Доколку не постојат различни инструкции
во Прирачникот за користење на машината,
за менување на маслото е потребно:
1. Да се намести машината на рамно.
2. Да се исчисти пределот околу капачето,
да се одврти капакот со стапче (фиг. 6.A).
3. Да се внесе млазницата на соодветниот
шприц (фиг. 6.B) во резервоарот за
масло и да се вшмука целата содржина.
4. Да се наполни со ново масло (пар. 5.1.1).
6.4 6.4 ЧИСТЕЊЕ НА ПРИГУШУВАЧОТ
И НА МОТОРОТ
Чистењето на моторот и пригушувачот
се изведува на ладен мотор.
• Преку млаз на компримиран воздух (фиг.
7.A), одстранете ги од пригушувачот и од
неговата обвивка талози или нечистотија
што може да предизвика пожар.
• Да се внимава на излезите на воздух за
ладење да бидат проодни (фиг. 7.A).
• Пластичните делови да се исчистат со
сунѓер со вода и детергент (фиг. 7.B).
6.5 ОДРЖУВАЊЕ НА
ВОЗДУШНИОТ ФИЛТЕР
1. Исчистете ја зоната околу капачето
(фиг. 8.A) на филтерот.
2. Извадете го капакот (фиг. 8.A)
одвртувајќи го навртокотнад истиот.
3. Отстранете го филтрирачкиот
елемент (фиг. 8.B + 8.C).
4. Отстранете го предфилтерот
(фиг. 8.C) полначот (фиг. 8.B).
5. Исчукајте го филтерот (фиг. 8.B) врз
цврста површина од внатрешната страна
за да се отстрани прашината и честичките.
6. Измијте го предфилтерот со сунѓер
(фиг. 8.C) со вода и детергент и
оставете го да се исуши на воздух.
ВАЖНО Не користете вода, бензин,
детергенти за чистење на полначот.
ВАЖНО Предфилтерот (фиг. 8.C) со
сунѓер НЕ треба да биде замастен.
1. Исчистете го седиштето на филтерот
(фиг. 8.D) од прашина и талози, притоа
затворајќи го одводот за вшмукување
со крпа (фиг. 8.E) за да се избегне
нивното влегување во моторот.
2. Отстранете ја крпата (фиг. 8.E),
наместете го филтрирачкиот
елемент(фиг. 8.C + 8.B) во седиште и
намонтирајте го капакот (фиг. 8.A)
6.6 КОНТРОЛА И ОДРЖУВАЊЕ
НА СВЕЌИЧКАТА
1. Одмонтирајте ја свеќичката (фиг. 9.A)
со клучот во вид на цевка (фиг. 9.B).
2. Исчистете ги електродите (фиг. 9.C)
со метална четка за отстранување
на евентуални јаглени талози.
3. Контролирајте го со мерач (фиг.
9.D) соодветното растојание помеѓу
електродите (0,6 - 0,8 mm).
4. Намонтирајте ја свеќичката (фиг.
9.A) и затворете ја до крај со клуч
во вид на цевка (фиг. 9.B).
Заменете ја свеќичката доколку се
прегорени електродите или порцеланот
е скршен или напукната.
Внимание Пожар! Не го
проверувајте уредот за палење
доколку свеќичката не е во седиште.
ВАЖНО Користете свеќички од
препорачаниот вид (види Техничка табела).
8