164 | Македонски
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (7) е притиснат ова не е
возможно.
Десен тек: За дупчење и завртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење (6) налево до крај.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на
завртки и навртки притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење (6) на десно до крај.
Избирање на вртежниот момент
Со прстенот за подесување на вртежниот момент (2)
може да го изберете потребниот вртежен момент во 15
степени. При правилно подесување, алатот што се
вметнува ќе се стопира, откако завртката цврсто ќе се
заврти во материјалот одн. откако ќе се постигне
поставениот вртежен момент. Во позицијата
пружината за спојување е деактивирана, на пр. за
дупчење.
При одвртување на завртки евентуално може да
одберете повисока поставка одн. да поставите на
ознаката
.
Механички избор на брзини
Прекинувач за избор на брзина (3) активирајте го
u
само кога електричниот алат е во празен од.
Со прекинувачот за избор на брзини (3) може да
изберете 2 брзини.
Брзина I:
Низок обем на вртежи; за завртување или работење со
голем дијаметар на дупчење.
Брзина II:
Висок обем на вртежи; за работење со мал дијаметар на
дупчење.
Прекинувачот за избор на брзини секогаш
u
притискајте го до крај. Инаку електричниот алат
може да се оштети.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(7) и држете го притиснат.
Работното светло (9) свети при малку или целосно
притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (7) и
овозможува осветлување на работното поле при услови
на слаба осветленост.
Работното светло (9) свети околу 10 секунди по
отпуштање на прекинувачот за вклучување/исклучување
(7).
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (7).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (7) се постигнува мал број на вртежи. Со
1 609 92A 8AH | (08.09.2022)
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Целосна автоматска блокада на вретеното (Auto-Lock)
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (7)
не е притиснат, вретеното за дупчење ќе се фиксира, а со
тоа и прифатот (1).
Ова овозможува навртување на завртки и при
испразнета батерија, одн. користење на електричниот
алат како одвртувач.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При преголемо оптоварување или
работење надвор од дозволените граници на работната
температура, се намалува излезната јачина или се
исклучува електричниот алат. Дури по постигнувањето на
дозволената работна температура, електричниот алат
повторно работи со полна излезна јачина.
Приказ за наполнетост на батеријата
Приказот на наполнетост на батеријата (8) при
половично или целосно притиснат прекинувач за
вклучување/исклучување (7) за неколку секунди ја
прикажува наполнетоста на батеријата и се состои од 3
зелени LED светилки.
LED светилки
Трајно светло 3× зелено
Трајно светло 2× зелено
Трајно светло 1× зелено
Трепкаво светло 1× зелено
Совети при работењето
Електричниот алат ставете го на завртката само
u
доколку е исклучен. Доколку алатите што се
вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да се
превртат.
По подолго работење со мал број на вртежи, за да го
оладите електричниот алат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
При дупчење во метал, користете само беспрекорно
наострени HSS дупчалки (HSS = висококапацитетно брзо
сечење со челик). Квалитетот е загарантиран преку
Bosch програмата за опрема.
Пред навртување на големи, подолги завртки во цврсти
материјали, претходно издупчете 2/3 од должината на
завртката според внатрешниот дијаметар на навојот.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
Капацитет
≥66 %
≥33 %
<33 %
Резерва
Bosch Power Tools