Побарајте нови етикети од соодветен
центар или од овластениот сервисер.
3.3 ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
Етикетата за идентификација ги
содржи следните податоци (сл. 1):
1. Ниво на акустична моќност
2. Ознака за усогласеност со CE
3. Месец / година на производство
4. Тип на машината
5. Напон на напојување
6. Сериски број
7. Име и адреса на производителот
8. Код на производ
9. Должина на лостот за наведување
10. Двојна изолација
Запишете ги податоците за
идентификација за машината на
соодветните места на дадената етикета
од внатрешната страна на капакот.
ВАЖНО Користете ги дадените
податоци за идентификација секојпат
кога контактирате со овластен центар.
ВАЖНО Примерот за изјавата за
усогласеност се наоѓа на последната
страница во упатството.
3.4 ГЛАВНИ ДЕЛОВИ
Машината се состои од следните
главни делови, коишто се наменети
за следни функции (сл. 1):
A. Мотор: обезбедува движење
на уредот со сечивото.
B. Предна рачка: рачка за потпора
поставена во предниот дел на моторната
пила. Се држи со левата рака.
C. Задна рачка: рачка за потпора поставена
во задниот дел на моторната пила. Се
држи со десната рака. Тука се наоѓаат
главните команди за забрзување.
D. Предна заштита за раката: уред за
заштита поставен меѓу предната рачка
и синџирот со запци за да ја заштити
раката од повреди во случај да се
лизне од рачката. Оваа заштита се
користи и како уред за активирање
на сопирачката за синџирот.
E. Точка за прицврстување: уред за
прицврстување којшто обезбедува
фиксирање на моторната пила со јаже
или ремен коишто се закачуваат со
шноли на ремените за операторот.
F.
Лост за наведување: на него се наоѓа
и го управува синџирот со запци.
G. Синџир со запци: елемент предвиден
за сечење којшто се состои од преносник
со мали сечива наречени „запци" и
странични поврзувања со чивии.
H. Клин за сопирање на синџирот:
безбедносен уред којшто спречува
неконтролирани движења на
синџирот со запци во случај на
дефект или разлабавување.
I.
Харпун: уред поставен напред, на
местото за монтирање на лостот за
наведување којшто служи како потпора
кога е закачен за дрво или трупец.
J.
Заштита за харпунот: уред за
покривање на харпунот којшто помага
при преместување, транспорт или
одложување на машината. Оваа
заштита се вади во текот на работата.
K. Заштита за лостот: уред за покривање
на пилата со синџир којшто се става
врз лостот за наведување којшто
се користи при носење, транспорт
и преместување на машината.
L. Батерија (доколку не е доставена
со машината, погледнете го пас. 15.1
"дополнителна опрема на барање):
уред којшто овозможува електрично
напојување за машината; нејзините
одлики и условите за употреба се
опишани во засебно упатство.
M. Полнач за батерија (доколку не е
доставен со машината, погледнете
го пас. 15.2 "дополнителна опрема
на барање): уред што се користи за
полнење на батеријата. Достапни се
два модели на полначи на батеријата:
M1 (брзо полнење на батеријата); M2
(стандардно полнење на батеријата).
N. Торбичка за батерии (дополнителна
опрема на барање. пас.15.4):
уред за чување на батериите.
O. Кабел за поврзување: кабел кој
овозможува поврзување на машината
со торбичката за батерии.
P.
Симулатор на батерија(дополнителна
опрема на барање. пас.15.5): уред
што, ако е вметнат во куќиштето
на машината, дозволува употреба
на торбичката за батерии.
4. МОНТИРАЊЕ
Безбедносните одредби што
треба да ги следите се дадени во
поглавје 2. Строго придржувајте
се до тие упатства за да избегнете
сериозни ризици или опасности.
MK - 8