A
предупредување
ги разлабавите завртените навртки. Инаку,
машината ќе се оштети.
2.7 Поврзување на електриката
Поврзете го производот за заземјен приклучок,
заштитен со осигурувач 16 A. Нашата компанија
нема да биде одговорна за какви било
оштетувања што ќе се појават ако производот
се користел без заземјување во согласност со
локалните регулативи.
• Поврзувањето мора да биде усогласено со
државните регулативи.
• Приклучокот за ел. енергија мора да биде на
дофат по поставувањето.
• Ако вредноста на осигурувачот во куќата е
помалку од 16 ампери, повикајте квалификуван
електричар да постави осигурувач од 16 ампери.
• Дадениот напон во поглавјето „Технички
спецификации" мора да биде еднаков на
напонот на приклучокот.
• Не поврзувајте преку продолжни кабли или
повеќенаменски приклучоци.
B
предупредување
мора да ги замени овластен сервисер.
Транспорт на производот
1. Исклучете го производот од струја пред
транспортот.
2. Извадете ги поврзувањата за цревата за довод
и одвод на вода.
3. Испуштете ја целата вода што останала во
машината.
4. Поставете ги навртките за безбеден транспорт
по обратен редослед од постапката за вадење.
Никогаш не поместувајте го уредот без
C
правилно поставени навртки за безбеден
транспорт!
A
предупредување
е опасен за децата. Чувајте го на безбедно
место и подалеку од дофатот на децата.
3 Подготовка
3.1 Сортирање на алиштата
• Сортирајте ги алиштата во согласност со видот
ткаенина, боја и степенот на извалканост, како
и со дозволената температура на водата.
• Секогаш почитувајте ги упатствата што се
дадени на етикетите на облеката.
3.2 Подготовка на алиштата за перење
• Алиштата со метални предмети како што се
шноли, копчиња на каиши и метални копчиња
ќе ја оштетат машината. Тргнете ги металните
делови или перете ги алиштата ставени во
вреќичка за перење или во навлака за перница.
• Извадете ги сите предмети од џебовите,
како што се монети, пенкала или спајалки и
превртете ги џебовите нанадвор и исчеткајте
ги. Т аквите предмети може да го оштетат
производот и да предизвикуваат проблем со
бучава.
• Ставете ги малите алишта, како што се
бебешките чорапчиња или најлонските чорапи
во вреќичка за перење или во навлака за
перница.
41 / 56 MK
:
Не користете алати за да
:
Оштетените кабли за струја
:
Материјалот од пакувањето
• Ставете ги завесите внатре без да ги
притискате. Извадете ги деловите за
закачување на завесите.
• Закопчајте ги патентите, зашијте ги
разлабавените копчиња и искинатите делови на
алиштата.
• Перете ги производите со етикети „може да се
пере во машина" или „рачно перење" само на
соодветна програма.
• Не перете обоени и бели алишта заедно. Нови,
темно обоени памучни ткаенини може да
испуштат многу боја. Исперете ги засебно.
• Тврдокорните дамки мора да се третираат
соодветно пред перење. Ако не сте сигурни,
прашајте некој во хемиско чистење.
• Користете само бои / стабилизатори за бои и
отстранувачи за бигор соодветни за машинско
перење. Секогаш следете ги упатствата на
пакувањето.
• Перете ги пантолоните и деликатните алишта
превртени наопаку.
• Чувајте ги алиштата од ангорска волна во
замрзнувач неколку часа пред перење. Т ака ќе
се намали литењето.
• Алиштата на коишто има материјали како
брашно, прашина од бигор, млеко во прав, итн.
мора прво да се истресат пред да се стават во
машината. Т аквиот прав на алиштата може со
време да се налепи на внатрешните делови на
машината и да предизвика оштетувања.
3.3 Работи што треба да се извршат
за штедење ел. енергија
Следниве информации ќе ви помогнат да го
користите производот на еколошки и штедлив
начин.
• Вклучувајте го производот со најголемиот
капацитет што го дозволува избраната
програма, но не преполнувајте го. Видете
„Т абела за програми и потрошувачка" .
• Секогаш следете ги упатствата на пакувањето
на детергентот.
• Перете ги малку извалканите алишта на ниски
температури.
• Користете побрзи програми за мали количини на
малку извалкани алишта.
• Не користете предперење и високи температури
за алишта што не се многу валкани или
исфлекани.
• Ако планирате да ги исушите алиштата во
сушална, изберете ја најголемата брзина за
центрифугата што се препорачува за тој циклус
на перење.
• Не користете повеќе детергент од количината
што се препорачува на пакувањето на
детергентот.
3.4 Прва употреба
Пред да го вклучите производот, проверете дали
сите подготовки се направени во согласност со
упатствата во поглавјата „Важни безбедносни
упатства" и „Инсталација" .
Прво вклучете ја програмата за чистење на
барабанот за да ја подготвите машината за
перење алишта. Ако машианата нема програма
за чистење на барабанот, пуштете ја постапката
при прва употреба во согласност со методите
опишани во поглавјето „5.2 Чистење на вратата и
барабанот" во ова упатсво за корисникот.
Машина за перење алишта / Упатство за употреба