1 Важни безбедносни упатства за
безбедноста и животната средина
Ова поглавје содржи безбедносни упатства
и ќе ви помогне да се заштитите од ризикот
за лична повреда или оштетување на имотот.
Непочитувањето на овие упатства ја поништува
гаранцијата.
1.1 Општа безбедност
• Овој производ може да го користат дена над
8-годишна возраст и лица чиишто физички,
чувствителни или ментални способности не се
докрај развиени или лица кои немаат доволно
искуство или познавања само ако се под надзор
на лице кое е знае како безбедно да го користи
производот и ги знае можните ризици. Децата
не смее да си играат со производот. Чистењето
и одржувањето не смее никогаш да го вршат
деца, освен ако не се под надзор на одговорно
возрасно лице.
• Никогаш не ставајте го производот на под што
е покриен со тепих. Недостаток на проток
на воздух под машината ќе предизвика
прегревање на електричните делови. Со тоа се
предизвикуваат проблеми со машината.
• Ако производот е оштетен, не треба да се
вклучува освен ако не го поправил овластен
сервисер. Постои ризик од електричен удар!
• Овој производ е дизајниран за продолжи
со работа кога ќе дојде струја по нејзино
снемување. Ако сакате да откажете програма,
видете го поглавјето „Откажување програма" .
• Поврзете го производот за заземјен приклучок,
заштитен со осигурувач 16 A. Не занемарувајте
го фактот дека мора да има инсталација со
заземјен приклучок извршена од страна на
квалификуван електричар. Нашата компанија
нема да биде одговорна за какви било
оштетувања што ќе се појават ако производот
се користел без заземјување во согласност со
локалните регулативи.
• Доводот на вода и цревата за довод мора да се
цврсто затегнати и неоштетени. Инаку, постои
ризик од протекување вода.
• Никогаш не отворајте ја вратата за полнење
или не вадете го филтерот додека има вода во
барабанот. Инаку, постои ризик од поплава и
повреда од врела вода.
• Не отворајте ја насила заклучената врата за
полнење. Врата за полнење ќе биде подготвена
за отворање по неколку минути откако ќе
заврши циклусот на перење. Во случај на
насилно отворање на вратата за полнење
може да се оштетат вратата и механизмот за
заклучување.
• Исклучете го производот од струја кога не го
користите.
• Никогаш не перете го производот со истурање
вода врз него! Постои ризик од електричен удар!
• Никогаш не допирајте го приклучокот со мокри
раце! Никогаш не влечете го кабелот, секогаш
извлекувајте го со фаќање на приклучокот.
• Користете детергенти, омекнувачи и додатоци
што се соодветни само за автоматски машини
за перење алишта.
• Следете ги упатствата на етикетите на
алиштата и на пакувањето на детергентот.
38 / 56 MK
• Производот мора да биде исклучен од струја
при постапки за поставување, одржување,
чистење и поправка.
• Постапките за поставување и поправка секогаш
мора да ги извршува овластен сервисер .
Производителот нема да биде одговорен за
штети што би се појавиле од постапки што ги
спровеле неовластени лица.
• Ако кабелот за напојување со ел. енергија
е оштетен, истиот мора да го смени
производителот, центарот за грижа за
корисници или соодветно квалификувано лице
(се претпочита електричар) или некој кого
го овластил увозникот со цел да се избегнат
можните ризици.
1.2 Наменета употреба
• Овој производ е наменет за домашна употреба.
Не е соодветен за комерцијална употреба и
не смее да се користи надвор од наменетата
употреба.
• Производот може да се користи само за
перење и плакнење алишта што се соодветно
обележени.
• Производителот ги отфрла сите одговорности
што произлегуваат од неправилна употреба и
транспорт.
1.3 Безбедност на децата
• Материјалот од пакувањето е опасен за децата.
Чувајте го на безбедно место и подалеку од
дофатот на децата.
• Електричните производи се опасни за децата.
Држете ги децата подалеку од производот
додека работи. Не дозволувајте им да играат со
производот. Користете ја функцијата за заштита
за деца за да ги спречите да си играат со
производот.
• Не заборавајте да ја затворите вратата за
полнење кога ја напуштате просторијата каде е
сместен производот.
• Чувајте ги сите детергенти и адитиви на
безбедно место, подалеку од дофатот на децата
на тој начин што ќе го затворите капакот на
садот во кој го чувате детергентот или ќе го
залепите пакувањето со детергент.
1.4 Информации за пакувањето
• Пакувањето се произведува од рециклирачки
материјали во согласност со одредбите за
заштита на животната средина на државно
ниво. Не фрлајте го материјалот за пакување
заедно со домашниот или друг отпад. Однесете
го во центрите за собирање материјали за
пакување коишто ги посочуваат локалните
овластени тела.
1.5 Фрлање на производот во отпад
• Овој производ е произведен со многу
квалитетни делови и материјали коишто може
повторно да се употребат и се соодветни за
рециклирање. Затоа, не фрлајте го производот
заедно со домашниот отпад кога веќе не може
да се користи. Однесете го собирен центар
за рециклирање електрична и електронска
опрема. Консултирајте се со локалните
овластени тела за да дознаете каде е
најблискиот собирен центар. Помогнете при
заштита на животната средина и природните
ресурси со тоа што ќе ги рециклирате
Машина за перење алишта / Упатство за употреба