Решавање Проблеми - Beko WMB 71032 PTM Manual Del Usuario

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles

Idiomas disponibles

7 Решавање проблеми
Програмата не може да започне да работи или да се избере.
• Машината се префрлила во режим за самозаштита заради проблем со инфраструктурата (како еднонасочна
струја, притисок на водата, итн.). >>> За откажување на програма, свртете го регулаторот за избор на програмата
за избор на друга програма. Претходната програма ќе се откаже. (Видете „Откажување програма")
Вода во машината
• Останала малку вода во машината заради процесот за контрола на квалитетот во производството. >>> Ова не е
грешка, водата не е штетна за машината.
Машината вибрира или работи бучно.
• Машината не стои стабилно. >>> Прилагодете ги ногарките за да ја израмните машината.
• Тврд предмет навлегол во филтерот на пумпата. >>> Исчистете го филтерот на пумпата.
• Шрафовите за безбеден транспорт не се извадени. >>> Извадете ги безбедносните шрафови за транспорт.
• Количината алишта во машината е мала. >>> Додајте повеќе алишта во машината.
• Машината е преоптоварена со алишта. >>> Извадете дел од алиштата од машината или распределете го
оптоварувањето со рака за да го распоредите еднакво во машината.
• Машината се потпира на тврд предмет. >>> Машината не смее да се потпира на ништо.
Машината престана да работи кратко време по започнување на програмата.
• Машината може привремено да застане заради низок напон. >>> Ќе продолжи да работи кога напонот ќе се
врати на нормално ниво.
Програмата не одбројува. (само кај моделите со екран)
• Т ајмерот може да запре кога машината прима вода. >>> Индикаторот за тајмерот нема да одбројува додека
машината не прими соодветна количина вода. Машината ќе чека сè додека има доволно вода за да се избегнат
незадоволителни резултати од перењето заради недостаток на вода. Потоа, индикаторот на тајмерот ќе продолжи
да одбројува.
• Т ајмерот може да запре при загревање. >>> Индикаторот на тајмерот нема да одбројува додека машината не ја
достигне избраната температура.
• Т ајмерот може да запре при центрифугирање. >>> Системот за автоматско откривање на нерамномерно
распоредени алишта ќе се активира заради нерамномерна распореденост на алиштата во барабанот.
• Машината не префрлува во чекорот за центрифугирање кога алиштата не се правилно распоредени во барабанот
за да се спречи оштетување на машината и на околината околу неа. Алиштата треба да се прераспоредат и одново
да се извртат.
Излегува пена од фиоката за детергент.
• Има ставено премногу детергент. >>> Измешајте 1 голема лажица омекнувач и 1/2 литри вода и истурете го во
одделот за главно перење во фиоката за детергент.
• Ставете детергент во машината што е соодветен за програмите и за максималното полнење што е посочено во
„Т абелата за програми и потрошувачка" . Намалете ја количината на детергент кога користите дополнителни хемиски
средства (отстранувач за дамки, избелувач и сл.)
Алиштата се мокри на крајот на програмата
• Се појавила прекумерна пена и системот за апсорпција на пената се активирал заради премногу детергент. >>>
Ставајте ја препорачаната количина на детергент.
• Машината не префрлува во чекорот за центрифугирање кога алиштата не се правилно распоредени во барабанот
за да се спречи оштетување на машината и на околината околу неа. Алиштата треба да се прераспоредат и одново
да се извртат.
предупредување
A
во ова поглавје, консултирајте се со застапникот или со овластениот сервис. Никогаш не обидувајте се
сами да го поправате расипаниот производ.
55 / 56 MK
:
Ако не може да го елиминирате проблемот и покрај тоа што сте ги следеле упатствата
Машина за перење алишта / Упатство за употреба

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido