Столна тркалезна пила
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014
Класа на заштита
Димензии (вклучително и отстранливите елементи на уредот)
Ширина x длабочина x висина
Димензии за соодветни сечила за пила
Дијаметар на сечилото за пила
Дебелина на листот за пила
мин. отклон на запците на пилата
Дијаметар на отворот
Максимални димензии на делот што се обработува: (види „Максимални димензии на делот што се обработува", Страница 338)
Информација за бучава
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно EN 62841-3-1.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со A
типично изнесува: ниво на звучен притисок 94 dB(A);
ниво на звучна јачина 103 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вредноста на емисија на бучава наведена во овие
упатства е измерена со нормирана постапка за мерење и
може да се користи за меѓусебна споредба на електрични
алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена
процена на емисијата на бучава.
Наведената вредност на емисија на бучава се однесува
на основната примена на електричниот алат. Доколку
електричниот алат се користи за други примени, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, вредноста на емисијата на бучава може да
отстапува. Ова може значително да ја зголеми емисијата
на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба
да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен
или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба.
Ова може значително да ја намали емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Монтажа
Избегнувајте невнимателно вклучување на
u
електричниот алат. За време на монтажата и при
сите интервенции на електричниот алат, струјниот
приклучок не смее да се приклучува на напојување
на струја.
Обем на испорака
Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите
долу наведени делови се испорачани:
– Столна тркалезна пила со монтирано сечило за пила
(24) и клин за расцепување (4)
– Аголен граничник (2)
– Паралелен граничник (5)
– Дополнителен паралелен граничник (40)
Bosch Power Tools
GTS 635-216
kg
22
/ II
mm
658 x 332 x 553
mm
216
mm
1,5 − 2,1
mm
2,3
mm
30
– Сет за прицврстување „Дополнителен паралелен
граничник" (41) (2 завртки за прицврстување, 2
подлошки, 2 пеперутка-навртки)
– Заштитен поклопец (3)
– Клуч со внатрешна шестаголна глава (10)
– Прстенест клуч (9) со шилест плоснат одвртувач
– Подвижна водечка летва (12)
– Додаток за маса (23)
Напомена: Проверете дали на електричниот алат има
евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена
сервисна работилница.
Монтажа на поединечните делови
– Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
– Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и
од испорачаната опрема.
– Свретете ги завртките за блокирање (32) со шилецот
на прстенест клуч (9) сѐ до граничникот во правецот
на вртење „Заклучено" и отворете ја подната решетка
(31) (погледни слика a).
Извадете го материјалот за пакување под блокот на
моторот.
Следните елементи на уредот се прицврстени директно
на куќиштето: подвижна водечка летва (12), прстенест
клуч (9), клуч со внатрешна шестаголна глава (10),
паралелен граничник (5), аголен граничник (2), адаптер
за всисување (29), дополнителен паралелен граничник
(40) со сет за прицврстување (41), заштитен поклопец
(3).
– Штом Ви е потребен еден од овие елементи на уредот,
внимателно извадете го од депото за складирање.
Македонски | 333
GTS 635-216
22
/ II
658 x 332 x 553
216
1,5 − 2,1
2,3
25,4
1 609 92A 4PA | (01.03.2019)