4.2
Подготовка на машината
Проверете дали се цревата поврзани цврсто.
Вклучете ја машината во струја. Отворете
ја славината докрај. Ставете ги алиштата во
машината. Ставете детергент и омекнувач за
ткаенини.
4.3
Избор на програма
1. Изберете ја програмата што е соодветна за
видот, количината и степенот на извалканост
на алиштата во согласност со „Т абелата за
програми и потрошувачка" и табелата за
температури што се прикажани подолу.
Многу извалкани, бели памучни
алишта и постелнина. (прекривки
90˚C
за масички, чаршави за маси, крпи,
креветски чаршави, итн.)
Нормално извалкани памучни
алишта во боја што не избледува
или синтетички алишта (кошули,
60˚C
ноќници, пижами, итн.) и малку
извалкана бела постелнина (долен
веш, итн.)
40˚C-
Мешани алишта, вклучително и
30˚C-
деликатен текстил (завеси, итн.),
ладно
синтетика и волна.
2. Изберете ја саканата програма со копчето за
избор на програма
Програмите се лимитирани со најголема
C
брзина на вртежи, соодветно за
дадениот вид текстил.
При избор на програма, секогаш земајте
C
ги во предвид видот ткаенина, бојата,
степенот на извалканост и дозволената
температура на водата.
Секогаш избирајте ја најниската
C
потребна температура. Повисока
температура значи и поголема
потрошувачка.
Видете ја „Т абелата за програми и
C
потрошувачка" за повеќе детали околу
програмите.
4.4
Г лавни програми
Користете ги следните главни програми во
зависност од висот ткаенина.
• Памук
Користете ја оваа програма за памучни алишта
(како што се креветски чаршави, јоргански
навлаки и навлаки за перници, крпи, бањарки,
долен веш, итн.). Алиштата ќе се исперат со
жестоки движења во подолг циклус на перење.
• Синтетика
Користете ја оваа програма за перење алишта
со синтетика (кошули, блузи, мешано синтетика
/ памук, итн.). Пере со благи движења и има
пократок циклус на перење споредено со
програмата за памук.
За завеси и тул, користете ја програмата
Синтетика 40˚C со избрани функции за
предперење и негужвање. Перете ги завесите
/ тулот ставајќи мала количина на детергент
во одделот за главно перење бидејќи нивната
46 / 56 MK
мрежеста структура создава прекумерно пенење.
Не ставајте детергент во одделот за предперење.
• Волна
Користете ја оваа програма за перење волнени
алишта. Изберете ја соодветната температура што
е посочена на етикетата на алиштата. Употребете
соодветен детергент за волна.
4.5
Дополнителни програми
Достапни се и дополнителни програми на
машината за специјални случаи.
Дополнителните програми може да се
C
разликуваат во зависност од моделот на
машината.
• Памук економично
Може да ги перете своите нормално извалкани
алишта со постојани бои и постелнината на оваа
програма со употреба на највисока температура
и со заштеда на енергија споредено со сите
други програми за перење што се соодветни
за памук. Вистинската температура на
водата може да се разликува од посочената
температура за тој циклус. Времетраењето
на програмата може автоматски да се скрати
во последните фази на програмата ако
перете помала количина алишта ( на пр. ½
од капацитетот или помалку). Во овој случај,
потрошувачката на вода и енергија ќе се
намалува и понатаму давајќи можност за
поекономично перење. Оваа одлика е достапна
кај одредени модели што имаат приказ за
преостанато време.
• BabyProtect (Грижа за бебиња)
Користете ја оваа програма за перење на бебешки
алишта и за алиштата на лица со алергии.
Подолгите периоди на греење и дополнителниот
чекор за плакнење овозможуваат повисоко ниво
на хигиена.
• Рачно перење
Користете ја оваа програма за перење волнени
/ деликатни алишта што ја носат етикетата „да
не се пере во машина" и за кои се препорачува
рачно перење. Алиштата се перат со многу благи
движења за да не се оштетат.
• Мини
Користете ја оваа програма за перење малку
извалкани алишта за кратко време.
• Перење темни алишта
Користете ја оваа програма за перење на темно
обоените алишта или алишта што не сакате да
избледат. Перењето се одвива со малку механички
дејствија на ниски температури. Се препорачува
да се користи течен детергент или шампон за
волна за темно обоените алишта.
• Мешано 40 (Mix 40)
Користете ја оваа програма за перење памучни и
синтетички алишта заедно без да ги сортирате.
Машина за перење алишта / Упатство за употреба