Descargar Imprimir esta página

Bosch GWS 24-230 Professional Manual Original página 277

Ocultar thumbs Ver también para GWS 24-230 Professional:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 43
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Заштита од рестартирање
(GWS 24-180 JZ / GWS 24-230 JZ / GWS 24-230 PZ)
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот алат по
прекин на струја.
За повторно вклучување ставете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (2) во исклучена позиција и
одново вклучете го електричниот алат.
Мек старт
(GWS 24-180 JZ / GWS 24-230 JZ / GWS 24-230 PZ)
Електронскиот мек старт го ограничува вртежниот
момент при вклучувањето и му овозможува на
електричниот алат да се вклучи непречено.
Напомена: Доколку електричниот алат стартува веднаш
по вклучувањето со полн број на вртежи, мекиот старт и
заштитата од рестартирање не работат. Електричниот
алат мора веднаш да се испрати во сервисната служба,
(видете ги адресите во дел „Сервисна служба и совети
при користење").
Заштита од преоптоварување
(GWS 24-180 JZ / GWS 24-230 JZ / GWS 24-230 PZ)
При преоптоварување моторот запира. Оставете го
електричниот алат неоптоварен на највисок број на
вртежи во празен од околу 5–10 секунди да се олади.
Празнење на кутијата за прав (види слика D)
(GWS 24-180 JZ / GWS 24-230 JZ / GWS 24-230 PZ)
Притиснете ја кутијата за прав (3) странично и повлечете
ја (3) од електричниот алат. Отворете го капакот и
испразнете ја кутијата за прав (3). Вметнете ја кутијата за
прав (3) повторно назад во електричниот алат додека не
се вклопи.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Монтирање на заштитен уред
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на
работата или при оштетување на уредот за прифат на
заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати
во сервисната служба, за адресата погледнете во делот
„Сервисна служба и совети при користење".
Bosch Power Tools
Заштитна хауба за брусење
Поставете ја заштитната хауба (7) на грлото на вретеното.
Прилагодете ја позицијата на заштитната хауба (7)
според потребите на работниот процес и фиксирајте ја
заштитната хауба (7) со завртката за фиксирање (6).
Поставете ја заштитната хауба (7) на тој начин што
u
ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето
што ја користи.
Заштитна хауба за сечење
За сечење секогаш користете заштитен капак за
u
сечење (8) или заштитен капак за брусење (7) со
монтиран поклопец за сечење (9).
При сечењето во камен погрижете се за доволно
u
вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење (8) се монтира како
заштитна хауба за брусење (7).
Поклопец за сечење
Монтирајте го поклопецот за сечење (9) на заштитниот
капак за брусење (7) (види слика A): навалете го лостот
наназад (➊). Ставете го поклопецот (9) на заштитната
хауба за брусење (7) (➋). Цврсто притиснете го лостот на
заштитниот капак (7)(➌).
За демонтирање (види слика B) навалете го лостот
наназад (➊). Извлечете го поклопецот (9) од заштитниот
капак (7) (➋).
Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка
водилка
Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки (25) се
монтира како заштитна хауба за брусење.
Со прицврстување на дополнителната рачка (5)/(4) низ
заштитниот држач на хаубата за всисување до менувачот,
електричниот алат е цврсто поврзан со хаубата за
всисување. На хаубата за всисување со лизгачки
водилки (25) може да се поврзе соодветен Bosch-
всисувач за прав. За таа цел, ставете го цревото за
всисување со адаптерот за всисување во предвидените
делови за вметнување на хаубата за всисување.
Напомена: Триењето предизвикано од прашината во
цревото за всисување и додатоците за време на
всисувањето предизвикува електростатичко полнење
што корисникот може да го доживее како статичко
празнење (во зависност од факторите на животната
средина и неговата физиолошка состојба). Bosch
генерално препорачува употреба на антистатичко црево
за всисување (додаток) за всисување фина прашина и
суви материјали.
Заштита за дланките
Секогаш монтирајте ја заштитата за раце кога
u
работите со гумениот брусен диск (20) или со
лончестата четка/конусната четка/дијамантската
крунеста бургија (19).
Прицврстете ја заштитата за рацете (19) со
дополнителната рачка (5)/(4).
Македонски | 277
1 609 92A 9HP | (25.03.2024)

Publicidad

loading