Dremel 2050 STYLO+ Traducción De Las Instrucciones Originales página 148

Ocultar thumbs Ver también para 2050 STYLO+:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 53
Имајте на ум дека Вашиот мултифункционален
алат најдобро ќе работи при дозволена брзина, во
комбинација со исправниот Dremel прибор и приклучоци.
Ако е можно, немојте да го притискате алатот за време
на користењето. Наместо тоа, полека спуштете го
ротациониот прибор на работната површина на местото
на което сакате да почнете со работа. Концентрирајте
се на тоа алатот да го водите по работното парче
користејќи многу мал притисок со раката. Дозволете му
на приборот да си ја изврши својата работа.
Обично е подобро работата да се изврши со алатот
во повеќе фази, отколку да ја завршите целата работа
со едно поминување. Нежниот допир Ви овозможува
најдобра контрола и ја смалува можноста од правење
грешка.
ДРЖЕЊЕ НА АЛАТОТ
Алатот секогаш држете го свртен настрана од
Вашето лице. Приборот може да се оштети за време
на ракувањето и може да се распадне на парчиња
при голема брзина.
Кога го држите алатот, немојте со раката да ги
покривате отворите за вентилација. Блокирањето
на отворите за вентилација може да предизвика
прегревање на моторот.
За најдобра контрола кај деталните работи држете го
мултифункционалниот алат во раката како пенкало
помеѓу палецот и показалецот.
ON/OFF (ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО)
Користете го само адаптерот за напојување
2610Z09729 (EU) и 2610Z09734 (UK) испорачан со
алатот.
Ставете го DC-приклучокот на алатот во DC-гнездото на
адаптерот за напојување.
Приклучете го адаптерот за напојување во мрежен
приклучок.
ЗА ДА ГО ВКЛУЧИТЕ АЛАТОТ притиснете го и пуштете
го синото копче за вклучување/исклучување.
ЗА ДА ГО ИСКЛУЧИТЕ АЛАТОТ притиснете го и
пуштете го синото копче за вклучување/исклучување.
КОПЧЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА БРЗИНАТА
Вашиот алат е опремен со копче за поставување на
брзината. Брзината може да се нагодува во текот на
работата со поставување на копчето на или помеѓу кои
било поставки.
За да ја изберете соодветната брзина за секој вид
работа, користете парче од материјалот за вежбање.
РАБОТНИ БРЗИНИ
Погледнете ја табелата на стр. 7 за да ја одредите
соодветната брзина за материјалот на кој ќе работите и
додатокот што ќе го користите.
Немојте да пречекорувате 15.000 врт./мин. кога
користите жичени четки.
Повеќето операции можат да се извршат ако алатот
го подесите на највисок степен. Меѓутоа, извесни
материјали (некои видови пластика и метали) можат
да се оштетат бидејќи високата брзина се ослободува
топлина, и мораат да се обработуваат со релативно
мали брзини. Работењето со мали брзини (15.000 врт./
мин. или помалку) обично е најдобро за полирање
со прибор за полирање со филц. Сите работи на
четкање вршете ги со помали брзини за да го спречите
испаѓање на парчиња жица од лежиштето на четката.
Дозволете му на алатот да ја завршат работата за Вас
кога користите помала брзина. Повисоките брзини се
посоодветни за тврдо дрво, метал и стакло, како и за
дупчење, резбање, сечење, гравирање и врежување
жлебови во дрво.
9
A q
Некои упатства во врска со брзината на алатот:
Пластиката и останатите материјали кои се топат
на ниски температури, треба да се режат при ниски
брзини.
Полирањето, гланцањето и чистењето со жичена
четка мора да се прави при брзини кои не се
поголеми од 15.000 врт./мин., за да се спречи
оштетувањето на четката и на вашиот материјал.
Дрвото треба да се сече со висок број на вртежи.
Железото или челикот треба да се сечат со висок
број на вртежи.
Доколку ножот од брзорезен челик почне да
вибрира, тоа обично значи дека работи со премал
број на вртежи.
Aлуминиум, легури од бакар, од олово, цинк и
калај може да се сечат при различни брзини,
во зависност од видот на сечењето. Користете
парафин (не вода) или друго соодветно средство за
подмачкување на ножот, за да спречите сечениот
материјал да се лепи на запците од ножот.
НАПОМЕНА: Не е добро да го зголемувате притисокот
врз алатот ако алатот не работи исправно. Обидете
се со друг прибор или со подесување на друга брзина за
да го постигнете саканиот резултат.
ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ
ВНАТРЕ НЕМА ДЕЛОВИ ШТО МОЖЕ ДА ГИ
!
СЕРВИСИРА КОРИСНИКОТ. ПРЕВЕНТИВНОТО
ОДРЖУВАЊЕ ШТО ГО ВРШАТ НЕОВЛАСТЕНИ ЛИЦА
МОЖЕ ДА ИМА ЗА РЕЗУЛТАТ НЕИСПРАВНО
ПОВРЗУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИТЕ ЖИЦИ И
КОМПОНЕНТИ,КОЕ, ПАК, МОЖЕ ДА ПРЕДИЗИВКА
СЕРИОЗНИ ОПАСНОСТИ.
Алатот најдобро се чисти со сув компримиран воздух.
Секогаш носете заштитни очила кога ги чистите
алатките со компримиран водух.
ЗА ДА СЕ ИЗБЕГНАТ НЕСРЕЌИ, ПРЕД ЧИСТЕЊЕ
!
СЕКОГАШ ИСКЛУЧУВАЈТЕ ГО ЕЛЕКТРИЧНИОТ
АЛАТ И/ИЛИ ПОЛНАЧОТ ОД ИЗВОРОТ НА СТРУЈА
Отворите за вентилација и прекинувачите мора да се
одржуваат чисти и без туѓи материи. Не обидувајте се
да го чистите алатот со пикање на остри предмети низ
отворите.
ОДРЕДЕНИ СРЕДСТВА ЗА ЧИСТЕЊЕ И
!
РАСТВОРУВАЧИ МОЖАТ ДА ГИ ОШТЕТАТ
ПЛАСТИЧНИТЕ ДЕЛОВИ. Некои од нив се: бензин,
јаглероден тетрахлор, хлорирани раствори за чистење,
амонијак и детергенти за домаќинството кои содржат
амонијак.
СЕРВИС И ГАРАНЦИЈА
Ние Ви препорачување сервисирањето на сите алати
да се врши во сервисите на Dremel.
Овој продукт на Dremel има гаранција во склад со
одредбите пропишани со закон/специфични за земјата;
оштетувањата поради нормалното користење и абење,
преоптоварување или непрописно користење се
изземени од гаранцијата.
Во случај на рекламација, алатот и/или полначот
испратете ги до вашиот дистрибутер во нерасклопена
состојба, заедно со доказот за купување.
КОНТАКТ СО DREMEL
За повеќе информации во врска со сервисирањето и
148

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido