Bosch GTS 635-216 Professional Manual Original página 339

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 58
граничникот мора да биде од десната страна на
сечилото за пила.
– Следете ги работните чекори според: (види „Сечење
на прави резови", Страница 338)
Сечење со хоризонтален агол на закосување (види
слика I)
– Поставете го саканиот хоризонтален агол на
закосување на аголниот граничник (2).
– Ставете го делот што се обработува на аголниот
граничник (2).
– Подигнете го или спуштете го сечилото за пилата со
курблата (15) нагоре или надолу, така што горните
запци на пилата ќе стојат околу 5 mm над горната
површина на делот што се обработува.
– Вклучете го електричниот алат.
– Притиснете го делот што се обработува со едната рака
на аголниот граничник и со другата рака полека
турнете го копчето за фиксирање (52) нанапред во
водечкиот жлеб (28).
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека
сечилото за пила не дојде целосно во состојба на
мирување.
Проверка и подесување на основните
поставки
За гарантирање на прецизни резови мора да ги
проверите основните поставки по интензивно користење
на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Подесување на граничниците за стандарден агол на
закосување 0°/45° (вертикално)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Поставете еден вертикален агол на закосување на
сечилото за пила од 0°.
– Отстранете го заштитниот поклопец (3).
Проверка (види слика J1)
– Отстранете го додатокот за маса (23) (види
„Монтирање на додатокот за маса (види слика c)",
Страница 334).
– Поставете го аголното мерило на 90° и ставете го на
масата за сечење (21).
Кракот на аголното мерило мора да биде прецизен по
целата должина со сечилото за пила (24).
Подесување (види слика J2)
– Олабавете ја завртката (58). На тој начин ќе може да
се помести 0°-граничникот (20).
– Олабавете го лостот за блокада (18).
– Поместувајте го рачното тркало (14) кон 0°-
граничникот, додека кракот на аголното мерило не
биде рамен по целата должина на сечилото за пила.
– Држете го рачното тркало во оваа позиција и повторно
затегнете го лостот за блокада (18).
Bosch Power Tools
– Повторно затегнете ја завртката (58).
– Повторно монтирајте го додатокот за маса (23) (види
„Монтирање на додатокот за маса (види слика c)",
Страница 334).
Доколку по подесувањето агломерот (51) не е во линија
со 0°-ознаката на скалата (19), олабавете ја завртката
(59) со обичен крстест одвртувач и насочете го
агломерот по должина на 0°-ознаката.
Повторете ги горенаведените работни чекори соодветно
за вертикален агол на закосување од 45° (олабавете ја
завртката (60); поместете го 45°-граничникот (17)).
Притоа агломерот (51) не смее повторно да се
поместува.
Паралелност на сечилото за пила со водечките
жлебови на аголниот граничник (види слика K)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Отстранете го заштитниот поклопец (3).
Проверка
– Со молив означете го првиот лев забец на пилата,
којшто може да се види одзади над додатокот за маса.
– Поставете го аголното мерило на 90° и наместете го на
работ на водечкиот жлеб (28).
– Поместувајте го кракот на аголното мерило додека не
ги допре означените запци на пилата и прочитајте го
растојанието помеѓу сечилото за пила и водечкиот
жлеб.
– Вртете го сечилото за пила додека означениот забец
не застане однапред над додатокот за маса.
– Поместувајте го аголното мерило по должина на
водечкиот жлеб до означениот забец на пилата.
– Повторно измерете го растојанието меѓу сечилото за
пила и водечкиот жлеб.
Двете измерени растојанија мора да бидат идентични.
Подесување
– Олабавете ги завртките со внатрешна шестаголна
глава (61) напред под масата за сечење и завртките со
внатрешна шестаголна глава (62) назад под масата за
сечење со испорачаниот клуч со внатрешна
шестаголна глава (10).
– Внимателно движете го сечилото за пила додека не
дојде паралелно со водечкиот жлеб (28).
– Повторно затегнете ги сите завртки (61) и (62).
Подесување на показателот на растојание на масата
за сечење (види слика L)
– Позиционирајте го паралелниот граничник десно од
сечилото за пила.
Поместувајте го паралелниот граничник додека
ознаката на лупата (54) не покаже на долната скала 29
cm.
За фиксирање, повторно притиснете ја затезната
дршка (38) надолу.
– Повлечете ја затезната дршка (13) целосно нагоре и
извлечете го проширувањето на масата за сечење (6)
нанадвор до крај.
Македонски | 339
1 609 92A 4PA | (01.03.2019)

Hide quick links:

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido