Stiga SGT 2220 Manual De Instrucciones página 201

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 47
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВО ОДНОС НА БЕЗБЕДНОСТА
услови. Правилно користење на апаратот обезбедува нај-
добра и најсигурна работа, според моќноста за која е соз-
даден.
б) Не користете го електричниот апарат ако прекину-
вачот не е правилно поставен во позиција за вклучу-
вање или исклучување. Ако електричниот апарат не
може да се вклучи со прекинувачот, тој е опасен за упот-
реба и треба да се поправи.
в) Извадете го акумулаторот од неговото лежиште
пред каква било регулација или менување делови или
пред складирање на апаратот. Овие безбедносни
мерки го намалуваат ризикот од случајно вклучување на
електричниот апарат.
г) Одложете го електричниот апарат кога не го кори-
стите подалеку од дофат на деца и не давајте го апа-
ратот да го користат лица што не се запознале со ис-
тиот и не го прочитале ова упатство. Електричните апа-
рати се опасни во рацете на неискусни корисници.
д) Редовно извршувајте проверка на електричниот
апарат. Проверете дали подвижните делови се на-
местени правилно и слободни за движење, дека не
се оштетени и елиминирајте ја секоја друга мо-
жност што може да повлијае врз функционалноста
на овој апарат. Во случај на оштетувања, електрич-
ниот апарат треба да се поправи пред повторна упот-
реба. Многу инциденти се предизвикани заради невни-
мателно користење.
ѓ) Одржувајте го апаратот наострен и исчистен од
остатоци при сечењето. Адекватно одржување од
остатоци при сечењето, со наострени сечива носи помалку
случаи на заглавување и полесно е за контролирање.
е) Користете го електричниот апарат и додатоците во со-
гласност со ова упатство, имајќи ги секогаш во предвид
условите за работа и видот работа што треба да се из-
врши. Употребата на овој електричен апарат за разни опе-
рации што не се предвидени може да предизвика опас-
ни состојби.
8) Помош
a) Електричниот апарат треба да го поправа квалифи-
кувано лице со примена само на оригинални ре-
зервни делови. На тој начин се одржува безбедноста на
електричниот апарат.
• Како се работи со електричниот поткаструвач
(со напојување на батерија)
Во текот на работата, заземете цврста позиција и оддржу-
вајте внимателен пристап.
– Избегнувајте кога е можно да работите на мокар и лизгав
терен или на терени кои се многу нерамни или закосени и
не гарантираат стабилност на корисникот при работата.
– Никогаш не трчајте, туку одете и обрнувајте внимание на
неправилноста на теренот и на присуството на евентуал-
ни пречки.
– Проценете ги евентуалните ризици на теренот каде што ќе
работите и преземете ги сите неопходни мерки за да
обезбедите соодветна безбедност, особено на можни за-
косени, лизгави или нестабилни терени.
– Ако теренот е закосен, работете во режим на искачување,
а никогаш на спуштање или симнување, внимавајќи секо-
гаш објектот за косење да се наоѓа под уредот за сечење.
Машината не треба да ја користат лица што не се во состој-
ба да ја држат цврсто со обете раце и/или да оддржуваат ста-
билна рамнотежа на нозете во текот на работата.
Машината смее да ја користи само еден човек.
Никогаш немојте да ја користите машината доколку корис-
никот е во состојба на замор или изнемоштеност, или ко-
ристел лекови, дрога, алкохол или други штетни супстанци
што влијаат на капацитетот за навремено реагирање или вни-
мание.
• Техники за користење на електричниот
поткаструвач (со напојување на батерија)
Секогаш следете ги предочувањата за ваша безбедност и
применувајте ги техниките за сечење што најдобро одгова-
раат на работата во согласност со индикациите и со при-
кажаните примери и упатства (видете глава 7).
• Безбеден пренос на електричниот поткаструвач
(со напојување на батерија)
Секогаш кога е потребен пренос или транспорт на машина-
та потребно е:
– да се исклучи моторот, да се смири делот со сечивото и
да се извади акумулаторот од неговото лежиште;
– фатете ја машината само за држачите и насочете го уре-
дот за сечење во правец спротивен од правецот на дви-
жење.
Кога машината се транспортира со возило, треба да се по-
стави на начин да не претставува опасност за никој и да се
блокира цврсто.
• Препораки за почетници
Пред да започнете со косење за првпат, неопходно е да стек-
нете неопходно познавање на машината и на најдобрите тех-
ники на сечење имајќи на ум секогаш машината цврсто да
ја држите, како и со движењата кои се потребни за из-
вршување на работата.
ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
1) Внимателно прочитајте ги упатствата.
2) Запознајте се со командите и со правилното ко-
ристење на машината.
3) Внимание: елементот за косење продолжува да се
врти и по исклучување на моторот.
4) Носете заштитни очила.
5) Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат
машината, или други лица што не се запознаени со
основните упатствата.
6) Застанете ја работата на машината кога има лица,
а особено деца или животни во близина.
7) Работете само на дневна светлина или при добро
вештачко осветление.
8) Пред да ја користите машината или по какво било
други влијанија, проверете дали има знаци на
истрошеност или оштетување и спроведете ги не-
опходните поправки.
9) Никогаш не користете ја машината со оштетена за-
штита или ако нема заштита.
10) Рацете и нозете држете ги подалеку од уредот за
сечење, особено при палење на моторот.
11) Внимавајте да не дојде до повреди кои потекнува-
ат од кој било дел за предвиден за регулирање на
должината на конецот. По ослободување нов конец,
поставете ја машината во позиција за работа пред
да го вклучите моторот.
12) Никогаш не ставајте метални елементи за косење.
13) Никогаш не користете резервни делови или до-
полнителна опрема што не ја произведува или
препорачува производителот.
14) Извадете го акумулаторот од неговото лежиште
пред проверка, чистење или интервенција на ма-
шината и кога истата не се користи.
15) Обезбедете дали отворите за воздух за разладу-
вање се слободни од попречувања.
16) По секое користење, извадете го акумулаторот од
неговото лежиште и проверете да не има оштету-
вања.
17) Чувајте ја машината подалеку од дофат на деца.
5
MK

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido