Фиксна Или Флексибилна Монтажа - Bosch GTS 635-216 Professional Manual Original

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 58
334 | Македонски
Позиционирање на клинот за расцепување (види
слики b1–b2)
Напомена: Доколку е потребно, пред позиционирањето
исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.
– Свртете ја курблата (15) во правец на стрелките на
часовникот до граничникот, така што сечилото за пила
(24) ќе се наоѓа во највисоката можна позиција над
масата за сечење.
– Олабавете го затезниот лост (33).
– Вметнете го клинот за разделување (4) во правец на
затезниот лост (33), додека не се извлекува нагоре.
– Целосно повлечете го клинот за разделување нагоре,
така што тој ќе се позиционира точно над средината на
сечилото за пила.
– Двата клина (34) нека се вклопат во долните отвори на
клинот за разделување и повторно затегнете го
затезниот лост (33).
Монтирање на додатокот за маса (види слика c)
– Поставете го додатокот за маса (23) над клинот за
расцепување (4) во отворот за алатот.
– Свртете ги завртките за блокирање (35) со шилецот на
прстенестиот клуч (9) сѐ до граничникот во правецот
на вртење „Заклучено".
Предната страна на додатокот за маса (23) мора да биде
рамна или малку под масата за сечење, а задната страна
мора да биде рамна или малку над масата за сечење
(види „Подесување на нивото на додатокот за маса (види
слика N)", Страница 340).
Монтирање на заштитниот капак (види слика d1–d2)
Напомена: Монтирајте го заштитниот капак само ако
клинот за разделување во горната позиција е
позициониран точно над средината на сечилото за пила
(види слика b2). Не го монтирајте го заштитниот капак,
ако клинот за разделување се наоѓа во најдолната
позиција (состојба на испорака или позиција за сечење
на жлебови) (види слика b1).
– Олабавете го затезниот лост (36) и извадете го
заштитниот поклопец (3) од држачот (11).
– Со едната рака цврсто држете ја заштитата на сечилото
за пила (горна метална шина) на заштитниот поклопец
(3) и со другата рака повлечете го нагоре затезниот
лост (36).
– Вметнете ја болцната-водилка (37) наназад во жлебот
на клинот за разделување (4).
– Ставете го заштитниот поклопец (3) надолу, додека
заштитата за сечило за пила (горна метална шина) не е
паралелна со површината на масата за сечење (21).
– Притиснете го затезниот лост (36) надолу. Мора да се
почувствува и да се слушне кога ќе се вклопат
затезниот лост и заштитниот поклопец (3) и безбедно
да се монтираат.
Пред секое користење, проверете дали заштитниот
u
поклопец се движи слободно. Не го користете
електричниот алат доколку заштитниот поклопец
не се движи слободно или не се затвора веднаш.
1 609 92A 4PA | (01.03.2019)
Монтирање на паралелниот граничник (види слика e)
Паралелниот граничник (5) може да се позиционира лево
или десно од сечилото за пила.
– Олабавете ја затезната дршка (38) на паралелниот
граничник (5). На тој начин се растеретува V-
водилката (39).
– Најпрво ставете го паралелниот граничник со V-
водилката во водечкиот жлеб (30) на масата за
сечење. Потоа позиционирајте го паралелниот
граничник во предниот водечки жлеб на сечилото на
пила (25).
Сега паралелниот граничник може да го поместувате
по желба.
– За фиксирање на паралелниот граничник притиснете
на затезната дршка (38) надолу.
Монтирање на дополнителниот паралелен граничник
(види слика f)
За сечење на тесни предмети и за сечење под
вертикален агол на закосување мора да се монтира
дополнителен паралелен граничник (40) на паралелниот
граничник (5).
По потреба, дополнителниот паралелен граничник може
да се монтира на левата или десната страна на
паралелниот граничник (5).
За монтажа користете го сетот за прицврстување
„Дополнителен паралелен граничник" (41) (2 завртки за
прицврстување, 2 подлошки, 2 пеперутка-навртки).
– Вметнете ги завртките за прицврстување низ
страничните отвори на паралелниот граничник (5).
– Главите на завртките служат како водилка на
дополнителниот паралелен граничник.
– Поместете го дополнителниот паралелен граничник
(40) над главите на завртките за прицврстување.
– Поставете ги подлошките на завртките за
прицврстување и затегнете ги завртките со помош на
пеперутка-навртките.
Монтирање на аголен граничник (види слика g)
– Ставете ја шината (42) на аголниот граничник (2) во
соодветните жлебови на водилката (28) на масата за
сечење.
Фиксна или флексибилна монтажа
За да се овозможи безбедно ракување,
u
електричниот алат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слика h)
– Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки
на работната површина. За тоа служат отворите (8).
Монтажа на работна маса на Bosch (види слика i)
Работните маси на Bosch (на пр. GTA 560) на
електричниот алат му нудат стабилност на секоја подлога
со помош на ногарките што се подесливи во висина.
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido