A
предупредување
Прилагодување на количината детергент
Количината на детергентот за перење што треба
да се употреби зависи од количината на алиштата
за перење, степенот на извалканост и тврдоста на
водата.
• Не користете количини коишто ги надминуваат
количините за дозирање што се препорачани
на пакувањето за да избегнете проблеми на
прекумерна пена, лоша исплакнатост, штедење
и конечно, заштита на животната средина.
• Користете помалку детергент за мали количини
или малку извалкани алишта.
Употреба на омекнувачи
Истурете омекнувач во одделот за омекнувач во
фиоката за детергент.
• Не надминувајте во нивото (>max<) што е
означено во одделот за омекнувачот.
• Ако омекнувачот ја загубил течната состојба,
растворете го со вода пред да го ставите во
фиоката за детергент.
Употреба на течни детергенти
Ако производот содржи капаче за течен
детергент:
• Проверете дали сте го ставиле капачето со
течен детергент во одделот бр. "2".
• Ако течниот детергент ја загубил течната
состојба, растворете го со вода пред да го
ставите во фиоката за детергент.
Ако производот содржи капаче за течен
детергент:
• Не користете течен детергент за предперење
во програма со предперење.
• Течниот детергент ги флека алиштата кога се
користи со функцијата за одложено вклучување.
Ако ја користите функцијата за одложено
вклучување, не користете течен детергент.
Употреба на детергент во гел и таблети
Следете ги следните совети кога користите
детергенти во таблети, гел и слично.
• Ако густината на детергентот во гел е течна,
а машината не содржи специјално капаче за
течни детергенти, ставете го детергентот во гел
во одделот за главно перење кога машината ќе
зема вода за првпат. Ако машината има капаче
за течен детергент, наполнете го капачето со
детергент пред да ја вклучите програмата.
• Ако густината на детергентот во гел не е течна
или има форма на таблета со течен детергент,
ставете го директно во барабанот пред перење.
• Ставете го детергентот во таблети во одделот
за главно перење (оддел бр. „2") или директно
во барабанот пред перење.
43 / 56 MK
:
Не користете сапун во прав.
Детергентите во таблети може да остават
C
траги во одделот за детергент. Ако се случи
тоа, ставајте ја таблетата со детергент меѓу
алиштата, близу до долниот дел на барабанот
во идните перења.
C
Користете детергент во гел или таблети без да
ја изберете функцијата за предперење.
Употреба на штирак
• Додајте течен штирак, штирак во прав или
фабричка боја во одделот за омекнувачот.
• Не користете омекнувач и штирак заедно при
перењето.
• Избришете ја внатрешноста на машината со
влажна и чиста крпа по употреба на штирак.
Употреба на избелувачи
• Изберете програма со предперење и
додајте агенс за избелување на почетокот
на предперењето. Не ставајте детергент во
одделот за предперење. Како алтернатива,
изберете програма со дополнително плакнење и
додајте агенс за избелување додека машината
зема вода во одделот за детергент за време на
првиот чекот на плакнење.
• Не користете агенси за избелување и детергент
заедно.
• Употребете само мала количина (околу 50 мл.)
на избелувач и исплакнете ги алиштата многу
добро бидејќи може да се предизвика иритација
на кожата. Не ставајте избелувач на алиштата и
користете го за обоени алишта.
• Кога користите оксигенски избелувачи,
изберете програма што пере на пониска
температура.
• Оксигенските избелувачи може да се користат
заедно со детергент. Сепак, ако густината не
е иста со онаа на детергентот, ставете прво
детергент во одделот за детергент бр. "2"
во фиоката за детергент и почекајте додека
детергентот не истече кога машината зема
вода. Додајте го избелувачот во истиот оддел
додека машината уште зема вода.
Употреба на отстранувач за бигор
• Ако е потребно, користете отстранувачи за
бигор што се специјално произведени само за
машини за перење.
Машина за перење алишта / Упатство за употреба