Descargar Imprimir esta página

Bosch GWS 24-230 Professional Manual Original página 280

Ocultar thumbs Ver también para GWS 24-230 Professional:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 43
280 | Македонски
температури при брусењето отколку вообичаените
брусни плочи.
Површинско брусење со брусен диск
При работењето со гумен диск за брусење (20)
u
секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (19).
Брусењето со брусен диск може да се изврши без
заштитна хауба.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Навртете ја тркалезната навртка (22) и затегнете ја со
клуч со два отвори.
Лончеста четка/плочеста четка
При четкањето со плочеста четка секогаш
u
користете ја заштитната хауба за брусење (7).
Четкањето со лончести четки може да се врши без
заштитен капак.
При работењето со лончеста или плочеста четка
u
секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (19).
Жиците на плочестите четки може да се заглават на
u
заштитната хауба и да се скршат ако се надминат
максимално дозволените димензии на плочестите
четки.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Лончестата/плочестата четка мора да се наврти на
вретеното за брусење додека цврсто не налегне на
прирабницата на вретеното за брусење на крајот на
навојот на вретеното за брусење. Затегнете ја
лончестата/плочеста четка со вилушкаст клуч.
Сечење на метал
За сечење на метал со композитен диск за сечење
u
или со дијамантски диск за сечење секогаш
користете ја заштитната хауба за сечење (8) одн.
заштитната хауба за брусење (7) со монтиран
поклопец за сечење (9).
При употребата на заштитна хауба за брусење (7)
u
за сечење со композитен диск за сечење постои
голем ризик да бидете изложени на искри и
честички како и делови од дискот при кршење на
дискот.
При сечењето со брусни плочи секогаш работете со
умерено поместување нанапред по материјалот. Не
правете притисок на брусната плоча за сечење, не
навалувајте и не осцилирајте.
Не ги блокирајте брусните плочи за сечење што
излегуваат со страничен противпритисок.
Електричниот алат секогаш мора да
се води во спротивен правец на
движење. Инаку постои опасност,
тој неконтролирано да се истисне
од резот. При сечење на профили и
четириаголни цевки, најдобро е да
поставите на најмалиот пресек.
1 609 92A 9HP | (25.03.2024)
Сечење на камен
За сечење на метал со композитен диск за сечење
u
или со дијамантски диск за сечење за камен/бетон
секогаш користете ја хаубата за всисување при
сечење со лизгачки водилки (25) или заштитната
хауба за сечење (8) или заштитната хауба за
брусење (7) со монтиран поклопец за сечење (9).
При сечењето во камен погрижете се за доволно
u
вшмукување на правта.
Носете маска за заштита од прав.
u
Електричниот алат смее да се користи само за
u
сечење/брусење на суви материјали.
При употребата на заштитна хауба за сечење (8),
u
заштитната хауба за брусење (7) или заштитната
хауба за брусење (7) со монтиран поклопец за
сечење (9) за сечење и брусење во бетон или ѕидни
конструкции, постои зголемена изложеност на
прашина и зголемен ризик од губење контрола над
електричниот алат, што може да доведе до
повратен удар.
За сечење на камен најдобро е да употребите
дијамантска брусна плоча за сечење.
При користење на хаубата за всисување за сечење со
лизгачки водилки (25) всисувачот на прав мора да биде
дозволен за всисување на правта од каменот. Bosch ги
нуди соодветните всисувачи на прав.
Вклучете го електричниот алат и
поставете го со предниот дел на
лизгачките водилки на делот што се
обработува. Поместувајте го
електричниот алат со умерено
движење по материјалот што се
обработува.
При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон
со чакал, дијамантскиот диск за сечење може да се
прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи
околу дијамантскиот диск за сечење јасно укажува на
тоа.
Во таков случај прекинете го процесот на сечење и
оставете го кратко дијамантскиот диск за сечење во
празен од при највисок број на вртежи, за да се олади.
Значителното попуштање во работата и венецот од искри
кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча.
Може повторно да ја наострите со кратки резови во
абразивен материјал, на пр. силикатен камен.
Сечење на пластика
За сечење на материјали како пластика со
u
поврзани дискови за сечење секогаш користете
заштитен капак за сечење (8) или заштитен капак
за брусење (7) со монтиран поклопец за
сечење (9).
Работење со дијамантска крунеста бургија
Користете само сува дијамантска крунеста бургија.
u
При работењето со дијамантската крунеста бургија
u
секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (19).
Bosch Power Tools

Publicidad

loading