Beko WMB 71032 PTM Manual Del Usuario página 49

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles

Idiomas disponibles

4.10
Избор на дополнителна функција
Изберете ги саканите дополнителни функции
пред да вклучите програма. Понатаму, може и да
избирате и да откажувате дополнителни функции
што се соодветни за вклучената програма без да
го притиснете копчето за вклучување / паузирање
кога работи машината. За ова, машината мора да
биде во процес пред дополнителната функција
што сакате да ја изберете или откажете.
Ако дополнителната функција не може да се
избере или откаже, светилката за соодветната
дополнителна функција ќе трепне 3 пати за да го
предупреди корисникот.
Некои функции не може да се изберат
C
заедно. Ако втората дополнителна
функција не одговара со првоизбраната
пред вклучување на машината,
првоизбраната функција ќе се откаже, а ќе
остане активна второизбраната функција.
На пример, ако сакате да изберете брзо
перење откако сте избрале предперење,
предперењето ќе се откаже, а ќе остане
активно брзото перење.
C
Не може да се избере дополнителна
функција што не е компатибилна со
програмата. (Видете „Т абела за програми и
потрошувачка")
Копчињата за дополнителните функции
C
може да се разликуваат во зависност од
моделот на машината.
• Предперење
Предперењето е корисно само за многу извалкани
алишта. Кога не користите предперење, штедите
ел. енергија, вода, детергент и време.
C
Се препорачува предперење без
детергент за тантела и завеси.
• Брзо перење
Оваа функција се користи со програмите за памук
и синтетика. Т ака се намалува времето за перење
за малку извалкани алишта, како и бројот на
плакнења.
Кога и да ја изберете оваа функција,
C
полнете ја машината со половина од
максималниот капацитет што е посочен во
табелата за програми.
• Дополнително плакнење
Оваа функција овозможува машината да изврши
уште едно плакнење како дополнување на веќе
извршеното по главното перење. Т ака, ризикот за
осетлива кожа (бебиња, кожни алергии, итн.), што
се должи на минималните остатоци од детергент
на алиштата ќе се намали.
• Без гужвање
Оваа функција помалку ги гужва алиштата кога
се перат. Движењето на барабанот е намалено и
брзината на вртењата е ограничена за да спречи
гужвање. Понатаму, перењето се одвива на
повисоко ниво на водата.
49 / 56 MK
• Одложено плакнење
Ако нема да ги вадите алиштата веднаш откако
ќе заврши програмата, може да ја употребите
функцијата за плакнење за да ги чувате алиштата
во последната вода за плакнење за да се спречи
гужвање кога нема вода во машината. Притиснете
го копчето за вклучување / паузирање по овој
процес ако сакате да ја испуштите водата без
да ги центрифугирате алиштата. Програмата ќе
продолжи и ќе се комплетира по испуштањето на
водата.
Ако сакате да ги центрифугирате алиштата во
водата, прилагодете ја брзината на вртежите и
притиснете го копчето за вклучување / паузирање.
Програмата ќе продолжи. Водата ќе се испушти,
алиштата ќе се центрифугираат и програмата ќе се
комплетира.
• Киснење
Дополнителната функција за натопување
овозможува подобро отстранување на флеки од
алиштата со тоа што ги држи во вода со детергент
пред да започне програмата.
• Отстранување влакна од галеничиња
Оваа функција помага поефективно да се
отстранат влакната на миленичињата што
останале на алиштата.
Кога ќе ја изберете оваа функција, чекорите
за предперење и дополнително плакнење се
додаваат на нормалната програма. Т ака, перењето
се извршува со повеќе вода (30%) и влакната од
миленичињата се вадат поефикасно.
Никогаш не перете ги своите миленичиња во
A
машината за перење алишта.
Одложено вклучување
Со функцијата за одложено вклучување,
почетокот на програмата може да се одложи до 19
часа. Времето за одложено вклучување може да
се зголемува со стапки од 1 час.
Не користете течни детергенти кога ја
C
користите функцијата за одложен почеток!
Постои ризик од обојување на алиштата.
Отворете ја вратата за полнење, ставете ги
алиштата и ставете детергент, итн. Изберете
ги програмата за перење, температурата,
брзината на вртењето и, ако е потребно
дополнителните функции. Поставете го
саканото време со притиснување на копчето за
одложено вклучување. Притиснете го копчето за
вклучување / паузирање. Се прикажува времето
за одложено вклучување што го поставивте.
Започнува одбројувањето за одложеното
вклучување. Симболот "_" веднаш до времето
за одложено вклучување се поместува напред и
назад на екранот.
C
Може да се додаваат алишта за перење за
време на периодот на одложување.
На крајот на одбројувањето, ќе се прикаже
времетраењето на избраната програма. Симболот
"_" ќе исчезне и избраната програма ќе започне со
работа.
Машина за перење алишта / Упатство за употреба

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido