирана
површина на рачката)
(6) Завртка за фиксирање на заштитниот капак
(7) Заштитен капак за брусење
(8) Заштитен капак за сечење
(9) Поклопец за сечење
(10) Приклучна прирабница со O-прстен
(11) Брусна плоча
(12) Диск за сечење
(13) Дијамантски диск за сечење
(14) Затезна навртка
(15) Брзозатезна навртка 
(16) Клуч со два отвори за затезна навртка/тркалезна
навртка
(17) Рачка (изолирана површина на рачката)
(18) Брусно вретено
(19) Заштита за рацете
(20) Гумен брусен диск
(21) Сечило за пила
(22) Тркалезна навртка
(23) Лончеста четка
(24) Вилушкаст клуч
(25) Капак за всисување за сечење со лизгачки
водилки
(26) Дијамантска крунеста бургија
a) Овие додатоци не се вклучени во стандардниот опсег на
испорака.
GWS 24-180
GWS 24-230
3 601 HC2 0..
3 601 HC3 0..
W
2400
a)
a)
a)
a)
a)
a)
a)
a)
a)
a)
a)
a)
a)
a)
GWS 24-180 P
GWS 24-230 P
3 601 HC2 1..
3 601 HC3 1..
2400
2400
Bosch Power Tools
a)
2400

Publicidad

loading